СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Кога станува збор за нега на мажи ние во Lush сме убедени дека најчесто најдобрите состојки за нега на машкото тело се едноставни и свежи: билки, овошја и зеленчуци кои ќе дадат најдобри резултати за здрава и сјајна коса и свежа и мазна кожа.

 

 

KALAMAZOO чистач за брада и лице

Доколку имате брада ви предлагаме да се навлечете на ананас за да ја  задржите мека и чиста . Нашиот нов производ за чистење на брада и лице Kalamazoo  е полн со ензимску свеж сок од ананас кој ја отстранува нечистотијата а ја задржува кожата мека и свежа.

На веќе навлажнето лице и брада нанесете мала количина од производот, убаво измасирајте додека несекаде не ја почувствувате кремастата структура, на крај исплакнете.Немора да имате брада за да го користите овој производ. Тој е подеднакво дарежлив како кон брадата така и кон кожата, покрај богатството од состојки содржи и бадемово масло и купуаку путер кои што ќе ја остават брадата мека и сјајна а лицето исхидрирано и мазно.


 

 

 

Dirty

Оваа колекција е за момци кои сакаат свеж и секси мирис. Вистинско будење со поткревачки ноти од кристали од ментол, мајчина дужица, тарос, мов од даб и сандалово дрво, многу чист и софистициран мирис.

Доколку не сакате брада Dirty shaving cream е одличен производ за да го измазните лицето а притоа да ја остави кожата смирена и мека. Во него има масло од шафран, шеа путер и овесно млеко за да ги смири иритациите и да ги намали црвенилата, масло од сандалово дрво и лаванда за да ја тонизираат кожата и мед за мазно и меко бричење.

Дајте и на вашата коса “Dirty Look“!!! Dirty hair style e крем за стилизирање на коса кој што ќе ви ја даде посакуваната фризура а притоа ќе ја задржи вашата коса мека на допир со природен изглед. Исправете ја косата нагоре или спуштете ја надолу, скротен или разбушавен изглед сеедно оваа мешавина од какао путер, рузмарин, лилип путер, канделила восок ке ви помогне да ги реализирате сите ваши замисли.

Кога мажите одат под туш ние знаеме дека тие сакаат производ кој што ќе ги направи да се чувствуваат свежо и чисто. Dirty springwas е гел за туширање со освежителен спеарминт, деодорирачка мајчина душица и кристали од ментол за екстра свежина. Може да се користи и за миење на коса што го прави да биде вистински избор за освежување после тренинг.

За сите мажи кои се постојано движење имаме моќен деодорирачки Dirty body spray. Без разлика колку сте зафатени, без разлика дали е ден или ноќ  само спакувајте го во торба овој спреј за тело со масла од сандалово дрво, лаванда, тарагон и спеарминт кој ќе ви помогне во текот нацелиот ден да си го задржите чувтвото на свежина.

Dirty toothy tabs се таблети за мињене на заби и освежување на здивот и вистинско орално задоволство од спеарминт и нероли.