СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Во Јуни 2013 год рускиот претседател Владимир Путин забрани подржување и промовирање на нетрадционалните врска помеѓу двајца од ист пол. Тоа значи дека во Русија ако припаѓате на LGBTQ заедницата нелегално е да ја пропагирате вашата сексуална ориентација затоа што со тоа го кршите законот и традиционалните секуални врски.

Многу од граѓаните кои се согласуваат со Путин го земаат законот во свои раце и LGBTQ заедницата е изложена на насилство и криминал. Законот е архаичен, неправеден и само ги зголемува предрасудите спрема луѓето  кои се различни од останатите. Со тоа се кршат основните човекови права а луѓето кои се борат за своите права се соочуваат со затвор, парична казна па и протерување.

Овој Февруари, Олимписките Игри се одржуваат во Сочи - спортисти, навивачи и многу луѓе ќе се упатат кон Русија за да присуствуваат на овој голем настан. Многу од нив можеби се хомосексуалци и сигурно се загрижени за антигеј кампањата во Русија.  Англија беше повикана да ја бојкотира Олимпијадата но сепак владата на UK реши да учествува.

Како може да помогнете?

Веруваме во љубов, веруваме во љубов помеѓу секого. Како дел од Sign of Love кампањата , Lush прави фото петиција со фотографии кои ќе бидат испратени на 14 ти Февруари -Интернационалниот ден на љубовта,  во сите Руски амбасади насекаде низ светот. Дајте ја вашата подршка и покажете ја вашата солидарност со поставување на фотографија на која сте вие со нацртан розов триаголник со розов кармин. Постирајте ја фотографијата со знакот SignofLove на FacebookTwitter или Instagram.

 

 

 

#SignofLove

Поборници сме на слободната љубов, и веруваме дека сите наши вработени, купувачите и сите во општество во кое живееме треба да се третираат еднакво. За овој Ден на вљубените целото внимание на светската јавност е насочено кон Зимската Олимпијада во Сочи. Ние ги подржуваме сите граѓани кои ја повикуваат Руската влада да го сопре насилсвото врз хомосексуалците.

Покажете ни го вашиот знак на љубовта:

Чекор 1:

Нацртај розев триаголник на твоето тело

 

Чекор 2:

Направи фотографија од себе (selfie) на која се гледа розевиот триаголник

 

Чекор 3:

Постирај ја твојата фотографија на било која социјална мрежа со знакот #signoflove


Запознајте го партнерот со кој соработуваме на оваа кампања.

Соработуваме со All Out фантастична непрофитна организација којa им помага на луѓето насекаде низ светот да ги остварат своите права и да не се плашат да ги сакаат личностите што ќе ги одберат.

All Out се бори против постоечките застарени хомофобични закони и ставови  и се залага за прекин на насилството и дискриминацијата на LGBTQ заедницата низ целиот свет.

ДОНИРАЈ

#signoflove