СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Дали е вознемирена вашата кожа?!

Ладното зимско време може навистина да ја вознемири вашата кожа. Внатре  па надвор и обратно, изложувањето на студ и ветер па на  топлина во канцеларии и продавници каде што има централно греење е комбинација од состојби кои можат да ја остават вашата кожа исушенаи со непријатно чувство...

Но, зошто ова се случува? Затоа што, вашата кожа е лишена од природната влажност поради ветерот, централното греење и ниската влажност. Дури и за тие кои вообичаено немаат сува кожа, зимските месеци може да бидат проблематични.

И за тоа има спас доколку ги следите овие мерки за зимска заштита на вашата кожа.

1. Иако тоа би можело да биде примамливо не се обидувајте да го чистите вашето лице со топол силен туш и омекнувачки чистачи. Ние во LUSH ги користиме најдобрите состојки, антички рецепти и години на стручни искуства. Кај нас тежнееме да размислувате повеќе за резултатот што ќе ни го даде производот а не за неговото пакување. Најдобри за зимска нега се неприкосновениот “bestseller“ Angels on bare skin кој содржи  мелени бадеми кои ќе направат нежен пилинг и ке омекнат, масло од ружи за дополнително омекнување и хидратација, лаванда и камилица за смирување на сите црвенила и иритации.

Подеднакво добро за овој период е и “9 to 5” млекото за чистење на лице со бадемово млеко и орхидеи.

Пробајте да се истуширате со некој од Lush путерите кои ќе ја направат вашата кожа мека, мазна и многу пријатна за допирање. Тој ефект се добива со помош на комбинацијата од омекнувачки, смирувачки и навлажнувачки какао и шеа путер и масла од ружа, сандал, кокос, лаванда... кои се измешани со ексфолирачки честички од мелени бадеми, мелен азуки грав, лешник, мелен вулкански камен...  кои ќе исполираат и дополнително ќе омекнат. Секако не заборавајте да пробате и некоја крема за туширање.

2. Хидратација! Одржувањето на вашата кожа хидрирана ќе го спречи сушењето на кожата и чешањето. Затоа немојте да се размислувате и пробајте ја “Dream Cream” eлегантна, едноставна формула која содржи само состојки кои што ќе и помогнат дури и на изгорена и лесно раздразлива кожа. Како основа има овесно млеко помешано со ружина вода, маслиново масло, апсолут од ружи, масло од камилица, чајно дрво и лаванда.

3. Јадете и пијте добро! Колку и да звучи чудно, пиењето вода и континуираното конзумирање на многу овошје и зеленчук во зимските месеци ќе ја задржи вашата кожа мека и еластична.

4. Не заборавајте секоја недела да си направите Lush третман на лицето! Освежете ја кожата со маска за лице со пеперминт, мед, невен, каолин...  продолжете со тоник за лице со чајно дрво за смирување или пак со лаванда или ружи за урамнетежување или омекнување. И за крај не заборавајте да ја изнегувате кожата со соодветна крема за лице. Нашите креми содржат свежи овошја и зеленчици, природни масла и путери. Ние сакаме парите да ги трошиме на свежи состојки, многу од нив се органски и фер тргувани кои ги мешаме во секој крем за лице, а не на фенси пакувања.