Многу одамна во земјата на троловите, на денот на вљубените се појавил сапунест спасител кој што сакал туширањето да го направи магично. Овој мазен а сепак силен принц успеал да ги шармира сите со мекоста од бел слез и насмевката од ванила .
Вие немора да бидете овој шармантен принц, но мора да го споделите туширањетно со некоја вам драга личност.
Ќе ви се допадне овој производ доколку сакте:
- Свежи сочни калинки.
- Scrub Scrub Scrub пилингот за туширање или сапунот Respect Your Elders.
- Возење по залезот на сонцето и живеење среќно до крајот на животот.
Ефекти:
- Свежиот сок од калинки ги стимулира регенерирањето на кожата и има богат мирис.
- Белиот слез и ванилата ќе ве смират и ќе ви ја омекнат кожата и слатко ќе ја намирисаат.
- Киселкастото масло од цитрон го надополнува длабокиот мирис на маслото од сандалово дрво и му дава светлина и топлина на ова кралско височество.
Како се користи: Размачкајте го низ целото тело додека сте под туш, за бајковито мека и свежа коажа.