Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

 

LUSH производи кои се инспирирани од песни

Има нешто, кое сите не води кон Lush, а тоа се нашите чувства.

Целиме кон тоа да бидеме тивка, а сепак сензуална група која е водена од чувствата. Нашите инвентори се инспирирани од глетките (Австралиските зајдисонца), вкусовите ( кремастите, слатки десерти) и звукот кој се слуша додека ги правиме нашите производи. Тие вообичаено слушаат музика во нивните лабаратории додека ги измислуваат производите, па така воопшто нека не ве изненади фактот дека музиката константно е дел од нас и огормен извор на инспирација за изработка на нашите производи. Направивме компилација од Lush производи, кои можеби и не знаевте дека се инспирирани од песни.


.


 
Sex Bomb. Најпозната, број 1, Lush шумлива топка, именувана во натпревар од страна на млад конзумер на Lush. Инспирирана од песната “Sex Bomb” од Tom Jones, оваа шумлива купка е направена за љубов. Спакувана со секое сензуално, релаксирачко масло кое може да се најде, вклучувајќи ги шалфијата, јасминот, иланг иланг дури и соја млеко, така што слободно може да зачекорите кон вашата када, чувствувајќи се сигурно, мазно и секси. Исто како и музичарот од кој бевме инспирирани, Sex Bomb стана масовно популарен наградуван победник.

 

Blue Skies and Fluffy White Clouds. Во почетоците на Lush (средина на деведесетите), транс и амбиенталната музика беа многу популарни. Еден ден, во својата лабараторија, додека  Марк ги слушал Малите Пуфкасти Облацина Орб, помислил Би можел да направам пенлива купка како оваа песна. Можам да ја направам водата сина како небото, а пуфкастите сини облаци ќе бидат меурчињата. И ако додадеме пачули, темјан и други прекрасни хипи масла, ќе добиеме фантастична амбиентална бања.”  Оваа купка дава прекрасни резултати од тогаш па се до денес.

 

 

Karma Komba. Фановите на Massive Attack ќе ја препознаат нотата од синглот, Karmacoma од нивниот втор албум, Protection. Знаевме дека мораме да го употребиме зборот Karma за овој цврст шампон, бидејќи го содржи класичното Lush пачули, лимонова трева и масло од портокал. Massive Attack имаат освоено повеќе награди во текот на годините, а исто така и нашите цврсти шампони, вклучувајќи ја и Green Packaging Award in 2008. Нема по природно и по зелено пакување од НЕ пакувањето !!!

 

Sympathy for the Skin – Ве молам, дозволете ни да ви ја претставиме  Sympathy for the Skin, со свежо исецкани банани, бадемово масло и инфузија од ванила, која ќе ја чува вашата кожа мека, мазна и исхидрирана во текот на целиот ден. Како што можете да насетите оваа крема го има добиено името по Sympathy for the Devil, песна од Rolling Stone's. Sympathy for the Skin е присутна во Lush веќе една декада и прерасна во многу сакана класика.

 

 

It's Raining Men – За прв пат во историјата, неодоливиот шмек на Honey I Washed the Kids сапунот, стана достапен во форма на гел за туширање. Исполнувајќи ја таа мисија, ни дојде да запееме God Bless Mother Nature! Алелуја !!!