Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

НЕГА НА КОСА - МИТОВИ

Урбаните митови не се ограничени само на хорор филмовите; не верувајте во се што ќе слушнете за нега на вашата коса… Овде ќе разјасниме некои од митовите кои се однесуваат на нега на коса.

Повеќе шампон = почиста коса

Немојте да правите на вас непотребно многу пена и залудно да го трошите шампонот. Само количина колку една мала лажица е доволна за да се измие долга коса. За многу долга коса можеби ќе биде потребно малку повеќе шампон. Нашите тврди шампони се предвидени за 50 до 90 миења на косата во зависност од нејзината должина. Тајната за здрава и чиста коса не е во количината на шампон а уште помалку во количината на пена која што ќе ја направи туку во состојките од кои што е направен шампонот. Прочитајте ја етикетата и декларацијата за да го разгледате составот на шампонот а потоа може и да прочитате малку повеќе за состојките.

 

Косата мора да се шампонира секој ден

Ние продаваме шампони па ова правило нам многу би ни користело но сепак ние пред се веруваме во искреноста. Многу честото миење (шампонирање) на косата може да и наштети на косата и да предизвика скалпот да лачи повеќе маснотии а косата да стане помрсна. Ако имате многу мрсна коса и притоа ја шампонирате два пати во денот веднаш треба да намалите на само едно миење, ако пак ја миете секој ден пробајте тоа да го правите секој втор ден. Можеби ќе ви биде потребно недела до две да се нормализира функцијата на скалпот но резултатот секако ќе вреди за да се постигне крајниот ефект. Додека да помине периодот на прилагодување може да ја носите собрана вашата коса за полесно да ја држите под контрола. 

Потребно е често да се менуваат шампоните

Секоја коса си има свое по малку чудно однесување но тоа секако не е поради тоа што се презаситила или пак и се здосадил шампонот па поради тоа бара малку промена. Промените на косата настануваат доколку сте често во прозтории кои се климатизирани, доколку косата ви е изложена на силни сончеви зраци, доколку често користите хемијски средства за стилизирање или боење на косата... - сите овие причини придонесуваат да се промени однесувањето и потребите на косата. Тие може да предизвикаат костата да изгледа: разлетано или сплескано дури и безживотно. Користите шампони кои ќе и дадат живост и ревитализација на вашата коса.

На мрсната коса не и е потребен регенератор

Без разлика колку е масен вашиот скалп, регенераторот е потребен за да го подобри квалитетот на влакноти, тој е многу важен дел во негата на косата. На сите типови на коса им е потребен регенератор, само треба да се внимава каков регенератор ќе се одбере и секако како се нанесува. Најчесто на врвовите повеќе им е потребен регенератор отколку на корењата. Најлесен начин за нанесување е по методот “од ушите надолу“. Ќе започнете со нанесување на регенератор од врвовите и ке продолжите се додека да стигнете до висина на ушите, овде ќе престанете. Само доколку имате многу сува коса може да се нанесе регенератор и до корењата или пак доколку имате масна коса а користите регенератор кој што ќе ја избалансира функцијата на скалпот секако деке може да се нанесе и на корењата. На крај се исплакнува регенераторот по кој косата треба да биде навлажнета и нахранета со повеќе сјај и во подобра состојба и ќе биде поотпорна на сите фактори кои придонесуваат за нејзино оштетување.

Регенераторот може да ги регенерира испуканите врвови

Само со кратење на косата може да се спасите од испуканите врвови. Меѓутоа регенераторот ги мазни кутикулите на косата и ја остава во подобра состојба. Ние го направивме Shine So Bright за да се забави процесот на разделување на врвовите со тоа што ја негува косата со кокосово и маслиново масло, шеа путер и јајца за неодолив сјај и зголемена цврстина на косата.

 

---> Како да ја одберете вистинската нега за вашата коса ---> овде