СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

На 25 Јуни 2015, 825 Lush продавници насекаде низ светот ќе започнат кампања која што ќе трае 2 недели за општо прифаќање и еднаквост на ЛГБТ правата како основни човекови права. Во продавниците потрошувачите ќе ги прашуваме Што ако вашата љубов е илегална?”- и ќе ги охрабруваме да објавуваат “selfie” фотографии со производот наменет за собирање на средства за целите на оваа кампања златен сапун намирисан со добро познатиот Lush мирис  Loveкажувајќи му на светот зошто тие мислат дека  #GayIsOK.

Со купување на производот кој што за оваа пригода е наречен Love soap (350 ден за парче од 120гр), вие ќе ги подржите ЛГБТ групите кои се борат за рамноправност ширум светот.

 #GayIsOK кампањата има за цел да собере  250,000£ со продажба на Love soap. 50,000£ ќе бидат донирани на All Out за нивните кампањи насекаде низ светот. За остатокот ќе ги повикаме сите ЛГБТ групи да се пријават за грантови до 10,000£ преку интернет страната на All Out.

 

Alessandro Commisso од Lush коментира,

Нашите вработени и нашите клиенти се многу страстни кога станува збор за ЛГБТ темите – дојде време да направиме една глобална изјава. Правата на хомосексуалците не се опција тие се основно човеково право.

Извршниот директор на All Out, Andre Banks, додава,

“All Out има 2.2 милиони членови кои секојдневно градат свет во кој никој не треба да ја жртвува својата слобода и достоинство само поради тоа кој е или кого сака. Благодарејќи на Lush, ние сме сигурни дека милиони веќе знаат за оваа криза на човековите права и потребата за обезбедување на средства за овие групи кои се борат за љубов и еднаквост шуирум светот.

Кампањата  #GayIsOK ќе се одвиваво 825 Lush продавници и на Lush Online од 25 Јуни – 5 Јули2015, започнувајќи со 24 часовни маратонски активности насекаде низ светот.

Оваа кампањата има за цел од 5 Јули да ја пренесе пораката #GayIsOk до 10,000,000 луѓе преку социјалните мрежи.


www.lush.com / www.allout.org