Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Како влијае студот на вашата кожа?

 Кога температурата се намалува,  се намалува и влажноста во воздухот.  Со тоа и вашата кожа губи дел од влажноста.  Затоа зимно време,  кожата ја чувствувате посува за разлика од друг период во годината.  Дури многу често може да се појави и перутење,  како резултат на недоволна хидратација.  И ветерот не е добар пријател на вашата кожа и заедно со студот се добитна комбинација,  која дејствува против кожата. Најпогодени се оние делови кои не се покриени, како лицето и дланките.

 

Но  секогаш постои начин за добра и квалитетна заштита.  Тоа најдобро го знае Lushприродна и свежа рачно направена козметика.  Кога станува збор на лице, каде кожата е најчувствителна,  Lush располага со богата палета на нежни чистачи и високо хидратантни креми.

 

 

Buche de Noel  –  чистач за лице за зимска нега.

Овој нежен чистач е толку богат со масла,  што претставува вистинска бомба за хидратација. Содржи масло од бадем, масло од ветиверт, масло од кедрово дрво, исцедена мандарина, сува бриснуца, масло од коњак , мелен бадем, какао путер и сето тоа е убаво завиткано во лист од морската алга Нори. Каков благодет ќе има вашето лице? Овошјата и маслата ќе ја исчистат нежно кожата на лицето, какао путерот и мелениот бадем ќе ја надополнат изгубената хидратација, а кожата ќе остане нахранета и еластична. Овој чистач не доволува зимата да допре до кожата.

 

 

 

Let the Good Times Roll чистач за сува кожа.

 

Овој чистач ја остава кожата со мирис на пуканки и путер.  Содржи пченкарно брашно и палента кои прават нежна ексфолијација на кожата и масло од цимет кое освежува.  Совршен за сува и позрела кожа.

 

 

 

Angels on Bare Skinчистач за сува и чувствителна кожа.

Содржи коалин глина, за да ја апсорбира нечистотијата, оставајќи ја кожата нежна и негувана.  Маслото од лаванда и апсолутот од ружа ја смируваат чувствителната кожа. Дел од овој чистач се и мелените бадеми, кои прават нежна ексфолијација,  а додека бадемот помешан со вода ќе направи бадемово млеко кое ќе и даде хидратација и мекост дури и на најпроблематичната кожа.

 

 

 

После секое чистење на лицето,  многу е важен кремот кој ќе се нанесе.  Всушност,  тој е заштитниот елемент на кожата од надворешната средина. 

 

Full of Grace е најнежниот производ за лице.  Серум за лице,  за богата хидратација, во цврста форма за нежно лизгање по кожата.  Ги остава лицето, вратот и деколтето освежени и регенерирани.  Масло од сина камилица, бадемово масло, муру муру путер, купуаку путер се само дел од составот на овој богат серум,  кој овозможува хидратација во текот на целиот ден и ноќ.

 

 

Skin Drink е вистински пијалок за вашата кожа.  Органски произведено масло од сусам,  бадемово масло, масло од ноќниче.  Маслото од сусам има густа текстура и е многу хранливо за кожата.

 

 Gorgeousнајбогатата крема на Lush.  Со пет ладно цедени масла : масло од ноќниче, маслиново масло, масло од авокадо, масло од семки од грозје и масло од нероли. Зарем е потребно дополнително објаснување?

 

Исто така, кожата на дланките е изложена на студот. За да спречите болна и сува кожа на вашите дланки, ви предлагаме да ги пробате кремите на Lush кои имаат богата текстура со многу путери и масла.

 

Handy Gurugu е една од нив. Основата на оваа крема е шеа путер, путер од кикирики, путер од индиски ореви и путер од бадем. Исто така содржи и инфузија од роза, за намалување на црвенилото и смирување на кожата и масло од сина камилица кое делува како антисептик.

 

 

 

Love and Light. Љубов за вашите дланки. Содржи нероли и омекнувачки фер тргуван какао путер, кој и даваат на кожата хидратација што трае.   

 

Helping Hands е чудо за уморните раце. Содржи мед кои делува како антисептик,  масло од лаванда и африкански невен кои ослободуваат од болка и ја смируваат кожата, како и инфузија од сина камилица која исто така делува смирувачки. Слузот од ленено семе ги омекнува и најгрубите раце.

 

 Одберете ги вашите производи од Lush и уживајте во долгите есенски и зимски прошетки, со убаво негувана, мека и нежна кожа.