СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Совети за позелен живот

greenliving

1
Купувајте рециклирано
Помогнете да се создаде поголема побарувачка на производи со рециклирана содржина а со тоа да се испрати порака до производителите.
Купувајте производи од ( или спакувани во ) рециклирани материјали и после користењето повторно однесете ги на рециклирање.
Купувајте 100% рециклирана хартија. Искористете некои идеи и на работното место.
2
Изберете оддржливи состојки и материјали

Купувајте локално, органско, фер тргувано и вегетаријанско. Изберете не токсични рециклирани јога душеци, органски памук, коноп, бамбус.. Со купување на фер тргувано кафе и чоколадо ќе се подржат и земјоделците од помалку развиените земји. Со тоа не само што ќе се промовираат оддржливи земјоделски политики туку и ќе се намали опустушувањето на тропските шуми.

3
Детоксицирајте го вашиот живот

Купувајте нетоксични бои за вашиот дом и користете само нетоксични природни чистачи како што се сода бикарбона и оцет. Ѕие се ефтини а во исто време и сосема безбедни за децата и миленичињата. Купувајте козметички производи со многу малку или без конзерванси ; тврди шампони и регенератори, тврди пенливи купки и путери за масажа, сите тие доаѓаат без пакување и се без конзерванси.

4
Носете си ваша торба

Барајте производи кои ќе може да ги понесете дома неспакувани, ќе останат свежи и неспакувани во пластични кутии. Со користење на                     ваша сопствена торба може да заштедите само вие неколку стотици пластични ќеси во депониите или уште пострашно во водите и планините.

5
Носете си термос

Носете го вашиот термос каде и да одите. Набавете некој добар од нерѓосувачки челик ( не пластичен). Тој ќе го држи вашето кафе или чај топол          со часови а притоа и нема да имате потреба од пластични чаши и шишиња. 

6
Купувајте во стакло

Купувајте млеко или сок во стаклени шишиња. купувајте безалкохолни пијалоци во лименки. Избегнувајте пластични пакувања секогаш кога         можете. Тоа е подобро за вашето здравје и за животната средина.

7
Намалете ја потрошувачката на хартија
Купувајте 100% рециклирана хартија, коверти, папки...  Поедноставно е да користите Power Point за презентација, отколку непотребно да
печатите купови хартија. Побарајте вашите сметки да бидат електонски доставени на вашиот e-mail , не по пошта.
8
Намалете ја потрошувачката на енергија
Пефрлете се на флуоресцентни светла; тие користат многу помалку енергија и траат намалку 10 пати подолго. Користете соларни светилки
во вашата градина. Исклучете ги сите апарати за домаќинсто и сите светилки додека сте надвор од дома. Проверете дали сте го исклучиле
лап топот, микробрановата, кафематот, дали сте го исклучиле полначот за мобилниот. Секогаш загревајте онолку вода колку што ви е
потребно за чаша или 2, а не цел котел.
9
Намалете ја потрошувачката на вода

Не ја оставајте водата непотребно да тече додека ги четкате забите или додека го триете телото под туш со вашиот омилен пилинг. Водата која         веќе сте ја употребиле може да ја искористите за наводнување на цвеќињата или тревникот. Секогаш загревајте само онолку вода колку што ви е потребно.

10
Намалете ја потрошувачката на гориво и присуството на јаглерод
Пешачете, возете велосипед... дојдете во форма а со тоа ќе го намалите и присуството на јаглерод. Еднаш? Двапати? Секој ден?
Сето тоа прави разлика. Наместо да одите со сопствен превоз на работа , користете го јавниот превоз.