Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

LUSH E ПРОТИВ ТЕСТИРАЊЕ НА ЖИВОТНИ

Ние никогаш не ги тестираме нашите производи или состојки на животни и не вклучуваме добавувачи да тестираат во наше име

Додека некои козметички компании само избегнуваат употреба на состојки тестирани на животни, Lush политиката на работење ни наложува дека ние нема да соработуваме со ниту еден добавувач на состојки кој што ги тестира на животни без разлика за каква цел се прави тоа, дали зтанува збор за козметика, храна, фармација...

 

Сите наши добавувачи мораат да потпишат изјава дека се придржуваат до оваа политика, изјавите се повторуваат на годишна основа и при секоја нова нарачка на состојки. Покрај тоа целиот синџир на снабдување е ревидиран од страна на независен консултант за да се осигура дека добавувачите ја почитуваат согласноста која што ја дале.


Како  нашите производи се безбедни?
Ние сметаме дека тестирањето на козметика на животни е непотребно и несовесно а и научно несигурно. Ние сакаме да знаеме дека нашите производи се безбедни за луѓето, затоа нашите производи строго се оценуваат а потоа се тестираат на група волонтери. Нам ни помага тоа што ние преферираме употреба на природни состојки со долга историја на употреба во козметика, а кога употребуваме синтетички состојки, ги избираме само оние кои имаат докажана безбедност.


Дали LUSH Води капања против тестирањето на животни?

Основачите на Lush имаат долга историја во нивното инволвирање во движења против тестирање на животни која што датира уште од крајот на седумдесетите години. Затоа и Lush беше основан на многу строги политики и вредности Против Тестирање на Животни. Ние даваме голема подршка на развојот на неживотинските методи на тестирање и сме активни во кампањата да се заменат застарените и сурови експерименти на животни. Lush е исто така активно вклучен во обидот да се спречи употребата на животни во Европската најголема програма за тестирање на животни REACH, и да се обезбеди ЕУ козметичка директива, која повикува на забрана на тестирања на животни на сите готови козметички производи и состојки од 2009, како и нејзино целосно реализирање и имплементирање.