СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

ТУШИРАЊЕ

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Ro’s Argan Body Conditioner

    Maja

    Најубавото нешто што го имам ставено на својата кожа :)

  • Buffy

    Hristina

    FANTASTICEN!!! Vidlivi rezultati ODMA :) Kozata ja ostava mazna, hidrirana, meka, mirisna ... prekrasno cuvstvo <3

  • Buffy

    AmBi

    Prekrasen e ! Go Obozavam :) Kozata e tolku meka, nezna, neguvana vo tekot na celiot den!

  • Baked Alaska накратко

    Baked Alaska

    сапун за тело

    Сапун инспириран од голема снежна топка, кој кога ќе се исече ќе ве изненади со раскошните бои. Мешавина од освежително масло на органска лимонова мирта и грејпфрут со масло од иланг иланг за ослободување од стрес и релаксирање на целото тело. 

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Buffy накратко

    Buffy

    путер со пилинг за туширање

    Ексфолирачки пилинг за бутови, задник и стомак. Користете го Buffy на мокра кожа, под туш или во када за да ве направи помазни и помеки на допир. Размачкајте го насегаде по телото но обрнете посебно внимание на проблематичните делови бутови, задник и стомак. На крај исплакнете ги зрната од мелените : бадеми, ориз и азуки грав. Откога ќе се исушите ќе се уверите дека после Buffy нема потреба да се нанесува лосион за тело. Какао и шеа путерот ќе ја омекнат и навлажнат вашата кожа. Истријте го целулитот!

    Достапен

    550мкд / 90g

  • Buffy Large накратко

    Buffy Large

    путер со пилинг за туширање

    Ексфолирачки пилинг за бутови, задник и стомак. Користете го Buffy на мокра кожа, под туш или во када за да ве направи помазни и помеки на допир. Размачкајте го насегаде по телото но обрнете посебно внимание на проблематичните делови бутови, задник и стомак. На крај исплакнете ги зрната од мелените : бадеми, ориз и азуки грав. Откога ќе се исушите ќе се уверите дека после Buffy нема потреба да се нанесува лосион за тело. Какао и шеа путерот ќе ја омекнат и навлажнат вашата кожа. Истријте го целулитот!

    Достапен

    995мкд / 200g

  • ButterBear Shower Jelly накратко

    ButterBear Shower Jelly

    желе за туширање

    Завијте се во негувачка мечкаста прегратка полна со путер од органско фер тргувано какао и Иланг Иланг.  Маслото од Иланг Иланг го поправа расположението за да не се чувствувате мрачно.

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Cherryish накратко

    Cherryish

    пилинг за туширање

    Ромео и Јулија вака сигурно не се чувствувале, затоа што сигурно никогаш не го пробале овој пилинг со цреша и чоколадо. Негувајте ја кожата со хранлив пилинг од фер тргуван какао путер и ситна морска сол. Мелените семки од цреша ќе помогнат да се поттикне циркулација, а слаткото масло од бадем и апсолут од какао се заслужни за прекрасен топол мирис.

    Достапен

    550мкд / 100g

  • Christmas Citrus накратко

    Christmas Citrus

    limited сапун за тело

    Маслото од лајм и инфузијата од лимон ќе го поправат расположението а бергамотот ќе поттикне чувство на среќа. После туширањето со овој сапун ќе се чувствувате ведро и весело, ќе бидете подготвени за забава. 

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Cinders Naked Shower Cream накратко

    Cinders Naked Shower Cream

    крем за туширање без пакување

    Исполнете и ја најголемата желба на вашата кожа со стимулирачкиот и разведрувачки цимет и оттргнете ги грижите со помош на ведрото масло од Бразилски портокал и етеричното бадемово масло.

