СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

КОНСТАНТИН И ВИР 1977 - 1984

Лиз Вир и Марк Константин за прв пат се сретнаа кога и двајцата работеа во фризерско-козметички салон. Марк беше трихологист (наука за здравјето на косата и скалпот) а Лиз беше терапевт за убавина. 

Тие истовремено започнаа да работат а наскоро станаа и пријатели - Марк и ја средуваше косата на Лиз. Кога нивниот пет годишен договор помина Марк реши да проба нешто ново. Тој најде простор на High Street во Poole и ја покани Лиз да му се придружи во новата авантура. Лиз беше попретпазлива од Марк и сакаше малку да размисли за неговиот предлог.

Сепак таа се реши и заедно го започнаа новиот бизнис кој го нарекоа 'Herbal Hair and Beauty Clinic'. Лиз сега се смее бидејќи на почетокот тие скоро и гладувале бидејќи нивните производи биле многу поразлични од се она што тогаш се нудело иако тие знаеле дека нивните производи се иновативни и уникатни, сепак нивнтата пазарна вредност не била на добро ниво.

Во раните 80-ти Марк прочита за Анита Родик која штотуку го отвори Тhe Body Shop” во Литл Хемптон и Брајтон. Тој сметаше дека таа звучи како индивидуа која размислува слично како него, па затоа и се јави и и понуди некои од неговите производи. Таа направи нарачка од 1200 фунти, што беше многу голем настан за Марк и Лиз, па тие го прославија ова. Бидејќи Анита Родик беше неискусен претприемач, беше загрижена дека нема да може да плати за производите. Нивната поврзаност со “The Body Shop” траеше многу успешни години.  Константин и Вир креираа феноменални производи за “The Body Shop” и станаа најголемите снабдувачи на компанијата (секогаш во првите 10) -  Пеперминт лосион за стапала, Honey Beeswax Cleanser (Ultrabland), растителни бои за коса (henna), и Body Butters (лосион за тело од кокосов путер). Тие беа многу зафатени и како што нивниот бизнис наречен “Constantine and Weir Plc” растеше, тие мораа да вработат поголем персонал.

 

Ровена се придружи да помогне околу клиентите на Лиз. Хелен Амброзен се придружи откако слушнала од Лиз, додека Лиз ги депилирала нозете на Хелен, дека тие имаат потреба од некој кој ќе работи на истражување и развој. Пол Гривс и Карл Бајгреjв исто така се придружија на тимот. Мо помагаше цело време, но во тој период ја напушти својата работа како правна секретарка и го пронајде своето место во пронаоѓањето и креирањето на нови производи. Во тоа време, Константин и Вир имаа и фарма за растенија во Кембриџ и продаваа козметички производи преку спортски сали и фитнес центри, го продадоа нивниот ранч во Сиетл, и имаа Клиника во Вимблдон (Клиника за трихологија).

 

Сево ова одеше добро се додека на “The Body Shop” не почна да им пречи тоа што многу од нивните производи се дефинираа како сопственост на друга компанија. Тие приметија дека Константин и Вир се многу влијателни. “The Body Shop” беа советувани да им платат на Константин и Вир. Марк и Лиз добија вкупно 11 милиони фунти од “The Body Shop”.