СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

ПАКУВАЊЕ

Наша желба кога правиме производи е да се ослободиме од нивно непотребно пакување. Ние користиме што е можно помалку пакување во нашите продавници и имаме комплетно голи, неспакувани производи. Половина од нашите производи можете да ги однесете дома без пакување. Ние заштедуваме 6милиони пластични шишиња глобално, само од продавање на тврди шампони.

Кога пакувањето на производот е неизбежно, ние користиме рециклирани материјали. 90% од тежината на нашиот материјал за пакување се рециклира, а ние работиме тоа да се случи и со останатите 10%. Ние сакаме нашите пакувања да бидат пренаменети, рециклирани или повторно употребени.

Бидејќи рециклирањето за нашите црни кутивчиња се недостапни насекаде (покрај тоа што е чист и нетоксичен материјал), ние ги вложуваме нашите пари и за 5 кутивчиња ќе ви дадеме 10% попуст за вашето наредно купување. Црните кутивчиња се рециклираат или се користат како уметнички материјал.

СУРОВИНИ

Ние водиме посебна грижа и кога купуваме суровини. Преферираме да употребуваме состојки кои се произведени на одржлив начин и ги избегнува оние кои не се. Маслото од палма, на пример заврши во нашата црна книга и беше заменето со повеќе дружељубиви со земјата масла на база на сапун. Ние сега работиме на тоа да го избришеме од сите производи како и да ги охрабриме и другите компании да го направат истото.

Сите наши производи се биолошки разложливи.

Кога дизајнираме производи, ние бираме пријатни природни состојки и користиме синтетика што помалку можеме. Всшност, ние имаме неверојатна палета природни производи кои не содржат синтетика воопшто. Повеќе од 70% од производите се без конзерванси

Ќе продолжиме да користиме природни состојки во нашите производи, сонувајќи за козметика без конзерванси, грижејќи се за нивното еколошко влијание. Избираме да ја дадеме нашата љубов (и пари) на доставувачите кои ја почитуваат животната средина и животните и луѓето кои живеат таму..

ЗАГУБА И РЕЦИКЛИРАЊЕ
Волуменот  на вкупното рециклирање на Lush изнесува околу 89% (вклучувајќи хартиени вреќи, алуминиумски кутивчиња, хартија за пакување за подароци, панделки, кутии, ознаки и лепенки). Тоа значи дека за секој тон  материјал купен од Lush, 900 килограми доаѓаат од рециклирани материјали.

ЕНЕРГИЈА

Енергијата  е основа на се што ние консумираме. Ние работиме на тоа да се редуцира количеството енергија употребено за производство, транспорт и достава на  производите до вас. Ние го правиме тоа со тоа што нашите постапки се повеќе енергетски снабдени со земање персонал а помалку вистинска опрема.

ВОДА

Водата е бесценета за нас и сме свесни дека е тоа луксуз што не секој на планетата го дели. Со правење некои производи тврди, избегнуваме користење на неверојатни количини вода. Заштедуваме 450.000 литри годишно од продавање тврди шампони. Ќе продолжиме да контролираме како ја користиме водата во фабриката и ќе ја намалиме и потрошувачката на вода која не се употребува во производите.

КОМУНИКАЦИЈА

Ние сакаме да наговестиме за нашата еколошка изведба на годишни основа за да бидете сигурни дека ги одржуваме живи “зелените прашања“ во срцата на нашите вработени ,потврдувајќи го она дека оваа политика го остварува она што го ветува. Иако зелената порака се наоѓа на врвот, организацијата има потреба од мрежа на луѓе кои ќе ја шират. Па ние ќе продолжиме да ги охрабруваме сите луѓе кои сакаат да помогнат и ќе ги направиме Зелени Помагачи.