Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Сапуни

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Coalface

    Ivana

    Deluva kako liposkucija na mastite od vasata koza:)) I na lice i na drugi "nezgodni" mesta. Samo bidete trpivi. I uporni. Izmivajte so mnogu voda i uzivajte vo ritualot na nega na sopstvenot...

  • Sultana of Soap

    Ivana

    Mojot Prv i Edinstven sapun sto voopsto sum go kupila vo Lush. I ke prodolzam da go uzivam. Sozdaden e za da go pocuvstvuvate Orientot kako vistinska Sultana. Ili Sultan:))) a grozjeto od Grcija i Avs...

  • Movis

    Ivana

    Sapunov osven sto ja regenerira i cisti celosno i od se kozata na liceto toj se regenerira i sam od sebe:))Da, kolku i da go koristam toj ne se namaluva. Lashovci sozdale "perpetum mobile" s...

LUSH сапуните не се направени само да исчистат туку и да делуваат на состојбата на кожата, омекнувачки, навлажнувачки, намирисувачки... со природни состојки да додадат повеќе радост во процесот на миење. LUSH сапуните не се само материјал за миење тие се едно цело искуство. Постојат сапуни со екстра ексфолирачка моќ, сапуни кои ќе ве разбудат, сапуни кои ќе ве смират... Направени со само 40-60% сапун со што се остава простор за додавање на многу корисни состојки за поголемо уживање и бенефит.


  • Coalface накратко

    Coalface

    сапун за лице - масна кожа

    Земете парче смирувачка ликвириција и јаглен за чистење! Мелениот јаглен е многу добар за кожата. Помaга да се апсорбира целиот вишок на маснотија и делува како нежен ексфолијатор. Во Coal Face додадовме и корен од ликвириција за смирување и есенцијални масла од ружа и сандал за омекнување, регенерирање и забавување на појавата на брчки. Coal Face ќе ви помогне да се ослободите од несаканиот масен сјај, од отворените пори и црнки на лицето. А доколку се земе во предвид дека јагленот и дијамантите се создадени од молекули на јаглерод тогаш може да заклучиме дека јагленот е најдобриот пријател на девојките ( или момците ) !

    Достапен

    695MKD / 100g

  • Devil's Nightcap накратко

    Devil's Nightcap

    сапун за тело

    Ви го претставуваме сапунот кој потекнува и од морето и од земјата. Дабова мов, дабово дрво и цвет од портокал... Ќе Ви ги украде сетилата и заведе умот. Се надеваме дека го погодивте името. Заводливо намирисан од околината, овој сапун ќе ја остави кожата нежно истриена, меко исчистена со маѓепсувачки мирис кој Ве поврзува со земјата.   

    Достапен

    495MKD / 100g

  • Figs And Leaves накратко

    Figs And Leaves

    сапун за тело

    Кремастиот и мек сапун Figs And Leaves има мирис на цвет од портокал и рози кои потсетуваат на одамна поминатите времиња кога се беше многу поедноставно и невино. Ова сапун го правиме од свежи, пасирани, органски смокви чии мали семки дејствуваат како пилинг. Во листот од смоква го замотуваме за да ја задржи невиноста и свежината. Совршенството не мора да биде секогаш комплицирано!

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Fresh Farmacy накратко

    Fresh Farmacy

    лице и тело склоно кон акни

    Доколку вашата кожа е многу осетлива, склона кон чести иритации, појава на акни и црвенила, дозволете ни да ви го препорачаме нашиот нежен и многу ефикасен препарат за чистење на лице Fresh Farmacy. Неговата тајна е во комбинацијата од смирувачките камилица, лаванда, невен и каламин во прав после кои вашата кожа ќе остане чиста, без масен сјај, нежна и негувана.

