Овој балзам за чистење на лице без пакување ќе ти ја заврши цела работа. Чисти, тонира и дава масажа. На едната страна ставивме мунго гравчиња за масажа која поттикнува циркулација како дел од секојдневната рутина за нега на лице. Основата ја направивме од масло од марула, традиционален чистач познат во Јужна Африка по своето еластифицирање на кожа, а го искомбиниравме со масло од див лешник кое ќе ги затегне порите и стимулирачки пеперминт за максимално освежување. Едноставно нанеси го на кожата или протриј го помеѓу прсти, направи си добра масажа и отстрани го со влажна крпа за лице. Како што бришеш, водата го активира оцетот од камилица и ружината вода кои тонираат и ги затегнуваат порите, оставајќи го твојот тен изедначен и избалансиран.
Овој производ е направен со состојки кои овозможуваат да омекне на телесна температура. Чувај го подалеку од извор на топлина.
695ден / 100г |
|
595ден / 35г |
|