Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

И ГОЛО Е УБАВО
 Многу е лесно кога станува збор за пакувањето тоа да звучи пуритански, но овде во LUSH ние навистина сакаме панделки, врвки и ѕвона, преферираме да ги трошиме парите на квалитетни примеси. Наша најголема желба е да пронаоѓаме производи  кои нема да имаат потреба од пакување. Без пакување (голи) кај нас се 70% од производите; шумливи купки, пенливи купки, шампони, чистачи за лице, плочки за масажа, путери за туширање.

Ние сакаме да ги потрошиме нашите пари, кои што не сме ги потрошиле на пакување, на сигурноста дека вие ќе ги добиете најдобрите природни состојки кои може да се купат со пари.

Колку повеќе производи во течна состојба толку повеќе бактерии и микроорганизми кои се развииваат во водата. Доколку се извади водата и тие ќе се отстранат. Во производите во тврда форма нема потреба од додавање на конзерванси кои ќе се борат против овие микроорганизми. Во Lush не ги сакаме конзервансите, тие се направени за да убиваат па ние секогаш наоѓаме начин да го избегнеме тоа. Кога мораме да ги користиме, користиме што помалку можеме, нашите шишенца и кутивчиња преживуваат на полица максимум 14 месеци за разлика од некои други козметички производи кои престојуваат на полица и до 5 години!

Повремено, кога кажуваме голи ние навистина го мислиме тоа во буквална смисла. Во Јули 2007, за да укажеме на недостатоците на прекумерното амбалажирање, нашиот персонал ја фрли својата облека и излезе гол на улиците во една дрска кампања која ги натера потрошувачите да размислат колку непотребно пакување секојдневно плаќаме.

Мнозинството од течни шампони кои се достапни во маркетите се направени од вода; со додаток на хемикалии, мириси, конзерфванси, пластични шишиња... Очигледно е дека единствената причина зошто традиционалниот шампон мора да биде во шише е поради тоа што тој е течен! Lush се запраша себе си - “Што ако ние ја извадиме водата и го направиме шампонот тврд“. Дали тогаш ќе бидеме способни да ги елиминираме пластичните шишиња? Одговорот кој што го добивме беше едно големо ДА.

Правењето на  тврди шампонио исто има ефект и врз побарувачката на конзерванси (ако ја отстраниме водата од производот, микроорганизмите ќе нема каде да се размножуваат а и ќе немаме потреба од конзерванси).

Бидејќи нашите шампон плочки не содржат вода тие се многу концентрирани. Добивате од 80 до 100 миења со само една плочка, што е еквивалентно на 2 до 3 шишиња шампон. Секогаш кога ќе купите тврд шампон вие спречувате 75 грама пластика да биде внесено во околината. Откако продадовме речиси 1.800 000 плочки низ целиот свет ние колективно зачувуваме околу 135 тони пластика за секоја година!