СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Сврти се кон природата кога ти е потребна трајна боја која ја штити косата.

К’ната не е само хипи боја со која нашите родители експериментирале во 70-те. Тоа е избор на органска боја за коса за секој што сака боја, сјај и живост, секако без хемикалиите. Земи удобно столче, грабни една плочка и префрли се на природна боја за коса, сега и веднаш.

 

Што е к’на?

К’ната е растение кое потекнува од Средниот Исток и се користело за украсување на коса и тело илјадници години. К’ната на Lush е мешавина од најфината к’на од Персија со фер тргуван какао путер и состојки како билката индиго и свеж сок од органски лимон во форма на плочки органска боја. Едноставни се за користење и даваат богата боја.

За разлика од синтетичките бои за коса, кои навлегуваат во кутикулите и кортексот на самото влакно за да му ја изменат бојата, к’ната функционира како лак, прекривајќи го секое влакно со дополнителен слој заштита и вивидна боја. Конечната боја зависи од боите што веќе се наоѓаат во твоите прамени, што значи дека резултатите се уникатни само за тебе и може да се нанесат во слоеви кога се повторува боењето. Иако к’ната е трајна боја, може да избледи со тек на време и со самото растење на косата.

К’ната е природна состојка која нуди четири различни бои на органска боја за коса достапна кај нас, во Lush. Сите плочки се 100% природни, направени од врвна персиска к’на, фер тргуван какао путер и состојки избрани да ги нагласат различните тонови на боја:

 

Caca Rouge се потпира на црвена к’на и свеж сок од органски лимон за вибрантна боја, огнен нагласок и освежување на посветлите тонови.

 

Caca Marron се потпира на меленото кафе и свеж сок од органски лимон за сјајна боја на костен со есенски тонови.

 

Caca Brun

содржи индиго и мелено кафе за длабока чоколадна кафена боја.

 

Caca Noir е најтемната нијанса, содржи индиго за сјајни сино-црни тонови.

 

Исушените листови од растението к’на се мелат во прав која потоа се меша со какао путер. Плочките всушност функционираат како длабок регенеративен третман кој дава тежина на разлетаната коса и дава неверојатен сјај.

 

Како се користи к’ната?

Користењето на билна боја за коса како к’ната има многу бенефити: бојата е уникатна само за тебе, корените кои растат не се толку нагласени како кај синтетичките бои и твојата коса добива плус заштитен слој.

И... Фарбањето е забавна активност за ноќ помината дома, а со овие инструкции е многу лесно да се нанесе.

 

Потребни ти се:

 

- Гумени ракавици

- Огноотпорен сад врз вода која ќе врие

- Лажица за мешање

- Весници на подот

- Штипчиња или шноли за поделба на косата

- Крпи со потемни бои

- Заштитен балзам, како на пример Ultrabland

- Четка за нанесување или може да ги користиш гумените ракавици

 

Тестирање на прамен:

За да ти се допадне резултатот секогаш направи си тест на мал прамен (ова е многу важно ако имаш хемиски третирана коса на било кој начин). Бојата се развива во тек од 24 часа по нанесувањето.

Зовриј вода и додај ја врз мала количина к’на во огноотпорен сад и со помош на гумени ракавици нанеси ја на дел од косата долг 2cm. Остави  ја да седи до три часа, измиј ја косата регуларно со шампон и исплакни. Ако ти се допаѓа постигнатиот резултат по 24 часа, тогаш нанеси ја к’ната на целата коса.

P.S. Ако повеќе од 40% од косата ти е седа, запомни да вклучиш и дел од седите прамени во тестирањето. По користењето на к’на, седите влакна сјаат посилно од темните, па очекувај вибрантни резултати.

 

Како да ја нанесеш:

1. Нанеси заштитен балзам како Ultrabland по линијата на косата (или брадата) за да се заштитиш од ненамерно боење на кожата.

2. Искрши ја плочката к’на во парчиња и стави ја во огноотпорен сад врз сад со топла вода. Зовриј вода и почни полека да ја истураш во садот со к’на и мешај додека мешавината не почне да изгледа како топено чоколадо. Колку е потопла к’ната – толку се подобри резултатите.

3. Со гумените ракавици на раце, нанеси ја к’ната насекаде подеднакво на чиста и сува коса. За најдобри резултати нанесувај од коренот кон врвовите, почнувајќи од задниот дел на косата кон напред. При нанесувањето не заборавај да ја оставиш к’ната во садот над топлата вода.

4. Остави ја најмалку еден час, но препорачливо е минимум два часа. Измиј ја к’ната со шампон. Бојата ќе продолжи да се развива во тек од 24 часа (дури и до 48 часа ако ги користиш Caca Brun и Caca Noir).

