СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Остани кул!

 

Потребен ви е мал одмор од жештините?

Би можеле да останете во ладна просторија цело лето ама така би исчезнала целата забава. Сонцето свети, птиците пеат, а летото моли за уживање. Доколку сите убави надорешни активности ви прават притисок ние имаме неколку работи кои ќе ви помогнат да останете кул.

Протреси, направи пена и повтори.

Дали сте ги пробале нашите желеа за туширање? Пред да се туширате неколку часа ставете ги во ладилник или замрзнувач. Оставете ги да се ладат, потоа само земете го супер ладното желе и направете пена додека вашето тело не се почувствува доволно ладно. Иако изгледа чудно праксата на топло-ладно постои со векови во некои земји како Јапонија и Финска. Желеата за туширање веднаш ќе ви го дадат чувството на топло-ладно.  Не само што ќе ве остават  да се чувствувате пријатно изладени, исто така ќе ви дадат одлична хидратација што е неопходно за регенерација на исончаната кожа, бидејќи се богати со карагенен од морска алга што им ја дава таа желатинозна структура.

Исшприцај  се/ Напрскај се!

Желеата не се единствените производи кои можат да се стават во ладилникот. Ставете ги веднаш до нив и тонерите за лице. Tea Тree Water, Breath of Fresh Air, Eau Roma Water се одлични освежувачи што можете да ги понесете секаде за брзинско свежо распрскување. А најдобриот дел?  Нашите тоници не содржат алкохол што би ја пресушил вашата кожа.  Дури и најчувствителната кожа ќе се заљуби во освежувачкото кул шприцање.

 

 

Бањата вo летниот период.

Кога ви се чини дека не можете да избегате од топлината најдобар начин е да се опуштите во када.  Ако се чувствувате неодлучно во избирањето на шумлива купка ние сме тука да ви помогнеме. Нашите шумливи кукпки во форма на топка се направени од сода бикарбона и есенцијални масла кои со сигурност ќе се растопат и во ладна вода и ќе додадат незаборавно искуство во бањата.  Како предлози би ги ставиле Avobath, Twilight и Big Blue кои се спакувани со состојки кои имаат одложено растопување па така би уживале се додека водата целосно не се излади, а вашето тело не ја намали внатрешната топлина.

 

 

Ако сакате да останете кул во и надвор од бањата ви препорачуваме состојки како пеперминт која што ја има во Intergalactic. Оваа купка ќе ве направи како да патувате во вселената додека ладниот ефект од пеперминт ќе се задржи на телото и по бањањето.

Сите купки кои вклучуваат цитрусни ноти исто така ќе ве освежат до максимум ова лето. Таква е Avobath  која содржи масло од маслинки и лимонова трева, кои заедно со авокадото ќе ја исхидрираат вашата кожа оставајќи ја мека после бањата. Big Blue пак благодарение на алгите и морската сол ќе ве направат да се нурнете во океанските длабочини. Доколку сепак само сакате добра ноќна релаксација Twilight  со помош на француската лаванда и слатката тонка ќе ви помогне да ги опуштите мускулите и да се нурнете во длабок сон.

 

Бањата може да биде забавна и освежувачка оаза во која ќе се обратите во жешките денови, а во текот на топлите ноќи свежо уживање. Не е ништо ново, но ладната бања најбрзо ќе ви помогне да се изладите, да го намалите стресот и да го разбудите телото грижејќи се вашата кожа и коса да останат во најдобра форма.

Немате када?

Тркнете до најблиската Lush  продавница и зграбете ги достапните желеа за туширање. За супер кул ефект прво ставете ги во ладилник или замрзнувач и осетете го замрзнувачкиот ефект на кожата што ќе ја разигра во жешките летни денови.

Исто така можете да посегнете по разладувачките кристални сапуни како Outback Mate и Maypole кои благодарение на маслата од пеперминт ќе ви дадат изладувачко чувство. Доколку сепак сакате да го осетите разбрануваното море во вашиот дом побарајте го Sea Vegetable со масло од лаванда кое делува како антиспетик и смирува, морки алги и слој од свежа морска сол.

 

Сепак преферирате стандардно туширање со гел?

Lush повторно го има одговорот неповторливиот искуство со Dirtyгелот за туширање со кристали од ментол и смирувачка мајчина душица.  Исто така може да го пробате Olive Branch со мирис на разиграна мандарина и хидрирачко маслиново масло.