Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

ПАКУВАЊЕ
  Наша страст е да се ослободиме од пакувањето секогаш кога ги дизајнираме нашите производи. Ние користиме што е можно помалку пакување во нашите продавници им оставаме можност на нашите потрошувачи да заминат голи - мислиме на нашите производи (без пакување). Околу половина од нашите производи можат да бидат однесени дома без никакво пакување. Ние заштедуваме близу 6 милиони пластични шишиња на глобално ниво само од продавање на тврди шампони.

Кога пакувањето е неизбежно, ние преферираме да употребуваме рециклирани материјали. 90 %, од тежината, од нашиот материјачл за пакување е од рециклирано потекло а ние работиме и на останатите 10 %.  Ние сакаме нашите пакувања да бидат реупотребени или рециклирани.

Бидејќи рециклирањето на нашите црни кутивчиња не е секаде достапно (иако се направени од чист и нетоксичен материјал), ние одделуваме од нашите пари и за секои 5 вратени кутивчиња ќе ви дадеме свежа маска или попуст.Црните кутивчиња се рециклирани и реупотребливи како материјал. Ние уживаме во потрагата по нови материјали за пакување, а во иднина доколку законодавството дозволи, ние би сакале да започнеме и со надополнување и повторно полнење и да ја зголемиме искористеноста на пакувањето.

ГОЛИ

Во Lush кога ќе кажеме голи ние обично мислиме на нашите производи кои можете да ги купите без пакување како што се нашите шумливи купки, плочки за масажа, цврсти шампони и уште неколку вида производи. Lush иноваторите, уште пред многу години, открија дека со дизајнирањето на паметни производи без вода ќе можат да се направат и без пакување и без конзерванси. Ние заштедуваме 1,350,000 литри вода само од тоа што правиме тврди шампони. За сите оние на кои не им се допаѓа идејата секојдневно да се генерира ново ѓубре, голите производи се одличен начин да спасите барем 30 пластични шишиња  да станат ѓубре. Оставете ги шишињата, фатете се за сапуните!

packagingfact
ПОМАЛКУ Е ПОДОБРО
Кога не можеме да го елиминираме целосно,бараме нај едноставно и минимално пакување за да ја комплетираме работата и користиме рециклирани и биоразградувачки материјали кога е возможно. 

Целосната рециклирана содржина во сите LUSH пакувања е околу 89% (вклучувајќи ги хартиените кеси, алуминиумските кутифчиња, завитканите подароци,машните,кутиите).Тоа значи дека за секој производ купен од LUSH ,900кг од материјалот доаѓа од рециклирани извори.