    Достапен

    650мкд / 200g

  • Coalface накратко

    Coalface

    сапун за лице - масна кожа

    Земете парче смирувачка ликвириција и јаглен за чистење! Мелениот јаглен е многу добар за кожата. Помaга да се апсорбира целиот вишок на маснотија и делува како нежен ексфолијатор. Во Coal Face додадовме и корен од ликвириција за смирување и есенцијални масла од ружа и сандал за омекнување, регенерирање и забавување на појавата на брчки. Coal Face ќе ви помогне да се ослободите од несаканиот масен сјај, од отворените пори и црнки на лицето. А доколку се земе во предвид дека јагленот и дијамантите се создадени од молекули на јаглерод тогаш може да заклучиме дека јагленот е најдобриот пријател на девојките ( или момците ) !

    Достапен

  • Deep Sleep накратко

    Deep Sleep

    желе за туширање

    Како што топлото сонце полека капе позади хоризонтот, посегни по ова желе за туширање со свеж органски сок од портокал.  Маслата од лаванда и камилица ќе ги тргнат сите грижи на страна бидејќи разведрувачкото нероли ги одржува соништата среќни и мирни. Имаш голема помош за цврст и спокоен сон. Истриј се по цело тело додека не направиш пена доволно добра за да кажеш чао на денот што поминува и да се подготвиш за среќни и смирени сништа. 

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Ectoplasm накратко

    Ectoplasm

    гел за туширање

    Дозволете си малку опуштање. За оние моменти кога се чувствувате вон своето тело, маслата од грејпфрут и мандарина ќе ви помогнат да се вратите во светот на живите. Соковите од грејпфрут и мандарина го одржуваат вашиот ведар дух. Чудесната пена од негувачкото бадемово масло и оживувачката Лицеа Кубеба ќе ви помогнат да си дојдете на себе. 

    Достапен

  • Ectoplasm Naked Shower Cream накратко

    Ectoplasm Naked Shower Cream

    крем за туширање без пакување

    За оние моменти кога се чувствувате дека сте надвор од своето тело, маслото од грејпфрут и мандарина ќе ви помогнат да се вратите во светот на живите.  Добронамерната пена од негувачкото бадемово масло и оживотелната Лицеа Кубеба ќе ви помогнат да си дојдете на себе, додека пак маслото од мандарина и грејпфрут ќе овозможат да се чувствувате ведро преку целиот ден и ноќ.

    Достапен

    650мкд / 200g

  • Figs And Leaves накратко

    Figs And Leaves

    сапун за тело

    Кремастиот и мек сапун Figs And Leaves има мирис на цвет од портокал и рози кои потсетуваат на одамна поминатите времиња кога се беше многу поедноставно и невино. Ова сапун го правиме од свежи, пасирани, органски смокви чии мали семки дејствуваат како пилинг. Во листот од смоква го замотуваме за да ја задржи невиноста и свежината. Совршенството не мора да биде секогаш комплицирано!

    Достапен

    280мкд / 100g

  • Fresh Farmacy накратко

    Fresh Farmacy

    лице и тело склоно кон акни

    Доколку вашата кожа е многу осетлива, склона кон чести иритации, појава на акни и црвенила, дозволете ни да ви го препорачаме нашиот нежен и многу ефикасен препарат за чистење на лице Fresh Farmacy. Неговата тајна е во комбинацијата од смирувачките камилица, лаванда, невен и каламин во прав после кои вашата кожа ќе остане чиста, без масен сјај, нежна и негувана.

    Достапен

  • Golden Pear накратко

    Golden Pear

    limited сапун за тело

    Декадентен додаток на секое туширање за време на Новогодишните празници. Пирето од круша и маслото од кардамом ја покриваат кожата со мирис кој потсеќа на топол овошен десерт и пикантни колачи, додека мурумуру путерот ја хидратизира и ја омекнува кожата.

