СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Природата е полна прекрасни мириси, но како точно примамливиот мирис на розите или аромата на цимет стигнуваат до твојот омилен производ? Наука. Билките содржат ароматични состојки и како што кажува името - поради нив природата мириса толку добро. 

Луѓето ги користат билките поради нивниот мирис и развиле неколку начини да го извлечат тој мирис. Во некои случаи тоа може да биде едноставно како цедење лимон, а во други тој процес е многу комплициран.

Листовите, стеблата, плодовите, цветовите и кората имаат различна структура, текстура и состав што значи дека треба на различни начини да дојдеме до нивниот суштински мирис. Постојат три главни методи на екстракција: дестилација со пареа, екстракција на апсолут и пресирање(гмечење).


Дестилација со пареа

Дестилацијата со пареа е најчестиот облик на екстракција. Се користи за да се добие масло од зелените делови на билката, семињата, кората и корењата вклучувајќи го сандаловото дрво и мускатното оревче. 

Релативно едноставна техника која не се променила значајно илјада години, бидејќи се’ што е потребно е вода, состојката која треба да се дестилира и садови во кои ќе го загревате материјалот и соберете маслото. Парната дестилација функционира така што го присилува материјалот да ги испушти испарувачките масла. Најпрво билниот материјал се става во сад и се меша со врела вода или пареа. Топлината го разложува материјалот и неговите ароматични компоненти се испуштаат преку пареата која се кондензира и собира. Кондензираната течност се собира во посебен сад каде се одвојува маслото од водата. Се собира и се полни во шишиња.


Екстракција на абсолут

Некои состојки не можат да ја поднесат топлината која е потребна за дестилација со пареа. Затоа цветовите и пупките како кај мимозата и јасминот поминуваат низ процес наречен екстракција со растворувач. Овој облик на екстракција не користи топлина, пареа и вода. Состојката се потопува во растворувач како што е етанол или хексан за да ја испушти својата арома.

Мешавината ги впива ароматичните состојки и потоа растворувачот се отстранува и останува само мирисната концентрирана мешавина позната како абсолут. Абсолутот типично мириса слично на билката од која потекнува - за разлика од есенцијалните масла, бидејќи не е загреван. Многу билки може да се користат за добивање есенцијални масла и абсолути, но од некои поради нивната природа може да се добие само абсолут.


Пресирање (гмечење)

Наједноставниот начин за екстракција е пресирање или гмечење за да се добие есенцијалното масло. Ова е најстариот начин, а во денешно време се користи за добивање масло од кората на цитрусните овошја како грејпфрут, лимон и лимета бидејќи повеќето масла се во кората. Овој начин може да се изведе рачно со едноставно гмечење на кората или со помош на машина.