СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

                        

Потпиши ја петицијата ОВДЕ

Петиција за Ослободување од суровост 2013

Се залагаме во 2013 година да се примени забраната за понуда на козметика во Европската Унија  која била тестирана на животни предвидена во Директивата за козметики и бараме да се отфрли било каков предлог за нејзино одлагање. Морално е неприфатливо да се произведе производ за убавина, а притоа да им се предизвика болка и страдање на животните. ЕУ веќе ги забрани овие тестирања во своите лаборатории но тие продолжуваат насекаде во светот бидејќи компаниите знаат дека сеуште можат да ги продаваат таквите производи во ЕУ. Ние сакаме страдањето да престане. Сакаме ЕУ да биде  Ослободена од суровост во 2013.

Што мислиме кога зборуваме за тестирањето на животни и REACH

Ако сте компанија која произведува или увезува хемикалии во Европа според REACH законодавството имате нови одговорности. Вие морате секои од состојките што ги употребувате да ги регистрирате кај овластени лица од REACH , односно во  Европска Хемиска Асоцијација со седиште во Хелсинки. Без разлика дали се работи за состојка која што е позната од порано или за сосема нова состојка која е ваш изум- сите мора да се регистрираат и да се обезбедат низа податоци за нивната сигурност.

Да земеме некој измислен пример за да видиме како тоа функционира.

На пример произведувате Ванилин ( тоа е вештачка ванила која ја мирисаме секој ден во парфимериите а  се користи и во прехрамбената индустрија за вкус на храната). Треба да се регистрирате во Асоцијацијата и да кажете дека сте производител на Ванилин. Асоцијацијата гледа колку компании ја регистрирале таа состојка и ги организира во група наречена СИЕФ. Тоа значи Форум за Размена на Информации на Состојки. Во друштвото СИЕФ некои копмании се големи некои се мали а може да има и компанија која не го подржува тестирањето на животни и веќе продава состојки на Лаш. Оваа група е одговорна за обезбедување на досие кое ја гарантира безбедноста на состојката кое законот REACH го бараОд вас се очекува да ги обезбедите сите податоци кои се потребни за досието. Ако нешто недостасува кај податоците од сите заедно се очекува да се пополнат празнините во досието.

На пример за Ванилин никој од СИЕФ нема податоци за

-Температурна точка на топење

-Точка на запаливост

-Иритација на очи

Сите заедно треба да се договорите како ќе ги обезбедите тие податоци, а доколку неможете да ги најдете како ќе го направите тестирањето. Ако сами го направите тестирањето треба да се договорите кој ќе плати за тоа и кој од групата ќе го направи тестирањето Може сите да платат однапред , може само една компанија да ги сноси сите трошоци но како и да е секоја членка на СИЕФ мора да разговара за тоа и да донесе сопствено решение.

Но добивањето на информации за иритација на очите е малку по проблематично. Тоа води кон тестирање на состојките на животни бидејќи моментално нема друго решение. Групата СИЕФ треба да и се обрати на Европската Хемиска Асоцијација и да и каже дека треба да направи тестирање на животни со цел да го комплетира досието.

-Затоа Lush е загрижена за REACH

-Нашите добавувачи може да станат членки на СИЕФ кои прават тестирање на животни.

-Благодарение на нашата строга политика да не се тестираат производите на животни сите набавувачи на Lush низ сите овие години ги почитуваат тие правила.

-Нашата полиса е дека ние не купуваме од произведувачи што ги тестираат состојките на животни.

REACH значи дека нашите добавувачи кои претходно беа обврзани да не тестираат на животни сега како членови на СИЕФ за пополнување на досието и покрај своја воља може да бидат дел од тие тестирања.

А тоа нас не прави тажниДа бидеме искрени, после 17 години работа во борбата против тестирање на животни ова навистина не прави лути. Законот треба да ги насочува луѓето да прават работите правилно а не да ги тера да прават нешто што е навистина погрешно.

Lush никогаш нема да се помири со законот REACH се додека од него не се острани тестирањето на животни.

 

Потпиши ја петицијата ОВДЕ