Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Пилинзи и путери

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Ocean Salt

    Ivana

    Ne mora da odite na more. Moreto ke dojde kaj vas:))) Velat deka lugjeto sto zuveat pokraj more bile najdolgivecni a vie mozete da go imate moreto i preku "agencijata za patuvanje" Lush. Do...

  • Salted Coconut

    Ivana

    More, Mediteran, maslo, kokos. Koj bi i rekol NE na ovaa kombinacija sto dava cuvstvo kako da ste zaminale na odmor i toa onoj ubaviot, godisen. Ovoj piling vednas ve nosu na plazata od vasite sonista...

  • Buffy

    Hristina

    FANTASTICEN!!! Vidlivi rezultati ODMA :) Kozata ja ostava mazna, hidrirana, meka, mirisna ... prekrasno cuvstvo <3

  • Buffy

    AmBi

    Prekrasen e ! Go Obozavam :) Kozata e tolku meka, nezna, neguvana vo tekot na celiot den!

Сакате да ја навлажните, затегнете, ексфолирате или регенерирате вашата кожа?!

Прекрасни третмани  со сол, шеќер, мелени бадеми, мелен азуки грав, мелен вулкански камен, какао путер, шеа путер и многу масла...  Третмани кои имаат се' освен пакување.

Од глава до пети, нашите пилинзи ќе ве подготват за секоја пригода: отворени обувки, костими за капење... имаме пилинзи за секој дел од телото.

  • Buffy накратко

    Buffy

    путер со пилинг за туширање

    Ексфолирачки пилинг за бутови, задник и стомак. Користете го Buffy на мокра кожа, под туш или во када за да ве направи помазни и помеки на допир. Размачкајте го насегаде по телото но обрнете посебно внимание на проблематичните делови бутови, задник и стомак. На крај исплакнете ги зрната од мелените : бадеми, ориз и азуки грав. Откога ќе се исушите ќе се уверите дека после Buffy нема потреба да се нанесува лосион за тело. Какао и шеа путерот ќе ја омекнат и навлажнат вашата кожа. Истријте го целулитот!

    Достапен

    595MKD / 90g

  • Buffy Large накратко

    Buffy Large

    путер со пилинг за туширање

    Ексфолирачки пилинг за бутови, задник и стомак. Користете го Buffy на мокра кожа, под туш или во када за да ве направи помазни и помеки на допир. Размачкајте го насегаде по телото но обрнете посебно внимание на проблематичните делови бутови, задник и стомак. На крај исплакнете ги зрната од мелените : бадеми, ориз и азуки грав. Откога ќе се исушите ќе се уверите дека после Buffy нема потреба да се нанесува лосион за тело. Какао и шеа путерот ќе ја омекнат и навлажнат вашата кожа. Истријте го целулитот!

    Достапен

    995MKD / 200g

  • Cherryish накратко

    Cherryish

    пилинг за туширање

    Ромео и Јулија вака сигурно не се чувствувале, затоа што сигурно никогаш не го пробале овој пилинг со цреша и чоколадо. Негувајте ја кожата со хранлив пилинг од фер тргуван какао путер и ситна морска сол. Мелените семки од цреша ќе помогнат да се поттикне циркулација, а слаткото масло од бадем и апсолут од какао се заслужни за прекрасен топол мирис.

    наскоро

    550MKD / 100g

  • Cookie Dough накратко

    Cookie Dough

    пилинг за туширање

    На кој му е потребна тегла колачиња кога може да си ги исполниш слатките задоволства со овој пилинг за тело? Неодолива мешавина од абсолут од ванила, омекнувачки прав од какао кои ќе омекнат, додека попрскавме со крупен гранулиран шеќер, малку морска сол и полна рака свилено пченкарно брашно ја прават мешавината од рајот. Ќе ја доживееш најкремавата пена и нежно ќе ја измасираш кожата. Ќе полудиш од тројното сервирање масло од тостирани лешници, масло од ф'стак кое ќе те заштити и бадемово масло кои ќе ослободат бранови од слатки цреши кои цутат на кожата. 

    потрошено

    895MKD / 300g

  • King of Skin накратко

    King of Skin

    путер за туширање

    Регенеративен путер за кралско чувство на мека кожа. Ако Вашата кожа има потреба од дополнителна нега, оваа мешавина од банани, авокадо, овесно млеко и путери е тука за помош. Незаситените масти на авокадото во прегратка со природните емолиенти на бананата и антихистамините од овесното млеко даваат смирена и исхидрирана кожа.  Само поминете со плочката преку чиста и мокра кожа, па исплакнете за комплетно King of Skin да ги надвладее исушените делови.    Предупредување за топење: Овој производ е направен со состојки кои му дозволуваат да се стопли во допир со телесна температура. Ве молиме чувајте го на суво место и подалеку од допир со топлина. 