    Достапен

    495мкд / 100g

  • Happy Hippy накратко

    Happy Hippy

    гел за туширање

    Грејпфут освежителен појадок! Дали ви е познато чувството кога мајка ви изненадно ќе ви донесе кутија во која е вашието омилено кадифено мече, не лути се човече, коцки со избледени сликичкии пластични животни за мала Зоо градина. Старите работи се повторно пред вас, будејки ги заборавените спомени. За нас Happy Hippy е начин на сентиментално патување. Толку многу го сакаме мирисот на цитрон што секогаш кога ќе го почувствуваме се разнежуваме. А мислевме дека го изгубивме. Бидејки ни го вратија (законска пресуда) сега сакаме да го поделиме со вас за ве расположи да ви ја врати насмевката на вашето лице и да ве стави на прво место (каде и заслужувате да бидете).

    Достапен

  • Honey I Washed The Kids накратко

    Honey I Washed The Kids

    сапун за тело

    Мириса поблиску до карамела отколку сапун... Го подобрува расположението и кожата. Нежен за детска кожа, имате чувство дека се миете со крем бруле во цврста форма. Овој сапун содржи масла од бергамот и сладок див портокал кои ќе го освежат расположението, како и мед и алое вера за целосно смирување и хидратација.

    Достапен

  • IceHoggles накратко

    IceHoggles

    limited сапун за тело

    Дали е тоа некое сеќавање? Или сон? Ништо не е онака као што изгледа, со пачули и смола од Лабданум.

    Достапен

    350мкд / 100g

  • It's Raining Men накратко

    It's Raining Men

    гел за туширање

    АЛЕЛУЈА! Оставете ги Вашите чадори дома: ќе сакате да го прекриете апсолутно целото тело со овој секси, сирупест дожд полн со мед. Без разлика дали влажноста на воздухот расте или се намалува, според сите извори тушот е местото каде е забавата! Длабока благодарност на природата за вкусниот мед кој одлично ја навлажнува кожата и е спакуван во овој неверојатен микс! Оваа богата состојка смирува, хидрира и деликатно ја чисти кожата како што правите пена.  Неодоливо кремаст на кожата со сладок парфем кој ќе Ве освои на прв мирис. Размазете ја кожата со оваа обвивка од шипка, цвет од лотус и инфузија од тигрест крин. 

    Достапен

  • King of Skin накратко

    King of Skin

    путер за туширање

    Регенеративен путер за кралско чувство на мека кожа. Ако Вашата кожа има потреба од дополнителна нега, оваа мешавина од банани, авокадо, овесно млеко и путери е тука за помош. Незаситените масти на авокадото во прегратка со природните емолиенти на бананата и антихистамините од овесното млеко даваат смирена и исхидрирана кожа.  Само поминете со плочката преку чиста и мокра кожа, па исплакнете за комплетно King of Skin да ги надвладее исушените делови.    Предупредување за топење: Овој производ е направен со состојки кои му дозволуваат да се стопли во допир со телесна температура. Ве молиме чувајте го на суво место и подалеку од допир со топлина. 

    Достапен

    550мкд / 95g

  • Lavender Vida Loca накратко

    Lavender Vida Loca

    сапун за тело

    Смирен живот... Ако се чувствувате уморни од танцувањето на дожд, препуштете се на оваа сензација одлична за под светло на свеќи... Полна со смирувачко масло од сина камилица, скротувачка и нежна инфузија од лаванда и масло од француска лаванда кои ќе Ви помогнат да се опуштите секој ден и секоја ноќ. Совршената приспивна песна која ќе Ве испрати во длабок сон.

    Достапен

  • Maypole накратко

    Maypole

    сапун за тело

    Кога сонот станува реалност... Ако овој сапун имаше пердуви и мирисаше како насликано платно, тогаш ќе предложевме да се користи само за миење на Вашиот омилен сладолед. Некогаш нештата немаат смисла и нема потреба да имаат смисла, како на пример овој сапун за тело со пеперминт во необична форма преплетен со розеви бранови од канадски јаворов сируп. Основата на сапунот е безбедна база од глицерин и сорбитол, па додека танцувате околу Maypole ќе влезете во шарен свет на благо и свежо.

