СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Можеш ли да помирисаш?

Најверојатно не. Понекогаш е изненадувачки колку брзо се навикнуваме на мирис. Кога прв пат влегуваш во некоја соба, можеби ќе забележиш како мириса просторот, но по неколку минути - некогаш и секунди - твојот нос се адаптира. 

Сетилото за мирис има лоша репутација - со векови научниците и филозофите ги фрлаат во сенка сè што е олфакторно - тоа е всушност збор за сетилото за мирис. Дарвин го сметал за најмалку важното сетило. Но, мирисот игра голема улога во нашите секојдневни животи, дури и кога не ги забележуваме, а може и да влијае на емоциите на начин на кој сетилото за вид, допир, вкус и слух никогаш не би можеле.

Па, што има толку кај сетилото за мирис што го прави толку моќно? Мирисот е сетило кое најмалку се разбира, а ги става научниците во дилема со години... Има стотици теории и идеи, но која е вистината? Време е да го разбереме сетилото на кого му препишуваме најмногу од нашите емоции. 

 

Што се всушност феромони?

Емоционалната моќ која се крие во мирисот е фасцинантна - само мала количина вдишување одреден мирис може да те транспортира до специфично време и место, и затоа може лесно да заклучиме дека има нешто подлабоко од само купче фини мириси. Некои животни комуницираат помеѓу себе со хемиски состојки наречени феромони... Дали можеби тоа значи дека има поврзаност со зошто луѓето толку реагираат на мирис?

Замисли ако сè што ти е потребно да привлечеш нечие внимание е само да ја кренеш раката и да ги изложиш пазувите? Ако, од едниот крај на собата можеш да заробиш потенцијален љубовен погодок со мирисот на здивот? Ќе ги поедностави работите, така? Од таа причина, феромоните се често дебатирана тема која често се комплицира со мириси и настани кои тврдат дека „ќе го пронајдеш вистинското“. Иако звучи како фантазија, комуникацијата преку мириси е најчеста форма на комуникација за повеќето цицачи. И, како роднини цицачи, има смисла дека и луѓето најверојатно го прават тоа. 

Феромоните се хемиски состојки кои им дозволуваат на животните да го сигнализираат своето присуство на потенцијален партнер, да се движат низ густи џунгли или пак да ја обележат својата територија. Тие се средства за хемиска комуникација која се користи од живите суштества - од алгите до слоновите - за да се одредат витални информации за нивните опкружувања. 

Пчелите и осите се едни од најфасцинантните корисници на феромони, испуштајќи ги за да се заштитат себеси, да помогнат да се изградат нивните кошници, како и да координираат парење. Факт е дека осите користат феромон како аларм за да мобилизираат други оси кога се сретнуваат со закана. Ги користат феромоните на сличен начин како што луѓето на пример користат социјални медиуми да се соберат на истото место.

Мichael Stoddart, биолог и зоолог кој поминал декади проучувајќи го начинот на кој животинското царство влегува во интеракција преку мирис, ни објаснува: „Феромонот секогаш ќе го има истиот ефект на целната индивидуа, на ист начин на кој хормоните секогаш се користат за специфичен ефект - не е важно дали си маж или жена, стар или млад, хормонот адреналин секогаш ќе го забрза чукањето на срцето“.

Но, ова не е случајот како кога луѓето ги чувствуваат феромоните. Иако мирисот може да ги промени нашите однесувања и постапки, тоа не се случува во драматични количини. За разлика од животните ние не реагираме хемиски на мирис. Кога група на луѓе мирисаат рози, на пример, има стотици можни психолошки и физиолошки реакции. Со други зборови, луѓето не се програмирани да реагираат униформно на мирис.

И, што е најважно, некои од феромоните се регистрираат со посебен орган кој се вика VNO - vomeronasal organ кој е дел од устата и носот кој дозволува цицачите да ги вкусат феромоните што ги вдишуваат.

