Иднината е гола (NAKED) – без амбалажа

Зошто да не ја одземеме целата амбалажа од производите? И така е непотребна и брутално штетна! Цели колекции на путери за масажа, лосиони за тело, гелови за туширање, чистачи за лице, шумливи и пенливи купки, шампони.... и уште многу други производи се достапни целосно голи! Тие се добри за животната средина и исто толку добри и за вас.


Земја, вода, воздух


Нас ни е особено драго дека се повеќе луѓе се освтнуваат кон голите производи и учествуваат во нашата револуција. За време на празничниот Божиќен период во 2017 година се продадени 780.959 илјади гелови за туширање, регенератори за тело, пилинзи за тело, лосиони, сите без амбалажа “naked”, а тоа значи дека 800.000 илјади пластични шишиња воопшто не биле направени!


Во истиот период 836.288 илјади на подароци беа завиткани во рачно изработени памучни марами, со што е заштедено на исто толку исфрлено ѓубре кое би било за една употреба. Ете тоа е одличен Божиќен дух!


Дали се запрашувате некогаш, колку пластика заштедувата кога ги купувате нашите пенливи купки, одколку течни купки во пластика? За среќа Шарлот Низбет кординатор и аналитичар на проектот, ја направи таа математика. Таа објаснува: “Ако користите приближно 75 милилитри пенлива купка со пластично пакување за само едно бањање, а просечното шише е 500 милилитри, тогаш со едно шише добивате седум бањи. Тоа значи дека за Божиќ корисниците на Lush пенливите купки заштедиле 1.248.503 пластични шишиња.”


Кога нарачувате преку интернет, вашите производи се доставуваат во рециклирана амбалажа или во картонска кутија, направена од скроб од компир, материјал наречен Еко Фло – кои е биоразградлив во вода и почва. Исто така испитувањата на универзитетите Брунел и Хармсајт во Велика Британија, заклучиле дека Еко Фло амбалажата ги чува производите позаштитени за време на транспорт одколку друга амбалажа.


Убавината на природата


Да се биде “гол” всушност значи и дека нема вода во производот а со тоа производите не се полни со конзерванси и се самоодржливи. Самоодржливи значи дека не им се потребни конзерванси за да не се расипат. Бактериите опсојуваат во вода, така што овие производи кои не содржат вода, не се подложни на бактерии. Цврстите голи путери и лосиони за тело, најчесто се со малку вода иливоопшто не содржат вода, се полни со фер тргувани путери и остануваат црсти на собна температура, а со тоа и не се подложни на бактерии. Можат да се додадат и фантастични состојки , како глина, каламин, каоли, мед и глицерин, кои дополнително ги одржуваат производите цврсти, трајни и свежи.


Исто така со користење на нашите шампони во цврста форма, вие не користите пластика. Нашите шампони се самоодржливи, без вода, направени од природни продукти, есенциални масла, наменети за вашиот тип на коса. Поради тоа што не содржат вода се погодни за патување а истите траат од 60-90 миења на коса (зависно од должината). Може сами да си пресметате колку пластичнаи шишиња шампон би заштедиле со овие наши цврсти шампони.
Исти така еден камион полн со цврсти шампони има приближно толку миења колку петнаесет камиони полни со шампони во пластична амбалажа. Тоа значи и помалку собраќај и загаденост.
Цврстите производи ги имаме во сите варианти – како таблетки за миење на заби, чистачи за лице и масла за луце без амбалажа, регенератори за тело и коса, парфеми.... списокот е навистина долг.


Ко – основачот на Lush, Марк Константин, рече: “Пакувањето е ѓубре, а ние веќе предолго време сме жртви на прекумерно количество на ѓубре. Сега кога еколошките и финансиските загуби стануваат очигледни, редно време е да ја намалиме амбалажата! Сите компании треба да размислуваат надвор од кутијата, да понудат иновации и конечни да почнат да произведуваат голи производи, без амбалажа.”


Тоа е еден чекор поблиску до иднината без пластија, задоволни клиенти и зачувување на Планетата Земја!


Заклучно со 2018 година, во моментов 65% од производите на Lush се тотално непакувани и голи...


Остатокот е на пат!