    Достапен

    695MKD / 100g

  • Goddess soap накратко

    Goddess soap

    сапун за тело

    Исклучително тешко за пронаоѓање, мрачно и таинствено, маслото одух лежи во срцето на овој медитативен сапун. Миризливата османтус грмушка и дрвенстиот мирис на сандалот се судираат создаваат смирувачки мирис за умот, додека анти имфламаторниот бел чај го чисти и смирува телото. Со секое миење хидрирачките слоеви од фер тргуван какао путер и кокосово масло испорачуваат небесна хидратација на кожата додека апсолутот од јасмин го намирисува телото оставајќи сензуална привлечност.

    Достапен

    550MKD / 100g

  • Honey I Washed The Kids накратко

    Honey I Washed The Kids

    сапун за тело

    Мириса поблиску до карамела отколку сапун... Го подобрува расположението и кожата. Нежен за детска кожа, имате чувство дека се миете со крем бруле во цврста форма. Овој сапун содржи масла од бергамот и сладок див портокал кои ќе го освежат расположението, како и мед и алое вера за целосно смирување и хидратација.

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Karma Soap накратко

    Karma Soap

    сапун за тело

    Егзотичен сапун кој ќе Ве транспортира од секојдневието. Ако се разбудивте со непријатно чувство, оваа мешавина од пачули и цитруси наскоро ќе Ве спреми за денот. Даваат поинаков егзотичен и релаксирачки елемент на сапунот, додека освежителната мешавина на масла од лавандин, бор, сладок портокал и лимонова трева го прочистуваат умот и Ве подготвуваат за денот кој следи.

    Достапен

    395MKD / 100g

  • Lavender Vida Loca накратко

    Lavender Vida Loca

    сапун за тело

    Смирен живот... Ако се чувствувате уморни од танцувањето на дожд, препуштете се на оваа сензација одлична за под светло на свеќи... Полна со смирувачко масло од сина камилица, скротувачка и нежна инфузија од лаванда и масло од француска лаванда кои ќе Ви помогнат да се опуштите секој ден и секоја ноќ. Совршената приспивна песна која ќе Ве испрати во длабок сон.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Maypole накратко

    Maypole

    сапун за тело

    Кога сонот станува реалност... Ако овој сапун имаше пердуви и мирисаше како насликано платно, тогаш ќе предложевме да се користи само за миење на Вашиот омилен сладолед. Некогаш нештата немаат смисла и нема потреба да имаат смисла, како на пример овој сапун за тело со пеперминт во необична форма преплетен со розеви бранови од канадски јаворов сируп. Основата на сапунот е безбедна база од глицерин и сорбитол, па додека танцувате околу Maypole ќе влезете во шарен свет на благо и свежо.

    Достапен

  • Movis накратко

    Movis

    сапун за лице - сите типови

    Љубовта кон печењето на леб и правењето на сапуни Мо Constantine јa спои во едно. Овој пченичен сапун за лице, направен со многу љубов и основа на гурмански сапун полн екстра девствено кокосово масло и масло од сончоглед е способен да ја направи најсвилената пена која што сте ја виделе. Слаткиот мирис и нежно рапавата текстура Ви го доближуваат целокупното чувство на свежо испечен леб, притоа триејќи го лицето и хранејќи ја кожата. Многу дарежлив сапун, кој не престанува да подарува... Полн масло од пченични никулци и какао путер да омекнат и збогатат.

    Достапен

    395MKD / 100g

  • Outback Mate накратко

    Outback Mate

    сапун за тело

    Чистота и радост содржани во едно парче сапун! За врвна чистина од вратот надолу, мешавина од еукалиптус, лимонова трева и пеперминт! Разбудете се со насмевка на лицето, или дозволете му на Outback Mate да ја заврши работата. Пеперминтот нежно ќе ја скокотка кожата, додека лимоновата трева е главниот виновник за добро расположение. Еукалиптусот ќе Ве прочисти и е одговорен за незаборавна свежина. Цела комбинација е најдобриот начин за свеж и нов почеток на денот, секој ден.

