СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Откријте ги новите парфеми од Gorilla volume IV

 

Што претставува за тебе поимот дом? Дали е миризбата на свежо печени пецива во недела наутро? Смирувачкиот, а неопислив мирис на личноста која ја љубиш? Топло добредојде во непознато место? Или можеби отсуство подолго време и враќање назад..?

 

Без разлика дали си авантурист или пак птица која си го гради гнездото... Зборот „дома“ има различно значење за различни луѓе и овој сентимент е инспирацијата за Volume IV парфеми. Од неорганизирани, грубо напишани и веќе подготвени белешки кои носат спомени од животот на еден патник – без кирија и слобода, до шарени, флорални и овошни ноти кои експлодираат со детска енергија – светлосна и разведрувачка. Оваа линија е мешавина на носталгични познати  нешта и успокојување. Само едно прскање од овие парфеми и мешавината на фини есенцијални масла ќе те однесе „дома“.

 

 

 

 

Cardamom Coffee 

 

Кардамом, зачини и сите убави нешта. Овој егзотичен парфем ги комбинира биберестиот кардамом со богат абсолут од колумбиско какао за топла мешавина која потсеќа на дома. Во срцето на овој парфем лежи мрачно и бурно масло од орлово дрво. Ретко масло со дрвенеста арома, оваа состојка се добива од агар дрво и дава комплексна основа. Маглата од Cardamom Coffee ќе открие нежна трага на рози, симфонија на истражување.

 

Amelie Mae


Експлозија од слатка и флорална невиност која се прелева во игриво светла, овошна арома. Овој радосен тоник е полн со сериозно луксузни состојки. Спуштете се по лизгалницата од есенцијални маска и откријте ја смирувачката лаванда, разбиструвачкиот иланг иланг и ароматичната роза. Овој елегантен парфем има весела и игрива позадина.

 

I’m Home


Богато колумбиско какао формира длабока и темна чоколадна основа на овој парфем, додека ванилата носи деликатна слаткост. Есенцијалното  масло од бензоин ресиноид додава приземјувачки и свежи ноти. Покрај постојано променливиот мирис на кожата, овој парфем е познат по својот спокој и секогаш ќе те носи дома кон твоите љубени.

 

Rentless


Под земјестото масло од пачули, се слуша рефрен од успокојувачки абсолут од тонка, сеќавања од слатки игри со ванила... Придружени од освежувачкото масло од грејпфрут се разведрува парфемот, додека мошусниот лабданум приземјува. Добиен од еден вид на камена роза, смолата лабданум му дава на овој парфем дистинктивен земјен мирис во позадината. Овој чадест, но и сладок парфем ги охрабрува сите да седнат, уживаат во моментот и да ги прифатат неочекуваните случки.

 

What would love do?


Разведрувачки и сончев цитрус е проследен од потешки флорални ноти при првата средба во овој несекојдневен парфем. Под првиот цитрусен слој тече флертувачка струја. Инспиративната мешавина од класична цветна лаванда, весело масло од тангерина и сирупестиот бензоин ресиноид дава романтичен сјај и спокојство, будејќи ги безбедните прегратки на љубената личност.

 

Автори: Amy Shepherd и Vanja Stojanovic