Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Гелови и креми

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • The Olive Branch

    Ivana

    Znaete ona Prvite se pomnat zasekogas? Ovoj gel e tokmu toa. Osobeno sto vklucuva tolku fer odnos kon farmerite sto maslinkite od drvo ni ovozmozuvat da ni pristignat doma preku ovoj eliksir za site ...

  • Oaty Creamy Dreamy

    Ivana

    Haven:)) Koj bi rekol deka nesto ednostavno kako tusiranje moze da bide tolku obnovuvacko dozivuvanje i na duhot i na teloto. Posle ovoj krem za tusiranje zaronete vo Dream Cream. Ke se sodade besk...

LUSH геловите за туширање се недодоливи... ќе мирисате убаво цел ден од глава до пети. Покрај тоа што ќе влијаат на вашата кожа ќе го подобрат и вашето расположение. Само изберете како сакате да се почувствувате: смирено и опуштено или пак ви е потребна ревитализација можеби сте подготвени за прошетка низ свежо покосена трева или пак да се нуврнете во планинско езеро. Геловите се прават рачно со тревки, цветови, овошја, инфузии, етерични масла...

  • American Cream Shower накратко

    American Cream Shower

    гел за туширање

    Прочистувачките свежи јагоди и разведрувачкиот сок од портокал се совршена комбинација! После долго чекање конечно имаме гел за туширање со мирисот на најпопуларниот регенератор за коса American Cream. Ќе се вљубите во него веднаш по првото туширање, прекрасната мешавина на ванила и јагоди збогатена со омекнувачки екстракт од морски алги ќе ве маѓепса.

    Достапен

  • Avocado Wash накратко

    Avocado Wash

    гел за туширање

    Ќе имате чувство како секој работен ден да е среќен петок. Разведрувачкиот бергамот, освежителното масло од litsea cubeba и темјанот кој што смирува и дава утеха се вистинскиот рецепт за уверување дека викендот доаѓа само за неколку туширања.  Овој гел е полн со освежувачко и хидрирачко органско авокадо и масло од авокадо кои се познати по своето благотворно дејство на кожата. Сочниот и сладок мирис на овој гел за туширање ќе остане на вашата кожа во текокт на целиот ден.

    Достапен

    895MKD / 250g

  • Boo! накратко

    Boo!

    shower slime

    Разбуди го твојот дух со овој црн слајм! Брашното од пченка ќе ја исчисти кожата а подигнувачката пудра од стебло од бамбус ќе ја исчисти сувата кожа и застрашувачки ќе ја омекне. Ксантан гумата е природен згуснувач кој ја омекнува и навлажнува кожата, а притоа е одличен природен конзерванс. Не дозволувај да те исплаши бојата, бидејќи мирисот на гума за џвакање ќе те изненади! 

    Достапен

    850MKD / 240g

  • Cookie Dough накратко

    Cookie Dough

    пилинг за туширање

    На кој му е потребна тегла колачиња кога може да си ги исполниш слатките задоволства со овој пилинг за тело? Неодолива мешавина од абсолут од ванила, омекнувачки прав од какао кои ќе омекнат, додека попрскавме со крупен гранулиран шеќер, малку морска сол и полна рака свилено пченкарно брашно ја прават мешавината од рајот. Ќе ја доживееш најкремавата пена и нежно ќе ја измасираш кожата. Ќе полудиш од тројното сервирање масло од тостирани лешници, масло од ф'стак кое ќе те заштити и бадемово масло кои ќе ослободат бранови од слатки цреши кои цутат на кожата. 

    потрошено

    895MKD / 300g

  • Dirty Springwash накратко

    Dirty Springwash

    гел за туширање

    Исплакнете се во планински извор! По секоја луда вечер приспособете се на реалноста  со нашиот освежителен гел за туширање. Ќе се почувствувате како да тонете во свеж планински извор. Спеарминтот и кристалите од ментол ќе ја направат вашата кожа да се чувствува изладено дури и под врел туши ќе и дадат сладок мирис на пеперминт. Вашето тело ќе се почувствува освежено како никогаш до сега. Тврда вода? Мо го измисли овој освежувачки гел за туширање додавајќи му сода бикербона за да ја омекне водата и да ја деодорира кожата со што излезе дека Dirty е совршен за сите Dirty момци и девојки. Внатре има уште и глицерин морска сол, и масло од мајчина душица за додека го користите ја омекне вашата кожа и коса. 

    Достапен

  • Happy накратко

    Happy

    гел за туширање

    Oваа година ти посакуваме сите туширања да ти бидат полни среќа и светлост! Во оваа конкокција ставивме сочна мешавина од масла од лимон и сладок див портокал кои ќе ги измијат тмурните денови, а мешавината од масло од нероли со инфузија од лист од орев и корен од глуварче ќе го подигне твојот празничен дух. Но, не се чувствувај само среќно, туку и уживај во белиот снег! Засветкај со сјајот ослободен од пластика!

