Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

LUSH ОД 1995 

По Cosmetics To Go основачите завршија назад на 29 High Street Poole. 

Тие започнаа да купуваат свежи производи како портокали, лимони, ѓусови, цимет и слично од супермаркет и ги претвораа во сапуни.Првите беа “Banana Moon” во цилиндричен облик, со калап од неискористени олуци. “Red Rooster” беше направен од калап како мачкини легла (никогаш користени од мачки) и “Bohemian” од прозорска жардиниера. Лиз секогаш велеше дека биле како ликови од детска англиска книга Позајмувачи.

Тие работеа напорно, со враќањето на Пол Гривс зошто сфати дека не може да работи со никој друг. Ро и Мајк (иден сопруг) ги исчистија деловите од старите салони и напишаа дневни изданија со креди на табли, ова беше најдобриот начин да се оспособат а ги менуваат таблите регуларно за дневни изданија. Хелен, Марк и Мо правеа продукти горе додека другите ги продаваа.

Тие ги отворија вратите на продавниците во Poole и беа малку загрижени, бидејќи многу луѓе во нивно окружување ги изгубија своите работи. Но купувачите почнаа да навалуваат бидејќи беа многу добри во Poole друштвото. Многу луѓе влегуваа, ги прегрнуваа и велеа: Еве 10 фунти, што сакате да купам?

Од оваа точка почнаа да работат напорно и дури сакаа да се викаат Козметички воини од светилиштето на искушението но ова веќе беше регистрирано па си дадоа име Козметичка куќа бидејќи се чувствуваа како дизајнери на модна куќа. Лиз испрати 2.000 писма на старите CTG купувачи, вклучувајќи и слика од тимот насловена со: Се сеќавате на нас? Сакате да купите сапун?

Сепак не беа задоволни со името “Козметичка куќа“ затоа објавија конкурс на кој потрошувачите даваа  предлози за ново име на компанијата. Така се појави и Елизабет Бенет од Глазгов со името 'LUSH', што дефинитивно покрај се значеше и да се биде свежо и зелено со што одлично се вклопи во целиот концепт.
 

Тие почнаа повторно да ги користат просториите на фабриката веднаш кога се отвори патот “Morris Road“, оваа фабрика работи и до ден денес, во неа се произведуваат тајните есенцијални компоненти на производите (парфеми).
 

Во тоа време , човек по име Ендру Гери се јави во CTG за да купи многу креми за бричење - тој веќе беше корисник на на CTG и сакаше да ги однесе во Нов Зеланд и Австралија, но во тој период тие не ги произведуваа. Тие му кажаа што се случи со CTG , а тој го убеди својот шеф Питер Блекер да инвестира во новата компанија. Ова беше прв пат некој од надвор да инвестира а во исто време му беше дозволено и да ја отвори продавницата во Ковент Гарден, Лондон. Ова беше многу мала продавница и беше инспирирана од филмот 'My Fair Lady“ со Одри Хепберн која е една од омилените актерки на Марк. Тие направија нова шумлива купка 'Luverly' за оваа продавница како што Одри пееше "Wouldn't It Be Luverly" на цветниот пазар на Ковент Гарден ( во филмот).
 

Пријателот на Ендру, Крег Гринвуд беше брокер во Лондон чија фирма имаше пари да инвестира во лондонски бизниси. Сега постоеше Ковент Гарден продавницата која можеше да се нарече лондонски бизнис. Инвестицијата ни овозможи да отвориме продавница на Кингс Роуд, тоа беше првата голема продавница која требаше постојано и брзо да се полни со производи. На отварањето Лиз, Мо и Марк застанаа заедно во продавницата и Марк рече "ако ова не е бренд незнам што ќе правиме".
 

За наша среќа, се покажа дека е бренд. Продавницата беше преполна со потрошувачи, славни и познати луѓе, луѓе од сите страни на светот кои сакаат да отворат LUSH продавница во нивната земја. Од овој момент LUSH почна да расте.
 

На патување до Лондон Марк и Карен се договориле за партнерство на компанијата со други компании. Тој заедно со својот пријател постојано доаѓал во Кинг Роуд и ја излудувале Ровена, но на крај нивната упорност се исплатила и е склучено првото прекуморско партнерство со Канада. Потоа се отвори и во Хрватска , и Крег, пријателот на Ендру го однесе LUSH во својата земја, во Австралија.
 

Lush прогресивно растеше, и со тек на време си ги врати назад формулите од двете компании Cosmetics To Go и Constantine and Weir. Анита Родик почина и Lush почна да зборува повеќе за нивната етика. Lush оттогаш завзема големи скокови во козметичката индустрија, поставува граници за суровоста врз животните и ја зголемува свеста за животната средина.
 

По три години на развој, првиот Lush Spa се отвори во Кингс Роуд, Лондон. Сега ние имаме повеќе од 650 продвници и неколку фабрики во повеќе од 40 земји. Фабрики насекаде низ светот. Има околу 6000 луѓе кои работат за Lush од продавање на сапуни во продавници, полнење на поклони, до патување низ џунглите барајќи фер тргувани суровини. Lush се гордее на себе што е динамичен, оригинален, и прогресивен.