    Достапен

    595MKD / 95g

  • Magic Crystals накратко

    Magic Crystals

    пилинг за туширање

    Магијата не секогаш се случува кога ќе замавнеме со волшебното стапче, може да започне и со отварање на капачето на кутијата! Скокнете под туш, пуштетеја топлата вода да танцува околу вас и земете од производот. Загревачкото масло од анис помешано со Епсом сол стимулира и ја полира кожата, додека свежиот рузмарин и инфузијата од жалфија ја чистат и тонираат кожата. откога се ќе исплакнете ќе го почувствувате ефектот на кристалите од ментол и маслата од пеперминт и спеарминт, магичен ефект. 

    Достапен

    895MKD / 300g

  • Ocean Salt накратко

    Ocean Salt

    пилинг за лице и тело

    Истриј до омекнување. Лимета потопена во водка измешана со грејпфрут и бранови сол се главните состојки на овој неодолив пилинг за лице и тело. Морската сол е богата со минерали и е одлична за триење и полирање на кожата. Додадовме свиленкаст путер од авокадо, кокосово масло и апсолут од морски алги за да остане кожата омекната, сјајна и здрава. Ако се чувствуваш дека ти е потребен добар пилинг, тогаш нанеси го пилингот на сува кожа. А, ако сакаш понежно полирање, тогаш истриј на мокра кожа. 

    Достапен

    795MKD / 120g

  • Pumice накратко

    Pumice

    сапун / пилинг за стапала

    SCRUB ME LIKE YOU DO!!! Две во едно, сапун и пилинг за отстранување на тврдите делови на кожата. Овој сапун е решен да го разбие тој втор слој на потврда кожа.  Со освежувачко масло од сладок портокал кој ќе обнови од прстите до петите на стапалата.

    Достапен

    350MKD / 70g

  • Rub Rub Rub накратко

    Rub Rub Rub

    пилинг за туширање

    Среќно триење! Ексфолирачки пилинг за туширање кој може да го користите и за коса. Полн со морска сол која изобилува со минерали, Rub Rub Rub може да го користите како нежен пилинг на мокра кожа или на сува кожа за поинтензивно полирање пред да влезете под туш.  Морската сол е природен антисептик и ексфолијант која е искомбинирана со многу сок од лимон за да ја остави кожата сјајна и мазна, а и ќе даде волумен и сјај на косата. 

    Достапен

  • Salted Coconut накратко

    Salted Coconut

    пилинг за раце

    Однесете ги рацете во рајот.  Неверојатно мека кожа и пилинг се неразделна комбинација. Овој кремаст пилинг со крем од кокос и морска сол е совршениот начин за одржување на дланките во одлична форма. Нанесете убава количина на мокри дланки и почнете да триете во секој агол, но може и на суви дланки ако сте тип на човек што сака погрубо триење.  Морската сол е фантастичен природен ексфолијант кој е полн ресторативни минерални кои ја чистат кожата, а маслото од кокос дава длабока хидратација без да ги направи рацете лепливи.  Тие што го обожуваат слаткиот мирис на природата, едвај ќе дочекаат да нурнат во овој пилинг по ден поминат работејќи со растенијата. 

    Достапен

    495MKD / 130g

  • Scrub Scrub Scrub накратко

    Scrub Scrub Scrub

    пилинг за туширање

    Because the night is made for Scrubbers! Само отворете ја кутијата полна со темни кристали, морска сол и јаглен во прав помешани со пире од црни рибизли и уживањето може да започне.

    Достапен

  • Scrubee накратко

    Scrubee

    путер со пилинг за туширање

    BEE-UTIFUL! Запознајте го Scrubee - најновиот пилинг во друштвото! Наизглед делува дека е многу нежен, со цел тој мед и какао путер, но не ја потценувајте неговата моќ за полирање - тој е полн со мелена кора од кокос и мелени бадеми за нежна и ефективна ексфолијација.  

    Достапен

    695MKD / 95g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова квадратно кутивче е одлично за чување на цврсти шампони, цврсти регенератори, парчиња сапун и цврсти пилинзи за тело.

    Достапен

    195MKD / 0g