СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Како да го одберете вистинскиот пилинг?

Пилинг е отстранување на мртвите клетки и нечистотијата од кожата. Драматично ја освежува и го подобрува тонусот на новата кожа и овозможува на новите клетки да дојдат на површината на кожата. Редовната ексфолијација овозможува кремите и сите производи за дополнителна нега полесно да се впијат во кожата и да го дадат маскималниот ефект. Кај секој човек ексфолијацијата се врши различно, т.е зависи од потребите на кожата и возраста. Помладата кожа се ексфолира поретко, за разлика од позрелата која има потреба од почеста ексфолијација. Ние користиме природни состојки како морска сол, мелени бадеми, мелен азуки грав, мелен ориз, јаглен во прав, пченкарно брашно, палента, мелени семки од цреша, семе од ноќниче, мелени лушпи од кокос, мелен вулкански камен во прав и уште многу други. Никогаш нема да најдете микропластика во нашите производи, бидејќи состојките кои ги користиме се природни и биоразградливи. Со самото тоа се грижиме за надворешната средина и за водниот екосистем. Уште еден доказ дека се грижиме за  животната околина е тоа дека се елиминираат пакувањата зашто на тој начин се намалува непотребната пластика која придонесува за дополнително загадување. Најголем дел од нашите производи се без пакување мал дел во стаклени садови и само неколку во 100% рециклирана пластика која е во можност повторно целосно да се рециклира. Lush поседува широка палета на прозиводи кои прават пилинг па така ќе најдете пилинг за лице, за тело, пилинг за дланки, за пети и секако најслаткиот и оној кој може да се јаде е за усни.Meѓутоа има неколку работи што треба да се земат во предвид кога станува збор за изборот на пилинг. Колку интензивен сакате да биде вашиот пилинг? За кој дел од телото? Колку често?

За нежна и секојдневна ексфолијација одберете пилинг со нежни состојки како јаглен во прав кој ќе го најдете во Dark Angelsчистач за лице.Јагленот нежно ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата,ќе го впие вишокот на маснотии и ќе ја остави кожата чиста и балансирана.Освен јагленот и расул калта ќе направи нежна ексфолијација. Тоа е глина со црвенкасто-кафена боја која потекнува од планината Атлас близу Мароко. Тука таа рачно се ископува, се мие, па се суши пред да биде испратена до купувачите низ целиот свет. Мароканските жени ја користеле со векови наназад за темелно да ги исчистат својата кожа и коса. И до ден денес се употребува во спа третманите и производите за нега на кожа, за темелно отстранување на нечистотиите од кожата.Кога се користи за кожа, расул калта длабински чисти, отстранува маснотии и и ја остава кожата тонирана, матирана, затегната и чиста.

За поинтензивен пилинг  тука е еден од нашите најпродавани производи Ocean Salt, пилинг за лице и тело.Перфектната  мешавина од ситна и крупна морска сол која е богата со минерали, ќе направи мртвите клетки да исчезнат од кожата, длабински ќе ја исчисти и ќе ја направи посмирена и поомекната. Исто така додадовме авокадо путер и масло од кокос  за длабока хидратација, нахранета и негувана кожа. Инфузијата од грејпфрут ќе исчисти и тонира, додека лајмот потопен во водка е одличен за освежување и подмладување.

  

Buffy путерот за туширање содржи мелени бадеми, мелен азуки грав и мелен ориз кои се одлични за нежна ексфолијација. Какао и шеа путерот се добитна комбинација за нахранета и сјајна кожа, додека маслото од лаванда е одлично за смирување. Совршена коцка за стомак, бутови и задник која се бори против портокал ефектот. Зарем не ја посакавте веднаш?

 

А за љубителите на најинтензивен пилинг го имаме Pumice Power кој е два во едно - пилинг и сапун за пети.Содржи мелен вулкански камен во прав кој одлично ќе ги ексфолира и најтврдите делови а маслото од сладок портокал ќе ги омекне прстите и петите.