СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Кога станува збор за маски за лице, Jelly веројатно не е првото нешто што ти паѓа на ум...

 

 

 

Морските алги се познати по своите смирувачки и хидрирачки својства, а може да ги пронајдете во шумливите купки, желеата за туширање и во нега на коса. Но, дојде време за морските алги да заземат централна позиција во облик на маски за лице кои се полни со богат микс на хидрирачки екстрат од карагенен, свежи овошја и прочистувачки глини.

Полни се со висока концентрација на природни состојки, а тоа значи многу овошје плива во хидрирачка основа од карагенен... Па, така, маските имаат совршена мазна текстура. Нивната иновативна self-preserving формула подразбира дека секоја маска е полна со свежи состојки, но нема никакви синтетички конзерванси.

Секоја од нив е многу лесна за употреба, едноставно грабнете парче во суви дланки и размачкајте додека желето не се претвори во крем. Нанесете на цело лице и оставете ги состојките да упијат – отприлика 10 минути. Исплакнете со топла вода или избришете со мека крпа за да конечно во неверување забележите како блескате.

Па... ајде да избереме една!

 

Are you ready for this jelly?

Насочи го своето скриено дете на месечината кон богата и смирувачка мешавина на сува камилица и инфузија од невен. Bunny Moon  е воодушевувачки мека и хидратантна бидејќи содржи 12% мед заедно со основата од карагенен. Те чека златно изненадување веднаш чим го подигнеш капакот.

 

Маска за лице која те подготвува да лансираш илјада бродови – 1000 Millihelens е привлечна мешавина со антиоксидантен зелен чај во прав и инфузија од зелен чај во комбинација со див лешник кои се од голема помош да ја смират и истонираат кожата. Покрај слаткиот мирис, свежиот сок од јаболко ја регенерира кожата со помош на своите alpha hydroxyl киселинии и ја остава сјајна и затегната. Можеби ќе сакаш да си направиш и огромна чаша зелен чај како додаток на вечерната детоксификација.

 

Овошно желе со нежна ексфолијација за тие кои сакаат малце преку работ... Just to Clarify e полна со егзотична инфузија на свежи сокови од папаја, портокал и грејпфрут за да се освежи кожата и се светне тенот. Кога ги користиш рацете за нежно да се измие маската, ќе го почувствуваш стеблото од бамбус во прав како ја полира површинта на кожата оставајќи ја освежена и чиста.

 

Завладеј со планетите и твојата кожа со помош на Birth of Venus. Свиленкаста маска полна морски алги која ќе помогне да се смири лицето и нежно да се тонира со инфузија од ливчиња од рози. Нурни се во ова желе и ќе откриеш дека морската вода делува антисептички во комбинација со олибанум, а ќе те маѓепса мирисот кој го оставаат лавандата и сината камилица.

 

Последна, но и не најмалку важна е FOMO. Не ја пропуштај оваа розова цветна Jelly маска за лице која е полна со смирувачка каламин глина и регенерирачки карагенен. Вистинско смирување кое во себе го крие луксузниот мирис на рози и нероли кој е заеднички со кремата за лице Skin Drink.

 

Ако тргнуваш на авантура, без разлика дали е бизнис или задоволство, овие Jelly маски се идеални за да ја исчистат и исхидрираат кожата. Нема потреба да ги чуваш во фрижидер, па така едноставно спакувај ги како друштво за патување кое секогаш ќе ти го чува грбот... А, притоа има рок на траење од четири месеци!

Исто така овие Jelly овошки за лице може да ти го разведрат расположението, а и тенот додека ја гледате омилената серија.

 

 

Автор: Vanja Stojanovic