    Достапен

  • Merry Berry накратко

    Merry Berry

    limited сапун за тело

    Декадентен додаток на секое туширање за време на Новогодишните празници. Запенете се со овој волшебен овошен сапун и дозволете апсолутот од ружи и маслото од Сицилијански лимон да ја доведат кожата до баланс и да го поправат расположението.

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Movis накратко

    Movis

    сапун за лице - сите типови

    Љубовта кон печењето на леб и правењето на сапуни Мо Constantine јa спои во едно. Овој пченичен сапун за лице, направен со многу љубов и основа на гурмански сапун полн екстра девствено кокосово масло и масло од сончоглед е способен да ја направи најсвилената пена која што сте ја виделе. Слаткиот мирис и нежно рапавата текстура Ви го доближуваат целокупното чувство на свежо испечен леб, притоа триејќи го лицето и хранејќи ја кожата. Многу дарежлив сапун, кој не престанува да подарува... Полн масло од пченични никулци и какао путер да омекнат и збогатат.

    Достапен

  • North Polar Bear Individual накратко

    North Polar Bear Individual

    limited сапун за тело

    The North Polar Bear Left The Tap On For The Northern Lights And Let Two Years Out In One Go Ова е вистинското име на овој сапун. Малку е предолго, зарем не? Покрај должината на името, овој сапун ќе остави и долготраен мирис на цветни ноти од јасмин и Иланг Иланг на вашата кожа.

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Oaty Creamy Dreamy накратко

    Oaty Creamy Dreamy

    крем за туширање-овесно млеко

    Нежниот начин е најдобар. Рајот се наоѓа навистина на земјата и тоа место може да го најдеш во својата бања со оваа божествена мешавина од разладувачко овесно млеко и смирувачка лаванда. Богатиот и кремаст какао путер во прегратка со маслиновото масло ангелски ја омекнуваат кожата, а балансирачката розина вода и маслото од сина камилица ја носат и најчувствителната и деликатна кожа на седмо небо. 

    Достапен

  • Outback Mate накратко

    Outback Mate

    сапун за тело

    Чистота и радост содржани во едно парче сапун! За врвна чистина од вратот надолу, мешавина од еукалиптус, лимонова трева и пеперминт! Разбудете се со насмевка на лицето, или дозволете му на Outback Mate да ја заврши работата. Пеперминтот нежно ќе ја скокотка кожата, додека лимоновата трева е главниот виновник за добро расположение. Еукалиптусот ќе Ве прочисти и е одговорен за незаборавна свежина. Цела комбинација е најдобриот начин за свеж и нов почеток на денот, секој ден.

    Достапен

  • Plum Rain накратко

    Plum Rain

    гел за туширање

    Дозволете си малку опуштање. Се очекуваат поројни дождови од инфузија од умебоши - јапонска слива и свеж сок од слива со ведри ветрови од масло од сицилиска мандарина која ќе ја освежи кожата и умот. Екстракт од карагенен морски алги ќе ја омекне кожата, па така ќе може да истапите од богато чистење со диспозиција за сончево време.

    Достапен

  • Pumice накратко

    Pumice

    сапун / пилинг за стапала

    SCRUB ME LIKE YOU DO!!! Две во едно, сапун и пилинг за отстранување на тврдите делови на кожата. Овој сапун е решен да го разбие тој втор слој на потврда кожа.  Со освежувачко масло од сладок портокал кој ќе обнови од прстите до петите на стапалата.

    Достапен

    295мкд / 70g

  • Respect Your Elders накратко

    Respect Your Elders

    сапун за тело

    Старешина од црни бобинки. Дрво од легендите, но и одличен начин да се опише овој магичен сапун со мирис на црна рибизла. Инфузија од бозел, боровинки и масло од олибанум создаваат моќна напивка против лоши мириси..  Respect Your Elders ќе ја остави кожата свиленкасто мека и неодоливо намирисана. Откако ќе се искапете со него, каде и да погледнете ќе може Вашиот поглед да го направите приказна... Па, така Ве советуваме да ги оставите приказните за добра ноќ, и да ги живеете бајките како секојдневен ритуал.