Michael објаснува: „Проблемот со луѓето е што не постои доволно добар доказ дека VNO воопшто постои. Траги се наоѓаат во човечкиот фетус, но се разградува долго пред раѓањето. Генот одговорен за VNO фатално мутирал во нашите предци пред отприлика 16 до 22 милиони години. Па, во тој огромен период на време, феромоните не играле голема улога во репродукцијата на предците на човекот.“    Michael и науката изјавуваат дека феромоните најверојатно немаат никаков ефект и најверојатно не постојат кај луѓето. Всушност, на повеќето луѓе феромоните од животни им мирисаат непријатно - како тоалет и фарма. Но, сепак мирисот има улога во начинот на кој ги живееме нашите животи.

 

Најстарото сетило

„Животот бил на Земјата и пред милиони години, но непрепознатлив за нас. Животот во раните денови бил едноклеточен и се состоел од примитивни организми налик бактерии. Индивидуалните прото-бактерии можеле да го насетат присуството на храна или субстанци во водата околу нив, и да тргнат во спротивен правец. Фасцинантното нешто е што биохемискиот механизам што им овозможувал да насетат хемикалии во надворешниот свет е потполно ист како механизмот кој го користиме денес за да ги почувствуваме мирисите во нашата околина.“

Начинот на кој го чувствуваме мирисот не е променет милиони години, но начинот на кој го користиме е променет. Додека сеуште ги користиме нашите носеви да почувствуваме опасност - со мирисање на чад или нехигиенски простори, но немаме потреба од мирисот во поглед на размножување, одбрана или да се движиме околу светот. 

Начинот на кој луѓето еволуирале значи дека не сме робови на мирисот како останатите видови. Немаме инстинктивни и неконтролирани реакции кога чувствуваме одреден мирис во воздухот и имаме еволуирано доволно за да собереме информации од широк опсег на извори, ослободувајќи се да го користиме мирисот за задоволство и преживување.

Но, тоа сеуште не објаснува зошто мирисот може да разбуди силни емоции во човекот. Зошто некои мириси нè прават среќни, а други носталгични? Rudyard Kipling во неговата поема - Lichtenberg пее “smells are surer than sounds or sights to make your heart-strings crack“ и повеќето луѓе не можат да не се согласат. Оваа перспектива на емоциите е најверојатно резултат на колку е примитивно нашето сетило за мирис. Бидејќи дури и кога сме биле едноклеточни организми сме имале способност да мирисаме, а сетилото е поврзано на поинаков начин со нашиот мозок во споредба со другите помлади сетила. Тој објаснува: „Олфакторните рецепторни клетки под мостот на носот се поврзани директно со делот од мозокот кој ги контролира емоциите. Има само три неврони од носот до мозокот, за разлика од окото каде има многу повеќе. Тој краток и директен пат е последица од еволуционерната старост на сетилото за мирис.  Окото и увото ги испраќаат своите податоци не до емоционалниот дел од мозокот, туку до повисоки центри. Кога мирисаш рози сигналот оди до делот од мозокот задолжен за емоциите и второстепено до рационалниот дел од мозокот. Ако си експерт за рози и сакаш да го идентификуваш видот преку мирисот, за жал не може да се оствари преку емоционалниот дел... Само кога сигналот се испраќа до церебралната хемисфера може да се открие на кој вид припаѓа.“ 

 

Парфем и страст

Па, што е поврзаноста помеѓу парфемите и нашиот мозок? Парфемската индустрија е основана на идеата дека мирисот може да направи да привлечеш некого... Но, дали е тоа лага?

На кратко, не. Додека човечките феромони најверојатно не постојат, тоа не значи дека не можат да влијаат на однесувањето. Цврстата поврзаност со емоциите значи дека психолошки тие можат да влијаат, иако физиолошки не е забележано. Поврзаноста е асоцијативна, а не хемиска. Тоа значи дека ако некој смета некој особен мирис за привлечен поради асоцијација со некој и нешто што се случиле во минатото наспроти присиленост поради хемиски поттик, тогаш тоа е малку повеќе романтично. 

 

 

Annabelle Leiten