СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Есенцијалните масла се буквално есенција-суштина од билки. Тие се концентрирани течности кои во себе содржат делови од билката кои привлекуваат опрашувачи, одбиваат штетници и во својата срж фино мирисаат.

Есенцијалните масла се добиваат од цветот, стеблото, јадливите билки, зачините, грмушки, кора од дрвја и слично. Но, нивниот мирис не е единствената добра работа. Полни се со состојки кои делуваат благотворно на умот, телото и душата, па така со векови се користат за разни намени - од верски ритуали до лечење и збогатување на вкусот на храната. 

Се користат во стотици состојки кои ги користиме секојдневно. Често се опишуваат како миризливи течности што ги чуваме во плакарот, но тие се многу повеќе. Ќе ги пронајдете во детергентите за перење облека, луксузните миризливи свеќи, парфемите и лековите. Се’ на се’, прилично се фантастични. Една од најчестите употреби на есенцијалните масла е во парфемите. Мирисните ноти кои го исполнуваат животот најчесто се фантастични комбинации на есенцијални масла, поврзани како комбинација бои на платното на еден сликар. Зборот парфем потекнува од латинскиот израз per fumum што буквално значи „за дим“ и е најстар начин за изолирање на парфем од билки. 

Може да се добијат од стотина билки што значи често се менуваат во изгледот, текстурата, бојата и мирисот... Исто така од различните начини на екстракција со кои се добиваат маслата. Методот кој се користи за добивање масло зависи од цветот или билката која се користи. Секој метод произведува малку поинаков производ, па така може да добиеме абсолут, концентрат, масло или есенцијално масло. Без разлика на текстурата, сите имаат прекрасно дејство на телото и умот.