СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Што е self – preserving?

Повеќе од 70% од нашите производи се self – preserving”,  што значи дека воопшто нема додадено синтетички конзерванси за да ги одржат свежи. Работата зад создавање на овие производи е прецизна:  потребни беа часови експериментирање и многу тестови за да се создаде комбинација на состојки кои ќе создадат атмосвера која ќе го спречи растот на бактериите без употреба на синтетички конзерванси. Еве некои од принципите кои стојат позади нашата self – preserving формула:

Прво, бидејќи на бактериите им е потребна вода за да преживеат и растат, ние направивме иновативни цврсти производи, пенливи купки, масажери кои содржат малку или воопшто не содржат  вода. Овие цврсти производи се self – preserving.

Второ, ние користиме прекрасни природни состојки за да се држат  бактерии во контрола во нашите течни производи. Ние додаваме сол, која е алкална (има pH поголема од 7) и погодна за некои производи, бидејќи бактериите можат само да преживеат во кисели услови (pH вредност помала од 7). Ние ги користиме состојки како глина, каламин и пудра за да го апсорбираат вишокот на вода. Користиме и глицерин и мед, кои имаат многу ниска содржина на вода за  да се создаде непријателска средина за бактериите. Сите овие состојки ни овозможуваат да се користи помалку вода во нашите формули. Хидратантните путери како какао, шеа и мурумуру даваат исто така self – preserving” ефект затоа што тие се цврсти на собна температура и создаваат амбиент во кои е премногу тешко да се развиваат бактериите.

Зошто “Self-preserving”?

Овие производи се нарекуваат self – preserving бидејќи нивните формули се стручно избалансирани во начинот на кој самите состојки го штитат производот од развивање на бактерии.  Да се нарекуваат производи без конзерванси ќе биде погрешно, бидејќи многу од овие производи содржат состојки како мед и сол, кои се користат како природни конзерванси со векови!

Производи со природни конзерванси или self – preserving?

Некои од нашите производи сега постојат во две верзии.   На пример Ocean salt пилингот за лице и тело, Dream cream лосионот за раце и тело и Magnaminty маската за лице и тело. Што е разликата помеѓу нив?

Ако го тргнеме на страна фактот дека тие не содржат синтетички конзерванси, што ги одржува?

Нивниот рок на траење и ефектот што го имаат врз кожата е ист - главната разлика е во начинот на кој ги чувствуваме откако ќе се нанесат на кожата.

Благодарение на недостатокот на вода, нашите self – preserving” производи имаат побогата текстура и се  погусти, па ќе ви се допаднат повеќе ако сакате поголема хидратација. Во друг поглед, се сосема исти. И двете верзии на Dream Cream и Мask of Magnaminty се исти - но не и  Оcean salt пилингот за лице и тело!                                                                                                                

Како дополнителен бонус, Ocean salt кој е self – preserving” е  исто така и вегански, бидејќи од него се отстранети ланолинот и синтетичките емулгатори и се заменети со тофу и jапонски восок.

На крај,  дали ќе одберете да користите производи со природни конзерванси  или self – preserving во крајна линија е прашање на личен избор.