СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

 

Како да го одберете вистинскиот шампон за вас?

 

Мијте ја косата со шампони кои имаат квалитетни состојки а со ќе и дадете нега за скалпот и влакното со што значително ќе се подобри квалитетот и состојбата на косата. Потребите на косата со тек на време се менуваат во зависност од начинот на живот.Од тука произлегуваат и нашите варијанти на шампони: тврди, течни и полутечни.

Разгледајте ги следните одговори за да ја добиете вистинската нега за вашата коса!

Вашата коса би ја опишале како:

  • A) Нормална, не ми прави проблеми.
  • B) Безживотна, навистина е тешко да се доведе во добра состојба.
  • C) Разлетана и/или сува на допир.
  • D) Масна и млитава без здрав сјај.
  • E) Мојата коса е добра ама скалпот ми е проблематичен.
  •  
  •  

Мојата вообичаена рутина за миење и нега на косата е:

  • A) Миење со шампон а кога и е потребно и повремено користење на некои други производи.
  • B) Миење со шампон, регенератор, пеглање, средства за стилизирање и редовно хемијскио боење.
  • C) Миење со шампон и регенератор 3 или 4 пати во неделата.
  • D) Миење со шампон секој ден.
  • E) Повеќе сум насочен/а кон нега скалпот отколку на косата.

 

Откако ќе ја измијам мојата коса е:

  • A) Чиста и лесна за средување.
  • B) Како да има потреба од поголема нега за да моам да го постигнам посакуваниот изглед.
  • C) Жедна за регенератор односно за повеќе хидратација.
  • D) Помалку мрсна од вообичаено.
  • E) Здрава и чиста.

 

Мојата цел за мојата коса е да :

  • A) Ја одржам во оваа состојба!
  • B) Преживее барем уште еден ден!
  • C) Ја чувствувам мека и исхидрирана.
  • D) Ја чувствувам по избалансирана (не масна) со поголема живост.
  • E) Го избалансирам (смирам) скалпот за да уживам во мојата коса.

 

Според мене, добар шампон покрај тоа што ќе ја исчисти косата треба и да:

  • A) Се користи и да делува едноставно - без многу оптеретувања.
  • B) Ја омекне косата и таа да се чувствува по изнегувано и луксузно.
  • C) Ја зголеми хидратацијата и еластичноста.
  • D) Се бори против вишокот на маснотии и да даде волумен.
  • E) Ги држи под клонтрола проблемите на скалпот.

Најмногу одговори A укажуваат дека вашата коса е во тип - топ форма -  вие сте среќници!  Но нетреба да се заборави дека треба да продолжите со нега за да ја задржите и понатаму во одлична форма. Најверојатно вашата рутина за нега на косата е едноставна , затоа ви нудиме неколку производи кои покрај тоа што се одлични шампони се однесуваат и како регенератори.

Ви предлагаме: Како основа за чиста коса а притоа да ја одржи во одлична форма се  Fair Trade Honey Shampoo  и Cynthia Sylvia Stout, кои се во течна форма и имаат екстра состојки кои се однесуваат како регенератор (како мед, црно пиво и сл.) тие ги прават овие шампони да бидат одличен избор за здрава и негувана коса со минимален напор за постигнување на целта. Друг шампон кои имаат универзална употреба и е во цврста форма е Karma Komba

 

Најмногу одговори под B укажуваат на тоа дека на вашата коса и е потребна рехабилитација (they tried to make you go to Rehab, but you said No! No! No!)  Никогаш не е доцна за LUSH опоравување со Rehab. Миејќи ја вашата коса со Rehab е како да ја миете косата со цела палета на производи за зајакнување и рехабилитација на косата со многу квалитетни состојки. Никогаш не е предоцна да имате коса каква што посакувате - но ќе треба да го промените начинот на негување.

Ви предлагаме: Rehab шампонот - нешто што секогаш ќе го имате на ум веднаш по првото користење! Стресот на косата додека ја обојувате или стилизирате со јаки средства како и други начини на третирање можат значително да го нарушат квалитетот на косата. Кога косата е деликатна и склона кон кинење (пукање) алтернативна опција за да се ублажат несаканите ефекти се Daddy O и Blousey кои ќе ја регенерираат косата и ќе и ја зголемат еластичноста. New hair тврдиот шампон е уште една опција која ќе ја зголеми циркулацијата и ќе го поттикне растот а ќе го спречи опаѓањето. Дури и кога се користи само повремено може да стимулира здрав раст на косата а билните инфузии се одлични за котикулите дел на косата кој е задолжен за сјајот.

Најмногу одговори под C укажува на тоа дека вашата коса е пресушена! Најдобро е да започнете со навлажнување на косата, да ја исхидрирате жедната коса користете мега-навлажнувачки состојки како што се: шеа путер, кокос, маслиново масло и морски алги.

Ви предлагаме: Најдобар LUSH избор би биле Curly Wurly (за сува и виткана)Rehab, и Cynthia Sylvia Stout. Godiva исто така е добар избор затоа што во себе содржи и регенератор и е во тврда форма. Сите шампони најдобро се дополнуваат со соодветен регенератор и крема за стилизирање која ќе дава влажност и мекост.

Најмногу одговори под D укажуваат на тоа дека имате проблем со маснотијата. Ова може да биде и добра работа - вашата коса може да биде во добра форма бидејќи себумот ја заштитува од сите надворешни влијанија. Но ние ја разбираме и потребата од интервенција кај ваков тип на коса. Бидете внимателни и немојте многу често да ја миете косата уи скалпот - тоа може само повеќе да ги влоши работите. Наместо тоа користете шампони кои што во својот состав содржат есенцијални масла од лаванда, рузмарин и смрека за да ја нормализираат функцијата на скалпот.

Ви предлагаме: No Drought - сув шампон, одличен е за стилизирање на косата, микро-фината пудра ќе го апсорбира вишокот на маснотија и ќе го отсрани чувството на замастеност на скалпот и косата. Секојдневното миење со шампони кои имаат билна основа ќе помогнат во нормализација на функцијата на скалпот по една или две недели. Пробајте ги  Jumping Juniper тврдиот шампон или Seanik доколку сакате на косата да и додадете и малку волумен. Од течните шампони ви ги препорачуваме I Love Juicy за одмастување на косата и Big за да го исчисти скалпот и да даде здрав сјај и волумен на косата.

Најмногу одговори под E укажуваат дека потеклото на сите проблеми се наоѓа во корењата на косата. Ако имате проблематичен скалп тогаш е тешко да ја третирате косата - мора прво да ги решите проблемите на скалпот. Исто како во градина потребна е здрава и плодна почва за да израснат здрави и убави плодови. Проблемите на скалпот може да бидат предизвикани од нај различни причини - доколку ја знаете причината најлесно ќе ги решите. Општо земено смирувачките билки како камилица и лаванда ќе ги намалат воспаленијата и иритациите и ќе ја поттикнат нормалната и здрава функција на скалпот.

Ви предлагаме: Squeaky Green и секако Soak and Float  се тврди шампони  кои се одличен избор за да ги исчистат несаканите “снегулки“ и да го смират проблематичниот скалп. Антимикробното масло од смрека (крмус) во  Soak and Float  е исклучително ефективно против првутот. А за скалп на кој му е потребен добар пилинг ви го препорачуваме Big кој ќе направи ексфолијација-тој е добро решение за коса која што е спласната и безживотна да и даде здрав сјај и волумен.