СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Направени за кралски семејства: ритуали, богослужба и романтика во древниот Египет

Во древниот Египет парфемите и природните масла имале важна улога во религиските ритуали. Биле користени за прочистување на воздухот и давање жртви на боговите. Парфемите и дотерувањето биле толку важни за Египќаните што дури имале и божество Нефертити посветено на тоа. Богатите најчесто биле погребувани премачкани со ароматични смоли и есенцијални масла, а украсен парфемски сад бил пронајден и во гробницата на Тутанкамон. Есенцијалните масла биле правени за божествата и кралските семејства бидејќи подготовката на овие први билни есенции чинела многу пари. 

Kyphi била ароматична мешавина од билки која често се користела во религиски ритуали и била конзумирана како лек. Не постои точен рецепт, но во составот имало мирха, мимоза, цимет и ментол. Овие мешавини биле правени од свештениците и се сметаат за првите парфеми во светот. 

Иако Египќаните користеле природни состојки за правење на креми и мешавини за ароматизирање на просторот кои се слични на тие што ги користиме денес, парфемите кои ги правеле биле со послаб мирис од денешните. Сеуште не била откриена дестилацијата, па или ги гмечеле билките или на подолго време ги потопувале во разни течности и масти за да ги извлечат есенцијалните масла. 

 

Надвладување на непријатните мириси: Лечење болести во древна Грција

Во древна Грција и Римската Империја, парфемите и ароматичните смоли имале важна улога во погребалните и религиските церемонии. Најстарата фабрика за парфеми е пронајдена во 2007 на Кипар, митолошкиот дом на божицата Афродита. Се верува дека во фабриката се изработувале мириси кои се носеле до храмовите и верниците - мириси кои ги доближувале до боговите. За разлика од Египет, во Рим парфемите биле достапни за пошироките маси. Поефтините мириси биле пакувани во керамички вазни, а поскапите биле пакувани во порцелански садови направени специјално за чување парфеми. И Римјаните и Грците сеуште немале откриено како се дестилира парфем од билки, па така ги извлекувале ароматичните состојки со горење на материјали или потопување состојки како рози, темјанушки и јасмин во масла. 

Но парфемите не биле користени само за лјуѓето да мирисаат убаво - Римјаните и Грците верувале дека лошиот воздух шири болести. Хипократ - таткото на модерната медицина напишал дека опасен дим се шири со ветрот и може да предизвика сериозна болест. Луѓето верувале дека со исполнување на воздухот со убави мириси се спречува ширењето на болести.

 

Откривање на дестилацијата: Парфимираната вода и фармакологијата во древна Персија

Откривањето на дестилацијата води во Персија (денешен Иран). Баш таму лекарот Авицена ги открил хемиските принципи кои важат за парфемите чија основа не е масло. Ова откритие им помогнало на Персијците да ја направат розината вода - тоа што го прави Иран познат и денес.

Садовите за дестилација и опремата која се користи е усовршена од научниците во таа доба и било важен додаток на фармацијата и во производството на парфеми. Нивната  употреба помогната за создавање клучни медицински супстанци како алкохолот, кои понатаму биле користени за лечење болести.

И покрај успехот во науката, во парфемскиот свет и понатаму се користела дестилацијата за правење парфимирани води. Со откривањето на методот на екстракција се овозможило производството на модерните етерични масла. Парфемот и понатаму останува статусен симбол во Персија. Кралските семејства и високо рангираните членови во општеството често биле насликани со парфемски шишиња и цветни парфеми за да ги покажат своето богатство и социјален статус. 

 

Подемот на аптекарството: Помандери и раните лекови во Средниот век и Ренесансата

Во овој период настануваат промени во употребата на парфемите и есенцијалните масла. На запад христијанството учело дека нанесувањето парфем на себе е непотребно, па употребата на масла е прекината. Но, традицијата да се употребува мирис при босолужба опстанала и ароматичните материјали биле горени во чест на Бог. 

