Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Желеа

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Прв пат се направени во 2005 година за да се прослави десетиот роденден на LUSH. Пробајте ги замрзнати за освежително туширање или лавина од свежина во када. Инспирирани се од скандинавската практика на туширање - стимул топло-ладно кој е одличен за подобрување на тонусот на мускулите и поттикнување на циркулација. LUSH желеата се направени од карагинан гел од алги, тоа е состојка која што е полна со минерали и витамини во нивната природна форма и ја прави вашата кожа и коса помеки.

  • Boo! накратко

    Boo!

    shower slime

    Разбуди го твојот дух со овој црн слајм! Брашното од пченка ќе ја исчисти кожата а подигнувачката пудра од стебло од бамбус ќе ја исчисти сувата кожа и застрашувачки ќе ја омекне. Ксантан гумата е природен згуснувач кој ја омекнува и навлажнува кожата, а притоа е одличен природен конзерванс. Не дозволувај да те исплаши бојата, бидејќи мирисот на гума за џвакање ќе те изненади! 

    Достапен

    850MKD / 240g

  • Deep Sleep накратко

    Deep Sleep

    желе за туширање

    Како што топлото сонце полека капе позади хоризонтот, посегни по ова желе за туширање со свеж органски сок од портокал.  Маслата од лаванда и камилица ќе ги тргнат сите грижи на страна бидејќи разведрувачкото нероли ги одржува соништата среќни и мирни. Имаш голема помош за цврст и спокоен сон. Истриј се по цело тело додека не направиш пена доволно добра за да кажеш чао на денот што поминува и да се подготвиш за среќни и смирени сништа. 

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Drummers Drumming накратко

    Drummers Drumming

    желе за туширање

    Интро со тапани, молам... Ова ново желе е новиот хит! Дозволи да те воведе во мирисот на крцкав грејпфрут и слатка давана за совршен мирис на праски кој е непобедлив! Свежиот сок од праска чисти и дава сјај на зимската кожа, а карагененот омекнува. Плесни го овој тапан и ти ветуваме дека ќе те остави да се чувствуваш најовошно досега! 

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Santa's Belly накратко

    Santa's Belly

    желе за туширање

    Желе за туширање со свеж сок од јаболко, црвено вино, бергамот и нероли.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Silver Bells накратко

    Silver Bells

    желе за туширање

    Слушни ги како ѕвонат! Градските тротоари, полни тротоари, облечени во празничен стил... Во воздухот мириса на Божиќ. Лесен, цветен и деликатен е мирисот на ова желе во форма на ѕвонче. Дозволи јасноста на зелениот лимон да ја избрка маглата, а смирувачкиот олибанум да одекне длабоко во тебе. Направено е со млеко од црн сусам полно витамини и омекнувачки карагенен. Ќе ја исчисти кожата нежно и ќе остави прекрасен мирис.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Twilight jelly накратко

    Twilight jelly

    желе за туширање

    Sweet dreams are made of these! Овој пат можеш да ги пуштиш овците да се одморат од броење... Само посегни по ова желе кое ги поканува сништата полно лаванда и тонка и гледај како нештата се смируваат. Дозволи им на твоите сетила да шетаат и месечарат во зоната на самракот каде смирувачкото масло од лаванда и топлиот абсолут од лаванда те виткаат во удобно ќебе. Но, сонот не запира тука бидејќи екстрактот од карагенен ја гали кожата со необична мекост.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Whoosh накратко

    Whoosh

    желе за туширање

    Желе за фокусирање на мислите и одржување на концентрација. Приказнава е вистинита. Ги имавме најдобрите места во салата и седевме така потонати во приказната...се додека не не разбуди аплаузот. Ни стана јасно дека го преспавме последниот дел на претставата. Хммм, требаше да се истушираме со Whoosh желето пред да одиме во театар. После ова непријатно искуство и вам ви препорачуваме да се истуширате со ова желе со освежувачки мирис на лајм и грејпфрут секогаш кога ќе знаете дека дел од времето ќе го поминете во удобнастолица, пасивно присутни и сконцентрирани на нешто (за да не дојдете во ситуација во друштво да ви паѓа главата).

    Достапен

    350MKD / 100g