Информации за

испорака на нарачки



____________ Испорака во Македонија ____________

Сакате да направите нарачка?! Супер, со нетрпение чекаме да ги спакуваме сите ваши омилени производи.

Нарачките се спремаат секој работен ден од понеделник до петок од 10:00 - 13:00 и сабота од 10:00 - 12:00 се доставуваат наредниот работен ден.

Доколку вашата нарачка не пристигне наредниот ден не се разоочарувајте времето на патување на вашите производи од нашата продавница до вашиот дом е најмногу три работни дена по денот на испраќање.

Ако нарачката ја направите по работното време на нашата интернет продавница, односно по 13:00 часот, вашите производи ќе бидат испратени следниот работен ден. За време на празници и во недела не се спремаат, испраќаат или доставуваат нарачките.

Ценате за достава на нарачка на територијата на Македонија е 100 денари, нарачките поголеми од 1000 ден бесплатно се доставуват.

Ако имате дополнителни прашања може да нè побарате на 02/3082400 или да нè контактирате на info@lush.com.mk


____________ Испорака во Косово ____________

Пратките за Косово се спремаат само во понеделнк до 12:00 (ако понеделник е неработен ден се спремаат првиот следен работен ден) и се доставуваат во рок од 1 - 5 работни дена.

Цените за испорака на пратките се:

до 2 кг - 300 ден

до 3 кг - 350 ден

до 4 кг - 400 ден

до 5 кг - 450 ден

5 кг е максималната тежина која што можеме да ја испорачаме.



____________ Испорака во Албанија ____________

Пратките за Албанија се спремаат само во понеделнк до 12:00 (ако понеделник е неработен ден се спремаат првиот следен работен ден) и се доставуваат во рок од 1 - 5 работни дена.

Цените за испорака на пратките се:

до 2 кг - 500 ден

до 3 кг - 550 ден

до 4 кг - 600 ден

до 5 кг - 450 ден

5 кг е максималната тежина која што можеме да ја испорачаме.


____________ Информации за плаќањето ____________

Сите информации за плаќањето може да ги прочитате тука.


____________ Пакување ____________

Не користиме пластика при пакувањето на вашите производи! Вашите производи внимателно се пакуваат во eco-flo чипс кој што е направен од скроб од компир и е биоразградлив, за само неколку минути во вода или пак во земја. Цврстите производи ги испраќаме Naked (без пакување) а течностите и кремите во нашите добро познати кутивчиња кои што се направени од 100% рециклирана пластика со можност пак да се рециклира. Поради тоа и ги собираме вашите празни кутивчиња од Lush производите и ве наградуваме со "naked" чистач за лице и повторно ги ставаме кутивчињата во кругот на рециклирање. Производите ги пакуваме во картонски кутии или ќеси од рециклирана хартија во зависност од бројот на нарачаните производи.


____________ Нарачка ____________

Производите се нарачуваат исклучиво по електронски пат на нашата интернет продавница www.lush.com.mk

Пред да ја направите нарачката потребно е да се регистрирате и да се логирате на страната (тука може да се регистрирате/логирате)

Откако ќе се логирате и ќе ја направите вашата нарачка потребно е да одберете начин на кој што ќе ја платите вашата нарачка, односно да одберете една од понудените можности. По комплетирањето на сите информации и извршената наплата вашата нарачка ќе биде спакувана и испратена.

Доколку некој од нарачаните производи не сме во можност да го доставиме телефонски ќе ве контактираме.