 

Добро е да знаеш:

-      Можеш да користиш к’на колку често и да сакаш. Пробај почесто нанесување за да добиеш интензивна боја.

-      Ако ја завиткаш косата во фолија или капа за туширање и ја чуваш на топло ќе добиеш поцрвени резултати; ти препорачуваме да седиш во долга топла бања (со една од нашите купки, секако!) Спротивно на ова, ако не ја завиткаш ќе добиеш потемни тонови.

-   На сива коса боите ќе испаднат посветли и поинтензивни. Ако бараш понежна нијанса, најдобро е да нанесеш к’на повеќе пати. Се препорачува да тестираш секој пат пред да нанесеш пак.

 

Дали е к’ната трајна?

Да, к’ната не се измива, но со тек на време може да избледи. Поради ова, и поради начинот на кој бојата функционира како заштитен слој врз природната коса, отколку хемиски да ја промени, корените кои ќе израснат се помалку забележливи за разлика од синтетичкото боење.

Како функционира к’ната?

Едно влакно од косата е направено од два до три слоја, зависно од генетиката. Надворешниот, заштитен слој се нарекува кутикула и е составен од рамни клетки кои се преклопуваат како ќерамиди на кров. Кутикулата штити слој кој се нарекува кортекс, каде бојата на косата се формира. Некои луѓе имаат и централен слој наречен медула, но не се знае многу за овој слој и неговата намена. Хемиските бои навлегуваат во кутикулата и во кортексот за да ја изменат бојата на косата. Ова може да предизвика слојот од заштитни клетки на кутикулата да се одвои, отежнувајќи на себумот да патува по должината на влакното и да ги хидрира врвовите на косата.

За разлика од синтетичките, хемиски бои, к’ната делува на кутикулата која дава дополнителен заштитен слој. Фризерите понекогаш се загрижени за комерцијалните опции за к’на бидејќи можат да содржат соли или хемиска боја, но секоја нијанса што ќе ја најдеш во Lush е 100% природна со состојки избрани специјално за да ја нахранат косата.

Дали ти е потребно тестирање на прамен?

Да. Секогаш прави тест на прамен бидејќи секој дел од косата е различен, па така и резултатите може да бидат различни.

Дали може да се користи к’на на ретка коса?

Да, подготви се за прекрасен вибрантен резултат! Те советуваме да нанесеш слој од Rouge прво, пред другите бои за да дадеш црвена основа на косата и да ја подготвиш за потемна боја.

Каков ефект ќе има к’ната врз многу виткана или афро коса?

Крајниот резултат ќе зависи од твојата боја на косата и колку внимателно и детално ја нанесуваш к’ната: виткана или афро коса има потреба од повеќе к’на и треба да отстои подолго време, зависно од должината. Витканата коса ја пие к’ната побрзо од правата коса бидејќи локните ја отвараат кутикулата и секако како резултат на тоа – твојата коса е многу жедна. Ако додадеш повеќе вода ќе ти ја олесни апликацијата, но ако имаш права коса задржи се до правилото за погуста мешавина за да ја нанесеш полесно.

Дали к’ната покрива седа коса?

Ако користиш к’на на сива, бела или седа коса треба да пристапиш исто како кога пристапуваш кон боење на руси коси. Ова се должи на тоа што сивата коса е мешавина од коса која не содржи боја и коса која содржи боја. Сивите влакна нема секогаш целосно да се покријат со к’на, но ќе добијат природен сјај под ефект на третманот. Како и секогаш, прво тестирај на мал прамен.

Дали треба да помине време пред да се нанесе к’на повторно?

Не. Колку повеќе користиш к’на, толку повеќе секое влакно се покрива со честички кои се држат на кутикулата. Ова значи дека можеш да нанесуваш колку често сакаш, а еднаш месечно е совршениот рецепт за сјајна коса и совршена боја.

Дали можеш да додадеш плус состојки на к’ната?

Да, но тешката работа ја завршивме за тебе! Патентираниот рецепт на плочките к’на кои можеш да ги најдеш во нашата продавница веќе се збогатени со фер тргуван какао путер, плус природни пигменти како црвена к’на и билката индиго, плус состојки кои ќе ја збогатат косата како масло од каранфилче (кое е познато по стимулирачкиот ефект на скалпот).

 Дали к’ната има ефект на потемна коса?

Ова зависи од бојата која ја користиш. К’ната ќе има помалку ефект на многу темна коса, но сепак ќе ја засили бојата и ќе даде многу сјај, но тие со кафена и црвена коса ќе забележат разлика ако пробаат потемна нијанса од нивната природна коса, или пак ја нанесат Rouge. К’ната може да се користи на потемна коса како хранлив третман и да се нанесе во слоеви за неверојатен сјај.