СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

 

Како се прави шеа путер!

Шеа дрвото расте во тропскиот дел на Африка и може да достигне висина и до 15 метри. Во превод значи свето дрво. Неговите плодови се многу вкусни, но покрај за храна ние ги користиме во нашата козметика за добивање на шеа путер. Лековитите својства на шеа путерот им биле познати на Африканците уште од пред 2000 години

-Неодамна ги посетивме нашите добавувачи на Шеа путер во Гана а тоа е Женската Задруга Ојоба. Од нив го научивме процесот на правење на  Шеа путерот се од почетокот кога се лупат лушпите па до добивањето на кремастиот финален производ.

1.   Група на жени ги собираат плодовите од околните шеа дрва . Потоа  ги кршат  ја отстрануваат лушпата и внимателно ги мијат.

2.  Чистите плодови кои се отстранети од лушпите се распрделуваат на бетонска подлога за убаво да се исушат.Некои од жените се специјализирани за прегледување  и отстранување на оштетените плодови кои можат да го доведат до прашање квалитетот на путерот.

3.Сувите плодови се носат внатре и се мелат се додека не се добие фин прав што личи а и мириса на какао во прав.

4. Здробените плодови се носат надвор за да се печат.Истовремено чените од Ојоба употребуваат два различни методи- едниот е печејќи ги во големи буриња над отворен оган  а другиот во печки на соларна енергија. И за двата методи треба само по пола саат.

5. Вака убаво испечени и вкусни повторно се враќаат во ГРИНДЕРОТ за да се добие густа пемна паста.

6. Е сега доаѓа најзабвниот дел-месењето.Шеа путерот се меси рачно се додека маснотијата ( маслото) не избие на површината. Ќе се запрашате зошто не употребуваат машини за месење??Тие откриле дека квалитетот на путерот е подобар кога рачно се меша. Обично се потребни 30-40 мин ритмично мешање на три жени за да се добие еден БАТЦХ

7. На вака изматениеот путер додаваат свежа вода за да се одели тврдиот дел од мслото.

8. Цврстиот путер се вари во голем казан на отворен оган за да се оддели уште повеќе.Маслото што ќе излезе на површината се собира и се остава да се олади. Тоа  е  готовиот финален шеа путер.

9. Цврстиот путер рачно се пакува во 25 килски пакувања и е спремен да се испрати во LUSH!

 

Петте топ моменти во Гана кои никогаш нема да ги заборавиме

 

Минатиот Февруари пропатувавме околу 7000 милји околу земјината топка само за да го запознаеме нашиот добавувач на шеа путер , Женското Здружение за производство на шеа путер –Ојоба    од Болгатанга , Гана. 

За сите пет дена додека бевме таму доживеавме прекрасни моменти кои никогаш нема да ги заборавиме.А што најмногу ни се допадна? Не можеме да одбереме само едно нешто. Еве ви прикажуваме пет незаборавни моменти.

5. Играњето.

Играњето е многу важен дел од Фрафра културата. Не се пропушта ни една причина за танцување; дочекување и испраќање на гости,заблагодарување, радување на заеднички средби ....и така тоа продолжува. Само да има некој било каков повод одма се танцува.На формалните свечености сите жени се собираат во круг а потоа секоја од нив посебно игра во центарот.Нема музика, само нивните гласови и плескањето со рацете со кои го одржуваат ритамот и меѓусебно се подржуваат во играта.Навистина е прекрасно да се почувствува неверојатната енергија која се шири насекаде додека тие танцуваат со целото тело.Ако не сте го гледале видеото од патувањето во Гана веднаш направете го тоа!

4. Брцнувањето на рацете во шеа путерот 

 

Дали се надевавме дека ќе правиме шеа путер? Па се разбира. Дали размислувавме дека сами ќе го направиме? Нема шанси! Ама за среќа жените од Ојоба ни помогнаа во тоа.Путерот беше лесен и мек ама беше многу тешко да се меси повеќе од минута две.сепак навистина беше прекрасно да се почувствува состојката како жеа путерот која ја има во многу наши LUSH производи.

 

3. Ах-ХАААААПрослава по повод отварањето на библиотеката во Ојоба

Од својот труд жените од Ојоба успеале да заштедат 6000 долари  а со тоа помогнале да се отвори новата заедничка библиотека. (остатокот од средствата се донација од LUSH UK ).Па така по тој повод се одржа голема забава на која зборуваа поглаварите на останатите пет села од околината , жените од заедницата танцуваа а децата се смееа и забавуваа. А тогаш и дознавме за смешниот израз на одобрување во нивната култура а тоа е Ах хааааа!

2. Запознавање на жените

За време на нашето патување се запознавме со стотици жени од здружението а разговаравме само со шест од нив за промената во нивните животи од кога се приклучиле на Ојоба заедницата.

Бевме затекнати и изненадени од отвореноста и љубезноста спрема странците како нас.Тие зборуваа за достигнувањата и за борбата за подобар живот. Со нивното топло пријателско однесување се почувствувавме како да се знаеме отсекогаш.

1. Разделбата и поздравувањето

Неделата која ја поминавме во Гана никогаш нема да ја заборавам.Ојоба Здружението не пречека со раширени раце а секоја жена која ја запознавме ни остави неверојатен впечаток. Ни подарија рачно направени блузи со кратки ракави и ни дадоа пакување од шеа путерот за кој и ние помогнавме да се направи. А се разбира танцувањето и гушкањето беше неизбежен дел од разделбата.