Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Тестирање на животни:

Animal Testing:

 

 

Нешто за кое треба да се прослави и нешто за кое што треба да продолжиме да се бориме.

 

Ние во Lush сме пресреќни што конечно можеме да прославиме бидејќи Козметичката Директива за забрана на тестирање на козметика врз животни конечно стапи во сила на 11 Март 2013. 

Оваа козметичка директива ја прави Европската Унија да биде прва зона во светот каде што тестирањето на козметика врз животните е забрането. Ние се надеваме дека и остатокот од светот ќе се огледа и ќе ја усвои оваа забрана! 

Јавноста во европа одигра огромна улога во целиот процес. Континуираниот притисок на јавноста низ Европа уште од 1980 година ги присили законодавците да го усвојат овој закон - само притисокот од јавноста ја одржа целата процедура да се движи по вистинскиот пат иако постојано загонот беше одложуван. Само минатото лето нашите верни потрошувачи низ цела Европа потпишуваа петиција за ослободување од суровост инсистирајќи на конечно донесување на легислативата на 11 Март по сите одолговекувања и одложувања. Секој кој што ја потпишал нашата петиција треба да биде горд бидејќи продонел во донесувањето на овој закон а со тоа и ги заштитил животните.

Сега знаеме дека притисокот на јавноста придонесува за донесување на големи и важни одлуки - да се обидеме уште еднаш да ја искористиме оваа моќ и да им помогнеме на уште повече животни.

Со Козметичката Директива се опфатени односно забранети тестирањата на животни коио се однесуваат само за тестирање за козметички производи. Но некои од состојките кои се употребуваат во козметиката сеуште се тестираат врз животните во рамките на новata REACH хемијска легислатива - животните сеуште се изложени на ризик и им е потребна нашата помош.

REACH легизклативата е напишана 2007 година - во неа стои дека тестирање врз животни е дозволено само кога не пости можност за неживотинско тестирање. REACH законодавството им кажува точно на компаниите кои тестови треба да се направат за кои состојки - има листа на неживотински алтернативи на тестирање кои мора да се користата и листа на тестирања врз животни кои мора да се направат доколку не е возможно неживотинско тестирање. Компаниите мора да ги следат овие правила.

REACH легислативата пропишува и можност за редовно обновување и додавање на нови неживотински алтернативи за тестирање на состојките постепено како што се пронаоѓаат. Тоа е пропишано со надеж дека во блиска иднина никакви тестови врз животни нема да бидат потребни.

Но тука е и проблемот!  REACH легислативата не е обновена откога е напишана, односно од 2007.  Од тогаш многу неживотински алтернативи за тестирање се развиени и многу тестирања врз животни се прочистени ( подобрени протоколи што значи дека за секое тестирање ќе се искористат или убијат помалку животни. Со тоа што не се додаваат овие тестирања во REACH насоките за тестирање, REACH ги крши своите правила – и многу животни (можеби и милиони) умираат за време на тестирање бидејќи компаниите неможат да ги користат новооткриените методи додека законодавството не ги прогласи за погодни.

Затоа  LUSH ја подржува петицијата на Humane Society International's , за јавноста да има повторно можност да и каже на администрацијата на REACH дека ова не е доволно добро и дека ние ги надгледуваме и ги чекаме да ги обноват протоколите за тестирање. Тие треба да знаат деја јавното мислење сеуште силно се залага да се спречи тестирањето врз животните. Ве молиме да ја потпишете иницијативата наe Humane Society International's => ОВДЕ .

Затоа да прославиме сите за постигнатите резултати и за моќта на луѓето да ги заштитат оние кои неможат да се бранат самите. Но и налутено да го кажеме нашиот протест против се она што не е направено за да се заштитат животните од непотребните тестови.