Купка во форма на рог од Еднорог, направена со користење на старата магија на самовилите кои ќе ви приредат патување во нови розови светови.
Ќе почнете и вие да верувате во моќта на розевата купка која што ќе ја обои целата вода во кадата, во која ќе има полно релаксирачка лаванда и светкав сјај - исто како да се бањате во волшебните езера на “Lushland“ .
* Ниту еден Еднорог не е повреден за време на креирањето на оваа пенлива купка.
Ќе ви се допадне овој производ доколку сакате:
- Релаксирачка лаванда и голема количина на пена.
- Верувате дека маѓијата навистина може да се случи.
Ефекти:
- Маслото од лаванда делува смирувачки и ќе ве испрати во волшебното царство на мирните сништа.
- Маслото од нероли го подобрува вашето расположение и го носи на едно бајковито ниво на среќа и истовремено ја тонизира кожата.
- Гуар гумата помага да се направат огромни меурчиња и пена која што долго трае.
- Оваа купка е целосно гола (Naked - без пакување). Кој рече дека е мит животот без пластика?!
Начин на користење: Искршете ја оваа реплика на рог од Еднорог во вашата када под силен млаз вода. Колку посилен млаз вода толку повеќе пена. Да напоменеме дека ние не користиме рогови од вистински Еднорози и никогаш не ги тестираме нашите производи на нив. На крај не заборавајте додека се прават облаците од пена три пати по ред да изговорите “ Јас верувам во Еднорози“, самовилите ќе почувствуваат доколку не верувате. Најдобро е да се користи купката додека е свежа за магијата подобро да фати.
Начин на чување: Се чува на суво место на собна температура се додека не решите дека сте спремни за бања полна магија.