СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

 

Чувајте ја вашата кожа!

 

Кога станува збор за  негата на вашата кожа, наоѓање рутина која одговара на вашиот дневен распоред е клучната работа!

Ако има едно нешто што со сигурност знаеме, тоа е дека грижата за вашата кожа не мора да биде со полно работно време. Без разлика дали имате 5,10 минути или повеќе,  негата на кожата треба да ви прерасне во рутина и тоа да прерасне во ваше секојдневие.

5 минутна рутина

Имате само 5 минути? Следниве два чекори се доволни за свежо лице.

1. Исчистете го

Брзо миење на лицето со чистач за лице прави чуда. Ги отстранува нечистотиите на лицето што се наталожиле во текот на денот, овозможувајќи и на кожата полесно да дише. Ако сакате и нежна ексфолојација додека се миете, земете го во предвид нашиот најпродаван чистач за лице Angels on Bare Skin.

 

2. Ставете крем за лице

Сосема мала количина од нашите кремови за лице е доволна да се нанесе  после миењето на лицето, за да ја заштитите вашата кожа и да ја одржите мека и еластична. Imperialis е нашиот крем за лице кој одговара на речиси сите типови на кожа.

Ако сакате да заштедите уште повеќе време, чистењето на лицето можете да го направите додека сте под туш.

 

10- минутна рутина !

Доколку имате 10 минути на располагање, можете да додадете уште некој чекор за да и се посветите на вашата кожа.

1. Отстранете ја вашата шминка

Ако користите шминка, првиот чекор што треба да го направите е да ја отстраните. Ultrabland  или 9 to 5 ќе го направат тоа најдобро за вас, со тоа што нема да ја иритираат кожата околу очите.

2. Исчистете го

Исто како во 5 минутната рутина, одберете го најдобриот чистач за лице зкој одговара на вашата кожа и почнете!

3.Тонизирајте го

Нашите нежни, безалкохолни тоници за лице ќе ја остават вашата кожа чиста и освежена. Има неколку начини за користење на нашите тоници: шприцнете и со памукче отстранете.Ова дополнително длабински ќе ја исчисти секоја нечистотија што можеби останала после чистачот за лице. Другата алтернатива е да го нанесете тоникот за лице пред да ставите крем.Така лицето ќе реагира како сунгер, овозможувајќи им на путерите и маслата од кремите да се впијат подлабински и  полесно.

4. Нанесете крем

Одберете го кремот за лице што највеќе ќе одговара на вашата кожа, нанесете на лицето и вратот. Ако претходно нанесовте од тонерот за лице, тој ќе се впие полесно а со самото тоа и ќе ви трае подолго.