СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Сé што треба да знаете за шумливи Jelly купки.

 

 

Дали некогаш сте виделе натприродна појава? А, дали сте виделе шумлива купка што испушта желе содржина? Нашите луди научници се криеја долго време во нивните лаборатории, мешајќи желе за сензационално мека кожа. 

Шумливите Jelly купки се следниот чекор во светот на шумливите купки, потрага по необични бои, текстури и форми за да Ве изненадат и израдуваат во бањата. Своја уникатна категорија, со нивното шумење испуштаат спектакуларно желе направено од Sodium Alginate кој е екстракт од морска трева богата со минерали. Покрај тоа што е многу забавно, ова желе делува омекнувачки и смирувачки на кожата.

Пронаоѓачот на производи и дигитален директор – Џек Константин објаснува:

,,Секогаш сум заинтересиран во тоа што може да го создадеме, кога се зборува за текстури и бои во водата. Сé се сведува на создавање нешто кое е спектакуларно и уникатно, а притоа е од корист за кожата.“

Четири неверојатни шумливи Jelly купки се подготвени да бидат употребени.

Најпрво, без срам фрлете ја Green Coconut – Jelly купка со тропски мирис. Како што кремот од кокос тече во водата, ослободува богато желе кое го освежува умот и ја остава кожата свиленкасто мека, додека маслото од лист од цимет поттикнува циркулација и дава сјај.

Зошто да не станете професор на Secret Arts? Потонете во длабоки, мастило црни води и вдишете масло од бразилски портокал и прашина од масло од лист од цимет. Како што оваа мистична купка се топи, испушта црно желе кое се обвиткува околу кожата, регенерирајќи ја и хранејќи ја со морски алги полни минерали и есенцијално масло од бадем. Повикајте ја оваа маѓепсувачка купка и импресионирајте ги сите волшебници со Вашите магии во кадата.

Ако имате потешкотии со броење стада овци пред спиење, тогаш време е да се подружите со The Big Sleep. Полна со камилица и лаванда, создава желе кое ќе ја хидрира кожата и ќе Ве подготви за длабок сон. Маслото од нероли Ве внесува во цветен мир, додека апсолутот од слатка тонка Ви буди мириси на продавници за слатки. Оваа желе купка Ве смирува и е тука за утеха, за да може да се ослободите од стресот.

Конечно, Marmalade е сон на љубителите на портокал, полна цитруси за освежување на кожата. Оваа цитрусна желе купка содржи желе со арома на портокал и парчиња сув портокал – исто како купка во огромна тегла на освежителен мармалад! Масло од сочен грејпфрут, масло од бразилски портокал и абсолут од цвет од портокал експлодираат од оваа Jelly купка, создавајќи освежувачки цитрусни води. Легнете и уживајте во оваа сончева бања.

 

Работите напорно? Тогаш, дозволете си да си поиграте уште повеќе. Изберете една од овие купки и откријте нови светови.