    Достапен

  • Rock Star накратко

    Rock Star

    сапун за тело

    Smells like teen spirit! Влезете во луда форма за танцување со овој кремаст сладок сапун. Rock Star ќе Ве однесе на ден лудување со својот носталгичен мирис на огромна плочка шеќерна волна.  Со фер тргуван апсолут од ванила, ќе Ве остави да се чувствувате слатко и подготвено за секој нов предизвик во денот.

    Достапен

  • Rose Jam накратко

    Rose Jam

    Rose Jam  гелот за туширање на молба на купувачите ширум светот повторно е во продажба.  Станувате зависни од неговиот сладок - овошен мирис. Со своите прекрасни состојки како ванилата, сокот од гоји бери и богатото со витамини арганово масло овој гел навистина ве освојува. Ќе им се допадне на оние кои ги сакаат  Rose Jam Bubbleroon  и Ro’s Argan. Специфичниот мирис се добива со комбинација на апсолут од Турски рози и етерично масло од гераниум.   Приказна за производот: Веќе 9 години етеричното масло од рози и апсолутот од рози го купуваме од Сенир од Турција. За да биде добра бербата берачите на рози треба уште пред изгрејсонце да се во полето, затоа што откога ќе изгрее сонцето маслото испарува. Маслото од рози е скапоцена состојка затоа што за да направиш еден килограм масло ти требаат 1 866 666,00 рози! Маслото од рози и апсолутот од рози мирисаат сосема различно. Како што Агнес ( од тимот за купување) примети, маслото од рози мириса многу слатко слично како мед додека апсолутот е појак и баш мириса како рози во поле. Како и да е и од двете состојки се добива нежен цветен мирис кој го употребуваме во нашиот луксузен гел за туширање

    Достапен

  • Ro’s Argan Body Conditioner накратко

    Ro’s Argan Body Conditioner

    регенератор за кожа

      Кутија полна со состојки за потхранување и негување на кожата... Содржи масло од арган, какао путер, купуаку путер ( се добива од тропските дрва од Бразил), масло од бразилски орев, бадемово масло и фер тргуван шеа путер. Покрај тоа што овие состојки се сосема доволни, успеавме уште и да исцедиме  сок од Гоји Бери. На крај за да мирисате неодоливо како грмушка од рози огреана од утринско сонце го додадовме новиот Rose Jam парфем на Сајмон. Малото од Арган е ретко и се произведува само во Мароко, богато е со витамин Е и со есенцијални масти. Поради тоа што се верува дека го забавува стареењето на кожата дрвото Арган многу се употребувало па сето тоа довело до негово уништување. Затоа сега поради скапоценоста на маслото тоа е ставено под заштита. Така започнавме да го правиме регенераторот со тоа што најпрво ставивме инфузија од чемпрес и ванила. Чемпресот ја разладува кожата и го намалува потењето. Ровена ни додеваше подолго време за да направиме регенератор за кожа кој ќе се употребува после капење а исто така сакаше и да направиме некој производ што содржи масло од Арган. Па ете, две желби и се исполнети  а во нејзина чест го нарековме регенераторот Ро Арган. Се употребува слично како регенератор за коса. После капењето нанесето го на мокра кожа исплакнете се и нежно избришете се.  

    Достапен

    1 295мкд / 225g

  • Rub Rub Rub накратко

    Rub Rub Rub

    пилинг за туширање

    Среќно триење! Ексфолирачки пилинг за туширање кој може да го користите и за коса. Полн со морска сол која изобилува со минерали, Rub Rub Rub може да го користите како нежен пилинг на мокра кожа или на сува кожа за поинтензивно полирање пред да влезете под туш.  Морската сол е природен антисептик и ексфолијант која е искомбинирана со многу сок од лимон за да ја остави кожата сјајна и мазна, а и ќе даде волумен и сјај на косата. 

