СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

COSMETICS TO GO 1987 - 1994
 
Основачите на Константин и Вир го основаа Cosmetics to go (CTG) како бизнис за нарачки преку електронска пошта. Ова беше нивното прво чедо, тие великодушно ги дадоа  сите нивни пари и внимание на него и беше многу успешно. Ровена се сеќава на истото како задоволство но истовремено и многу комплицирано.

Тие направија и каталог за продажба, имаа доволно производи да издржат еден месец, но каталогот бил толку популарен што се продал за два дена. Повиците за нарачка по телефон пристигнуваа во текот на целиот ден па вработените немаа време да ги отворат нарачките по пошта, немаа време да се соочат со пет големи вреќи пошта кои пристигнуваа секој ден. Лиз мораше да вработи повеќе персонал кој ќе работи преку ноќ и ќе се грижи за поштенските нарачки. Потоа се појави проблем со телефонската централа која се блокираше од премногу повици. Крајната катастрофа настана кога компјутерскиот систем се блокира. Многу луѓе мораа да ги чекаат своите производи и по неколку недели.

Наредниот каталог излезе за Божиќ, но немаше доволно нарачки бидејќи купувачите беа загрижени  дека можеби нема да ги добијат подароците навреме за Божиќ. Компанијата беше во мирување, како да беше предодредена за компанија што вреди да се сочува. Тимот се обидуваше да создаде капитал, да направи менаџерско купување но беше неуспешно. Компанијата беше продадена на Џеф Браун кој креираше миризби за CTG производи. Ги зема формулите за производи како и името Cosmetics to Go.

Тимот мораше да најде друга работа бидејќи Лиз, Марк и Мо имаа долгови за плаќање на 29 High Street и фабриката. Марк имаше понуда за директорска функција на Body Shop но не ја прифати бидејќи чувствувал дека нема да просперира. Лиз направи неколку менаџерски консултациски трудови, Ро започна со нејзиното хоби како падобранство и фотографирање (Таа имаше интервјуа со Пер Линстранд и Ричард Брансон. Пол Гривс доби добра работа во Health Service), а Хелен доби понуда за работа од Марк и Спенсер но одби бидејчи не сакаше да го преместува своето дете во ново училиште.

Сите тие завршија назад во 29 High Street да видат што можат да направат. Она во што тие беа добри беше произведување козметика па разгледуваа наоколу што можат да најдат. Некои сапунски лушпи и есенцијални масла. Ро исто така го исчисти местото со се што не им е потребно. Таа исто така ги зголеми своето кредитно задолжување за  да може да купи бои и глазури за  да го реновираат подот и мебелот во салонот.