    Достапен

  • Happy Hippy накратко

    Happy Hippy

    гел за туширање

    Грејпфут освежителен појадок! Дали ви е познато чувството кога мајка ви изненадно ќе ви донесе кутија во која е вашието омилено кадифено мече, не лути се човече, коцки со избледени сликичкии пластични животни за мала Зоо градина. Старите работи се повторно пред вас, будејки ги заборавените спомени. За нас Happy Hippy е начин на сентиментално патување. Толку многу го сакаме мирисот на цитрон што секогаш кога ќе го почувствуваме се разнежуваме. А мислевме дека го изгубивме. Бидејки ни го вратија (законска пресуда) сега сакаме да го поделиме со вас за ве расположи да ви ја врати насмевката на вашето лице и да ве стави на прво место (каде и заслужувате да бидете).

    Достапен

  • It's Raining Men накратко

    It's Raining Men

    гел за туширање

    АЛЕЛУЈА! Оставете ги Вашите чадори дома: ќе сакате да го прекриете апсолутно целото тело со овој секси, сирупест дожд полн со мед. Без разлика дали влажноста на воздухот расте или се намалува, според сите извори тушот е местото каде е забавата! Длабока благодарност на природата за вкусниот мед кој одлично ја навлажнува кожата и е спакуван во овој неверојатен микс! Оваа богата состојка смирува, хидрира и деликатно ја чисти кожата како што правите пена.  Неодоливо кремаст на кожата со сладок парфем кој ќе Ве освои на прв мирис. Размазете ја кожата со оваа обвивка од шипка, цвет од лотус и инфузија од тигрест крин. 

    Достапен

  • Magic Crystals накратко

    Magic Crystals

    пилинг за туширање

    Магијата не секогаш се случува кога ќе замавнеме со волшебното стапче, може да започне и со отварање на капачето на кутијата! Скокнете под туш, пуштетеја топлата вода да танцува околу вас и земете од производот. Загревачкото масло од анис помешано со Епсом сол стимулира и ја полира кожата, додека свежиот рузмарин и инфузијата од жалфија ја чистат и тонираат кожата. откога се ќе исплакнете ќе го почувствувате ефектот на кристалите од ментол и маслата од пеперминт и спеарминт, магичен ефект. 

    Достапен

    895MKD / 300g

  • Oaty Creamy Dreamy накратко

    Oaty Creamy Dreamy

    крем за туширање-овесно млеко

    Нежниот начин е најдобар. Рајот се наоѓа навистина на земјата и тоа место може да го најдеш во својата бања со оваа божествена мешавина од разладувачко овесно млеко и смирувачка лаванда. Богатиот и кремаст какао путер во прегратка со маслиновото масло ангелски ја омекнуваат кожата, а балансирачката розина вода и маслото од сина камилица ја носат и најчувствителната и деликатна кожа на седмо небо. 

    Достапен

  • Plum Rain накратко

    Plum Rain

    гел за туширање

    Дозволете си малку опуштање. Се очекуваат поројни дождови од инфузија од умебоши - јапонска слива и свеж сок од слива со ведри ветрови од масло од сицилиска мандарина која ќе ја освежи кожата и умот. Екстракт од карагенен морски алги ќе ја омекне кожата, па така ќе може да истапите од богато чистење со диспозиција за сончево време.

    Достапен

  • Rose Jam накратко

    Rose Jam

    Rose Jam  гелот за туширање на молба на купувачите ширум светот повторно е во продажба.  Станувате зависни од неговиот сладок - овошен мирис. Со своите прекрасни состојки како ванилата, сокот од гоји бери и богатото со витамини арганово масло овој гел навистина ве освојува. Ќе им се допадне на оние кои ги сакаат  Rose Jam Bubbleroon  и Ro’s Argan. Специфичниот мирис се добива со комбинација на апсолут од Турски рози и етерично масло од гераниум.   Приказна за производот: Веќе 9 години етеричното масло од рози и апсолутот од рози го купуваме од Сенир од Турција. За да биде добра бербата берачите на рози треба уште пред изгрејсонце да се во полето, затоа што откога ќе изгрее сонцето маслото испарува. Маслото од рози е скапоцена состојка затоа што за да направиш еден килограм масло ти требаат 1 866 666,00 рози! Маслото од рози и апсолутот од рози мирисаат сосема различно. Како што Агнес ( од тимот за купување) примети, маслото од рози мириса многу слатко слично како мед додека апсолутот е појак и баш мириса како рози во поле. Како и да е и од двете состојки се добива нежен цветен мирис кој го употребуваме во нашиот луксузен гел за туширање

    Достапен

  • Rub Rub Rub накратко

    Rub Rub Rub

    пилинг за туширање

    Среќно триење! Ексфолирачки пилинг за туширање кој може да го користите и за коса. Полн со морска сол која изобилува со минерали, Rub Rub Rub може да го користите како нежен пилинг на мокра кожа или на сува кожа за поинтензивно полирање пред да влезете под туш.  Морската сол е природен антисептик и ексфолијант која е искомбинирана со многу сок од лимон за да ја остави кожата сјајна и мазна, а и ќе даде волумен и сјај на косата. 