За да се избрка „лошиот воздух“ луѓето почнале да носат амајлии наречени помандери кои биле полни со масла, ароматични состојки и парфем околу вратот. Еден рецепт користен од кралицата Марија I вклучувал состојки како бензоин смола, каламит, розина вода и лабданум, како и состојки од животинско потекло: сив амбер и мошус од елен и цибет кои денес не се користат.

Се отварале специјални аптеки кои ги мешале и продавале овие мешавини со интензивен мирис. Овие произведували на парфеми се сметале за фармацевти и во тоа време многу лековити својства почнале да се откриваат кај билките и зачините. Аптекарите ја користеле снагата на природните состојки и создавале нови мешавини со новооткриените состојки од цел свет. 

 

Есенцијални масла за носење: Парфеми за социјален статус и заведување

Во 18 и 19 век парфемот станал средство за заведување и симбол за богатство и племенитост. Тие кои можеле да си го дозволат парфемот, го користеле цело време и секаде: на алишта, тело, коса, додатоци и се бањале во парфимирана вода. Парфемот толку бил неопходен што богатите луѓе патувале со огромни торби наречени necessaires de voyage во кои ги чувале бројните шишиња и мешавини. 

Марија Антоанета ја сметала својата патна торба за неопходна и побарала реплика од истата кова за времето на француската револуција го планирала своето бегство од Франција. Со откривањето на бактериите во 19 век, важнноста на бањањето посебно се нагласувала. Тешките мириси веќе не биле потребни и барањата за парфеми се промениле.

Луѓето претпочитале свежи и цветни мирисни  ноти. Откритијата во рушевините од дамнешни времиња ја разбудиле љубовта кон античките стилови на Египет, Рим и Грција, па така парфемските шишенца почнале да се изработуваат налик шишенцата од античкиот период. 

 

Се’ започнало со ракавици: Скромните почетоци на парфемската индустрија

Парфемите и есенцијалните масла се дел од нашиот свет веќе еден милениум, но начинот на кој ги користиме се менува и развива.

Францускиот град Грас (Grasse) се смета за национален центар за парфеми во светот. Малиот град се наоѓа во јужниот дел на Франција и е тврдината на парфемската индустрија со векови, а се започнало во 15 век кога Ерментер Тосенти ја отворил својата аптека во која продавал мешавини од масла и природни состојки. Градот е познат по температурната микроклима која е совршена за растење и на најнежните растенија и цветови. 

Во 16 век Грас исто така бил дом на растечката индустрија за правење ракавици. Многу граѓани работеле на штавењето на кожата со која се изработувале и извезувале ракавици низ целиот свет. Но, индустријата имала непријатна последица: штавењето на кожата мирисало многу лошо.

Користејќи сирови мирисни материјали кои биле достапни - граѓаните на Грас развиле мириси и парфеми кои ги прикривале непријатните миризби од кожата. Како што опаѓала индустријата за ракавици, приврзаниците продолжиле да ја развиваат парфемската индустрија.

При крајот на 19 век, Грас станал познат за квалитетните состојки и парфемите. Големите парфемски куќи како J.B.Dulac, J.L.Fargeon и Lubin биле основани во Париз и станале популарни меѓу богатите. 


Мириси на познатите личности, безбедна синтетика и етичка набавка на состојките: Модерната парфемска индустрија и повеќе

Со развивањето на хемијата и науката во почетокот на 20 век, настанала леволуција во светот на парфемите. Откривањето на методите за производство на состојки како синтетички ванилин дозволило да има производство на поевтини парфеми за широкиот пазар. Тоа значело дека може да се имитираат аромите на природните состојки од кои претходно било невозможно да се добијат од природниот извор. 

Парфемите повторно биле достапни за сите. Jicky ил еден од првите парфеми кои биле н аправени со синтетички мирис. Исто така бил еден од првите апстрактни парфеми бидејќи содржел во основата повеќе есенцијални масла и мирисни ноти. 

Денес, индустријата повторно се менува. Промената на пазарот и „мирисите на познатите’ водат кон потрага по ексклузивни и уникатни мириси. Во исто време потрошувачите и компаниите ја зголемуваат својата свест за околината и социјалната одговорност, а со тоа доаѓа и мотив за одговорност при набавката на состојките и транспарентност при целиот процес.