    Достапен

  • Sandstone накратко

    Sandstone

    сапун за тело со пилинг песок

    Песочен пилинг. Разведрувачки и за кожа измазнувачки цитрусен сапун кој Ви го носи умот на плажите во Бразил. Бранови од песок и мирис на масло од лимон ќе Ве транспортираат до тропска плажа каде со драго срце се пијат коктели.  Маслото од коријандер го буди умот, а потоа и кожата со овој песочен пилинг. Ова е совршениот сапун за во лето, или секогаш кога ќе посакате да се чувствувате ведро и среќно. 

    Достапен

  • Santa's Belly накратко

    Santa's Belly

    желе за туширање

    Желе за туширање со свеж сок од јаболко, црвено вино, бергамот и нероли.

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Satsuma накратко

    Satsuma

    limited сапун за тело

    Декадентен додаток на секое туширање за време на Новогодишните празници. Почувствувајте страст за животот со маслото од Бразилски портокал и мандарина. Не се шегуваме!

    Достапен

    395мкд / 100g

  • Scrubee накратко

    Scrubee

    путер со пилинг за туширање

    BEE-UTIFUL! Запознајте го Scrubee - најновиот пилинг во друштвото! Наизглед делува дека е многу нежен, со цел тој мед и какао путер, но не ја потценувајте неговата моќ за полирање - тој е полн со мелена кора од кокос и мелени бадеми за нежна и ефективна ексфолијација.  

    Достапен

    550мкд / 95g

  • Sea Vegetable накратко

    Sea Vegetable

    сапун за тело

    Смирете го духот и слушнете ги брановите... Сапун со морски алги богати минерали кој изгледа исто толку добро колку Вашата омекната кожа.  Ако не сте во можност рано наутро да се нурнете во морето, едно добро миење со Sea Vegetable е второто најдобро нешто што може да го направите за себе. Маслото од лаванда делува како антисептик и смирува, морската сол ексфолира а хранливата араме морска трева ја омекнува кожата исто како на бебе... Сите иритации како изгореница од сонце или каснувања од инсекти се минато. Маслата од лимон и лимета ќе Ве освежат и живнат.

    Достапен

  • Sexy Peel накратко

    Sexy Peel

    сапун за тело

    Ослободете се од слоевите на умор. Цитрусен сапун полн ексфолирачки кори од портокал, лимон и лимета во комбинација со свежо исцеден сок кои како мешавина се одличен почеток на денот.  Ова е еден од нашите сапуни кои за најкратко време го разведруваат расположението. Свежите сокови од лимон и портокал се одлични за помасна кожа бидејќи природно ја чистат и се полни со овошни ензими кои ја балансираат кожата и го освежуваат тенот.

    Достапен

    320мкд / 100g

  • Shooting Stars Individual накратко

    Shooting Stars Individual

    limited сапун за тело

    Миризлива комета! Заблагодарете им се на своите среќни ѕвезди. Пирето од карамбола, моќниот лајм и бергамот создаваат пена со мирис на шербет.

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Sleepy Naked Shower Cream накратко

    Sleepy Naked Shower Cream

    крем за туширање без пакување

    Наполнете ја вашата када со пена за да влезете во светот на соништата. Смирувачката лаванда и ведриот Иланг Иланг ќе се погрижат да ви бидат слатки.

    Достапен

    695мкд / 200g

  • Snow Fairy Naked Shower Cream накратко

    Snow Fairy Naked Shower Cream

    крем за туширање без пакување

    Добрата вила излезе од шишенцето и никој не може да ја сопре!  Нема ограничувања со овој гол крем за туширање, користете го секој пат кога ќе почувствувате потреба за слатко задоволство и обвијте се во пена со мирис на шеќерна волна.  Претворете ги моментите на туширање во магична бајка затоа што лошото расположение ќе исчезне со ширење на миризбата на слатка гума за џвакање.

