Почувтвувај се како самовила

Snow Fairy

Гел за туширање

Snow Fairy

495ден

Ова е нашиот заводлив зимски гел за туширање кој е преполн со овошен мирис и ледена бистрина.

Мора да признаеме дека за нас е мистерија зошто овој гел за туширање е секогаш најпродаван божиќен (limited edition) производ. Тој воопшто не е класичен билков, длабок Lush  мирис, баш напротив, тој е интензивно сладок, розов гел за туширање обожаван од луѓето насекаде.

Сите типови на луѓе паѓаат на шармот на Snow Fairy. Ние никогаш не престануваме да се изненадуваме од широкиот спектар на луѓе кои го обожаваат ова розово задоволство. Ние имаме многу ваши писма и фотографии во кои ни кажувате дека вашето мало девојче го обожава, дека е омилениот гел на вашите баба и дедо, дури дека и вашиот брат го користи...

Немојте ни случајно да помислите дека Snow Fairy е само розов и женски. Тој мириса на бонбона и капки од медена круша  кои заедно ќе ве транспортираат назад во деновите кога сите ние стоевме  во слаткарницата со стутканите пари во нашите џебови, размислувајќи кое слатко задоволство да го вкусиме овој пат.

Грабнете едно шишенце Snow Fairy и истрчајте до најблискиот туш - никогаш не се знае можеби ќе најдете пријател за цел живот.


Состојки :


Water (Aqua), Sodium Laureth Sulfate, Glycerine, Sodium Cocoamphoacetate, Lauryl Betaine, Perfume, Persian Lime Oil, Titanium Dioxide, Synthetic Musk, Calcium Sodium Borosilicate, Tin Oxide, Alpha-Isomethyl ionone, *Limonene, Colour 17200, Colour 45410, Colour 45380:3

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Honey I washed the kids
Гел за туширање
Дојди ваму, мед мој!

450ден / 100г
Plum Rain
Гел за туширање
Освежи се на дожд од сливи!

495ден / 100г
Ново
Twilight
Желе за туширање
Слатките соништа доаѓаат!

350ден / 100г
Rose Jam
Гел за туширање
Подаобар и од постела од рози

495ден / 100г
Limited Edition
Silver Bells
Желе за туширање
Слушни ги како ѕвонат!

195ден 350ден

Deep Sleep
Желе за туширање
Добра ноќ!

350ден / 100г
Dirty Springwash
Гел за туширање
Ледена свежина

450ден / 100г
Ново
Sleepy
Гел за туширање
Не стравувајте од несоници

495ден / 110г