СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Дали некогаш сте се запрашале кој го направил вашиот омилен производ?! Свртете го шишето и погледнете ја задната страна од етикетата и ќе дознаете кој го направил производот кој што го користите.

Grass гел за туширање , за добавување на главната состојка на овој производ е задолжен Ли

Ли е член на нашиот тим за купување на состојки. Тој ја добавува пченичната трева од нашите добавувачи за да се направи Grass гелот за туширање!

Главна состојка: Свеж сок од пченична трева. Ние ја купуваме пченичната трева но сокот  го правиме сами пред да го додадеме во гелот или во другите производи со единствена цел да додадеме свежа состојка полна со витамини.

Turkish Delight крема за туширање, направена од Маду

Оваа кутија полна со Turkish Delight е свежа и рачно направена од Маду.

Главна состојка: Апсолут од ружи кој што е неверојатно ефективен во смирувањето и омекнувањето на кожата, ние го набавуваме апсолутот од ружи од селата во Турција.

Ro's Argan регенератор за тело, измислен од Ровена Бирд

Ровена е наш козметички гениј, таа е главниот виновник за овој наш производ кој веднаш по своето појавување стана еден од најпродаваните производи. Како полн погодок се покажа и тоа што името на производот го направивме од комбинација на имињата на Ровена и главната состојка на производот.

Главна состојка: Масло од Арган, се произведува само во Мароко, богато е со витамин Е и со природни масни киселини. Се верува дека маслото од арган има подмладувачко дејство.

The Olive Branch гел за туширање, измислен од Марк Константин

Марк покрај тоа што е нашиот главен трихолог (специјалист за коса) е и човекот кој што го направи нашиот најпродаван гел на сите времиња The Olive Branch.  

Главни состојки: Фер тргувано масло од маслинки кое што го набавуваме од Израел, свежи мандарини, бергамот и листови од винова лоза.