Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Масла за туширање

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Argan Dragon накратко

    Argan Dragon

    масло за туширање

    Суперхрана - ја чуваме за smoothie шејкови и разочарувачки салати... Но, тоа е само досега... Ова фантастично и овошно масло за туширање е полно змејски плод во прав и семки од афион, како и арганово масло од срцето на Мароко каде на руралните општества им се обезбедува постојан приход. О, и тоа како чисти, полира и омекнува под туш - за кожа која е навистина супер! Полно масла од иланг иланг и бадеми заедно со бензоин смола, ќе го прекрие целото твое тело со мирис на највкусната пита од цреши.

    Достапен

    395MKD / 50g

  • Coco Loco накратко

    Coco Loco

    масло за туширање

    If you like pina coladas... Ајде, немој да се срамиш од кокос! Ова омекнувачко масло за туширање е тоа што ти е потребно кога светот полудува и сакаш да се смириш. Исчисти ја и омекни ја кожата со хидратантно масло од кокос и кокосово брашно со потекло од проекти за регенерација и конзервација во Индонезија. Со тропско трио од масло од бразилски портокал, крем од кокос и масло од лимонова трева ќе го почувствуваш сонцето како те грее во душа. (и можеби навистина ќе посакаш да се напиеш една добра пина колада) Дали спомнавме дека има кокос тука???

    Достапен

    395MKD / 50g

  • Minamisoma накратко

    Minamisoma

    масло за туширање

    Во 2011 година градот Минамисома, мал град во областа Фукушима во северна Јапонија беше погоден од земјотресот Тохоку. Повеќето од граѓаните беа евакуирани и по пет години, во 2016 им беше дозволено да се преселат назад. На местото на нивните уништени оризови полиња, локалното население почна да расте репка. Овие растенија го отстрануваат цезиумот од почвата и нивните семки се прават во масло кое нема радијација и е безбедно за употреба. Маслото од репка од Фукушима го употребивме во ова масло за туширање со цел да ја омекнеме и хидрираме кожата, а додадовме и сок од лимон, како и масла од бергамот и олибанум за топол, сончев и цитрусен мирис. Пудрата од кинако - брашно направено од испечени соја семки ја остава кожата со најслаткиот мирис што постои.

    Достапен

    395MKD / 50g