    Достапен

  • Scrub Scrub Scrub накратко

    Scrub Scrub Scrub

    пилинг за туширање

    Because the night is made for Scrubbers! Само отворете ја кутијата полна со темни кристали, морска сол и јаглен во прав помешани со пире од црни рибизли и уживањето може да започне.

    Достапен

  • Sleepy gel накратко

    Sleepy gel

    гел за туширање

    Не стравувајте од несоници, Од слатката тонка ќе броите овци, Лавандата и прави друштво За ваше најдобро сонливо искуство. По напорниот ден, опуштете се под тушот со смирувачкото и негувачко овесно млеко и екстракт од морски алги. Иланг Иланг ги растерува грижите и ви помага полесно да заспиете или посмирено да го започнете новиот ден.

    Достапен

  • Snow Fairy накратко

    Snow Fairy

    гел за туширање

    Ова е нашиот заводлив зимски гел за туширање кој е преполн со овошен мирис и ледена бистрина. Мора да признаеме дека за нас е мистерија зошто овој гел за туширање е секогаш најпродаван божиќен (limited edition) производ. Тој воопшто не е класичен билков, длабок Lush  мирис, баш напротив, тој е интензивно сладок, розов гел за туширање обожаван од луѓето насекаде. Сите типови на луѓе паѓаат на шармот на Snow Fairy. Ние никогаш не престануваме да се изненадуваме од широкиот спектар на луѓе кои го обожаваат ова розово задоволство. Ние имаме многу ваши писма и фотографии во кои ни кажувате дека вашето мало девојче го обожава, дека е омилениот гел на вашите баба и дедо, дури дека и вашиот брат го користи... Немојте ни случајно да помислите дека Snow Fairy е само розов и женски. Тој мириса на бонбона и капки од медена круша  кои заедно ќе ве транспортираат назад во деновите кога сите ние стоевме  во слаткарницата со стутканите пари во нашите џебови, размислувајќи кое слатко задоволство да го вкусиме овој пат. Грабнете едно шишенце Snow Fairy и истрчајте до најблискиот туш - никогаш не се знае можеби ќе најдете пријател за цел живот.

    Достапен

  • Snow Fairy Naked Shower накратко

    Snow Fairy Naked Shower

    гел за туширање

    Добрата вила излезе од шишенцето и никој не може да ја сопре!  Нема ограничувања со овој гол крем за туширање, користете го секој пат кога ќе почувствувате потреба за слатко задоволство и обвијте се во пена со мирис на шеќерна волна.  Претворете ги моментите на туширање во магична бајка затоа што лошото расположение ќе исчезне со ширење на миризбата на слатка гума за џвакање.

    Достапен

    595MKD / 200g

  • The Olive Branch накратко

    The Olive Branch

    гел за туширање

    Смирете ја кожата. Смирени раце се подготвуваат да Ви дадат прегратка полна цитрусни ноти и нежна сигурна топлина. Фармерите од Израл и Палестина од подружницата на Синдијана во Галилеја работат заедно на плантажа каде рачно берат маслинки кои стануваат ладно цедено фер тргувано маслиново масло.  Деликатна инфузија од винова лоза и свежо цеден сок од мандарини ја задоволуваат жедта на кожата и будат чувство на мир и спокојност.

    Достапен

  • Yog Nog накратко

    Yog Nog

    гел за туширање

    Кога сите прослави ќе завршат и твоето меше е полно со вкусна храна, има само уште едно нешто кое останува, а тоа е... Пудинг! За слатко задоволство, влези под туш со оваа сензација полна карамела и крем. Протриј ја плочката помеѓу дланки и нанеси на цела кожа, водата од јаворов сируп, екстрактот од карагенен и маслото од јојоба омекнуваат.  Луксузни пенливи слоеви од масло од каранфилче и масло од иланг иланг те прегрнуваат со удобност и среќа. 

    Достапен

  • Yog Nog Naked Shower накратко

    Yog Nog Naked Shower

    гел за туширање

    Кога сите прослави ќе завршат и твоето меше е полно со вкусна храна, има само уште едно нешто кое останува, а тоа е... Пудинг! За слатко задоволство, влези под туш со оваа сензација полна карамела и крем. Протриј ја плочката помеѓу дланки и нанеси на цела кожа, водата од јаворов сируп, екстрактот од карагенен и маслото од јојоба омекнуваат.  Луксузни пенливи слоеви од масло од каранфилче и масло од иланг иланг те прегрнуваат со удобност и среќа. 

    Достапен

    795MKD / 200g