СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

најди го пролEтното виножито !!!

Преку боите може да се искажуваат емоциите на многу моќен начин. Тоа е и принципот на Emotional Brilliance - спектар кој што носи експлузивна терапија на умот преку уметноста на боите, односно комбинација на Колор терапија со  Лондонската терапија со силни термини за секоја боја која е развивана од Hellen Kenedy која е терапевт за стратегијска промена на однесувањето. Таа помогна да се спои секоја боја со терминот (името) кој е на нив испишан.

ЦРВЕНA - симболизира важност - привлекување на внимание. Во различните култури низ светот црвено обоената влезна врата симболизира многу различни нешта од безбедност и заштита до просперитет и добредојдовте. Универзално е признаена “моќта“ на црвената боја, баш поради тоа најразличните тонови на црвена боја во Emotional Brilliance се именувани како СилаМоќРешителност, и Aмбиција. Црвената е боја која што иницира брз одговор во човечкиот мозок. Носете црвена боја за да ги пренесувате вашите пораки јасно и гласно.

Портокалова - оваа боја е гласник и се употребува во сообраќајните и знаците за градежништво. Портокаловата е поткревачка боја, ги држи работите поткренати на повисоко ниво затоа и ја употребуваме во The Olive Branch. Светла и мека боја која е помешана со состојки како лимони, мандарини и бергамот. Овие масла се одбрани поради нивните смирени и развеселувачки ноти односно преку Ароматерапијата ке се намали тензијата, анксиозноста и стресот кој што не прави да се чувствуваме спуштено, потиштено. Цитрусните масла бликаат со чиста енергија и го исполнуваат вашето срце со сонце, радост и ведрина. Значи портокаловата боја е социјална боја и може да биде моќен поттик за нашите мисли и желби. Пробајтего портокаловиот Karma сапун за да ви донесе малку топлина и веселост во животот. Karma е нашиот најпродаван сапун насекаде низ светот.

Жолта -  кажува Да. Предодредена е да биде среќна боја. Таа е полна со светлина. Sexy Peel сапунот зрачи со лимоново-жолта енергија, здрава количина сок од лимон и есенцијално масло од лимон. Иако потеклото на лимонот е од Кина, постојат записи за одгледување на лимони на Медитеранот уште од пред 2,000 години. Од Европа овошјето се раширило насекаде и станало едно од најпрепознатливите овошја насекаде низ светот. Неговиот жолт лик најчесто се поврзува со чистота, осветлување и освежување. Жолтата боја исто така симболизира и будење на сетилата како и изгревање на сонцето и раѓање на новиот ден. Кога животот ќе ни даде лимони ние ги правиме нашите купки. За експлозија од позитивност, нема подобра бања од светлата и освежителна пенлива купка Sunnyside. Под освежителната прекривка од меурчиња нурнете се во златниот базен, а од кога ќе се натопите ќе го почувствувате сонцето кое се разбудило во вас. 

Зелена - секогаш се поврзува со свежина и виталност. Avobath содржи авокадо кое е богато со A, E, и C витамини. Во 2012 ние употребивме 674 000 килограми авокадо во нашите производи, тоа би било колку едногодишен род на 25 авокадо дрва. Бањањето во када во вода богата со авокадо ќе ви го смири умот, ќе го отфрли стресот и ќе ја изнегува кожата. Зелената е ментално смирувачка боја, ги смирува нервите и напнатоста и го поттикнува обновувањето на телото и умот.  

Сина -  смирено развивачка. Постои затишје во сината боја и во сите нејзини нијанси, како да го крие океанот во себе. Big Blue шумливата купка ќе ви направи ваша лична оаза, ќе одговори на повикот на сирените за мирни и тивки води итсо како и туширањето со сапунот Sea Vegetable. И во двата производи има морски алги Араме кои ја хранат кожата и содржат антиохидантен бета-каротин и многу витамини и минерали. Морските алги содржат и до 20 пати повеќе хранливи материи од земните растенија. Dorothy пенливата купка е уште еден син производ кој што е одличен за деновите кога сакате да го најдете виножитото. Таа мириса како приспивна песна која поминува низ цветни градини со грмушки со рози и расцветани дрва портокали.

Индиго - повикува на интровертна перпектива. Неколку производи ја имаат оваа длабоко, маглива и мистична боја која нуди можност да размислувате додека однадвор се чисти и негува вашата кожа. Таа е виолетова со нијанса на темнина - црнило во неа. Sweetie Pie желето за туширање има индиго боја со светки кои додаваат по малку магични елементи во желето направено од карагенан - гел од морски алги и глицерин. Овој производ може да се употребува замрзнат (само му се зголемува густината) или да го користите директно од кутивчето на тело или коса или да се забавувате додека се опуштате во полна када. Оваа боја е совршена за производ за туширање бидејќи ќе ве утеши додека производот ја омекнува вашата кожа. Ако сакате подолга бања може да продолжите со Twilight  шумливата купка за нуркање во индиго бања. Не дозволувајте да ве излаже со првичниот розеникав ефект таа се развива бавно како драматично зајдисонце. Постојат три различни фази на времето помеѓу денот и ноќта познати како САМРАК (TWILIGHT), како одраз на реалниот износ на светлина на небото. Има граѓански, наутички и астрономски самрак (twilight) и сите имаат свои препознатливи карактеристики исто како и Twilight  шумливата купка.

Виолетова -  оваа боја си игра со нашата имагинација. Таа има невин вкус на надеж и фантазија. Blackberry Bomb ви е потребна секогаш кога сакате да ја вклучите вашата имагинација. Веселиот мирис на црна рибизла веднаш ќе ги развлече краевите на вашите усни кон ушите. Маслото од бергамот ќе ве ослободи од напнатоста а темјанот ќе се обвитка околу вас како топла сигурна прегратка. Виолетовата боја е одлична за да сонувате а може и да ја подобри и продлабочи медитацијата.

Луѓето носат најразлични бои поради најразновидни причини - боите се многу моќни сензори. Боите и бенефитот кој што тие го носат во нашите животи се испреплетени во LUSH производите како разигран калеидоскопски ефект. Ние тоа го правиме со мешање на чуствата како мирис, вид и секако допир комбинирани во едно силно  и ефективно LUSH искуство.