    Достапен

    595мкд / 200g

  • Strawberry Santa накратко

    Strawberry Santa

    limited сапун за тело

    Дедо Мраз се чувствува овошно и слатко! Затоа ќе бидете чисти и прекриени со мирис на јагода по туширањето со овој сапун полн со сок од јагода и путер од органско фер тргувано какао.

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Sugar Plum Fairy Body Scrub накратко

    Sugar Plum Fairy Body Scrub

    пилинг за туширање

    Измазнете ја вашата кожа со виолетовиот пилинг со инфузија на Умебоши слива. Маслото од див сладок портокал ја освежува и буди кожата додека шеќерот засладува и остава здрав сјај позади себе. Покрај шеќерот, ситната морска сол помага да се измазни кожата. Ако ви треба хидратација и пилинг, овој шеќерен деликатес е создаден само за вас.

    Достапен

    250мкд / 100g

  • Sultana of Soap накратко

    Sultana of Soap

    сапун за тело

    Најмекиот допир! Ако си ја чувствувате кожата посува од било која пустина, тогаш Sultana of Soap е оазата на Вашиот живот.  Полна сушени овошја: кајсии, брусници и рибизли кои се потопени во масло од олибанум ќе ја омекнат и смират кожата оставајќи кремава удобност и смиреност во расположението. Маслото од бергамот ќе даде сончево освежување на овој веќе богат сапун. 

    Достапен

  • The Olive Branch накратко

    The Olive Branch

    гел за туширање

    Смирете ја кожата. Смирени раце се подготвуваат да Ви дадат прегратка полна цитрусни ноти и нежна сигурна топлина. Фармерите од Израл и Палестина од подружницата на Синдијана во Галилеја работат заедно на плантажа каде рачно берат маслинки кои стануваат ладно цедено фер тргувано маслиново масло.  Деликатна инфузија од винова лоза и свежо цеден сок од мандарини ја задоволуваат жедта на кожата и будат чувство на мир и спокојност.

    Достапен

  • The Rough With The Smooth накратко

    The Rough With The Smooth

    пилинг за тело

    Пилинг за појадок? Секако. Почастете го телото со ова мало парче опасен пилинг, направен од шеќер во гранули и мурумуру путер за ѓаволско добра кожа. Преземете контрола врз нерамната кожа... Парфемски мирис од масло од бибер, масло од пачули и фер тргуван абсолут од ванила ќе го обвитка телото веднаш по миењето за дел ден да се чувствувате блескаво и свежо. 

    Достапен

    550мкд / 100g

  • Whoosh накратко

    Whoosh

    желе за туширање

    Желе за фокусирање на мислите и одржување на концентрација. Приказнава е вистинита. Ги имавме најдобрите места во салата и седевме така потонати во приказната...се додека не не разбуди аплаузот. Ни стана јасно дека го преспавме последниот дел на претставата. Хммм, требаше да се истушираме со Whoosh желето пред да одиме во театар. После ова непријатно искуство и вам ви препорачуваме да се истуширате со ова желе со освежувачки мирис на лајм и грејпфрут секогаш кога ќе знаете дека дел од времето ќе го поминете во удобнастолица, пасивно присутни и сконцентрирани на нешто (за да не дојдете во ситуација во друштво да ви паѓа главата).

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова квадратно кутивче е одлично за чување на цврсти шампони, цврсти регенератори, парчиња сапун и цврсти пилинзи за тело.

    Достапен

  • Метално кутивче (oval tin) накратко

    Метално кутивче (oval tin)

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова овално кутивче е одлично за чување на путери за тело и масажа, деодоранти, цврсти регенератори, цврсти шампони и парчиња сапун.

    Достапен

    150мкд / 25g