    Достапен

    330MKD / 100g

  • Pumice накратко

    Pumice

    сапун / пилинг за стапала

    SCRUB ME LIKE YOU DO!!! Две во едно, сапун и пилинг за отстранување на тврдите делови на кожата. Овој сапун е решен да го разбие тој втор слој на потврда кожа.  Со освежувачко масло од сладок портокал кој ќе обнови од прстите до петите на стапалата.

    Достапен

    350MKD / 70g

  • Raspberry Milkshake накратко

    Raspberry Milkshake

    сапун за тело

    Милкшејк полн прочистувачки лимон и малини... Но, за овој сладок десерт не ти е потребна чаша и цевка за да го вкусиш. Само истриј го по цела кожа, вкусувајќи го чувството на семките од малинки кои нежно ексфолираат и освежуваат. Бадемовото млеко е од посебните состојки кои ја омекнуваат кожата, притоа нежно чистејќи ја. Размрдај ја твојата секојдневна рутина на туширање со абсолут од ванила и масло од давана кои ќе те воодушеват со слаткоста. 

    Достапен

    550MKD / 100g

  • Respect Your Elders накратко

    Respect Your Elders

    сапун за тело

    Старешина од црни бобинки. Дрво од легендите, но и одличен начин да се опише овој магичен сапун со мирис на црна рибизла. Инфузија од бозел, боровинки и масло од олибанум создаваат моќна напивка против лоши мириси..  Respect Your Elders ќе ја остави кожата свиленкасто мека и неодоливо намирисана. Откако ќе се искапете со него, каде и да погледнете ќе може Вашиот поглед да го направите приказна... Па, така Ве советуваме да ги оставите приказните за добра ноќ, и да ги живеете бајките како секојдневен ритуал.

    Достапен

    330MKD / 100g

  • Rock Star накратко

    Rock Star

    сапун за тело

    Smells like teen spirit! Влезете во луда форма за танцување со овој кремаст сладок сапун. Rock Star ќе Ве однесе на ден лудување со својот носталгичен мирис на огромна плочка шеќерна волна.  Со фер тргуван апсолут од ванила, ќе Ве остави да се чувствувате слатко и подготвено за секој нов предизвик во денот.

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Sandstone накратко

    Sandstone

    сапун за тело со пилинг песок

    Песочен пилинг. Разведрувачки и за кожа измазнувачки цитрусен сапун кој Ви го носи умот на плажите во Бразил. Бранови од песок и мирис на масло од лимон ќе Ве транспортираат до тропска плажа каде со драго срце се пијат коктели.  Маслото од коријандер го буди умот, а потоа и кожата со овој песочен пилинг. Ова е совршениот сапун за во лето, или секогаш кога ќе посакате да се чувствувате ведро и среќно. 

    Достапен

  • Sea Vegetable накратко

    Sea Vegetable

    сапун за тело

    Смирете го духот и слушнете ги брановите... Сапун со морски алги богати минерали кој изгледа исто толку добро колку Вашата омекната кожа.  Ако не сте во можност рано наутро да се нурнете во морето, едно добро миење со Sea Vegetable е второто најдобро нешто што може да го направите за себе. Маслото од лаванда делува како антисептик и смирува, морската сол ексфолира а хранливата араме морска трева ја омекнува кожата исто како на бебе... Сите иритации како изгореница од сонце или каснувања од инсекти се минато. Маслата од лимон и лимета ќе Ве освежат и живнат.

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Sexy Peel накратко

    Sexy Peel

    сапун за тело

    Ослободете се од слоевите на умор. Цитрусен сапун полн ексфолирачки кори од портокал, лимон и лимета во комбинација со свежо исцеден сок кои како мешавина се одличен почеток на денот.  Ова е еден од нашите сапуни кои за најкратко време го разведруваат расположението. Свежите сокови од лимон и портокал се одлични за помасна кожа бидејќи природно ја чистат и се полни со овошни ензими кои ја балансираат кожата и го освежуваат тенот.

    Достапен

    320MKD / 100g

  • Strawberry whip накратко

    Strawberry whip

    limited сапун за тело

    Израдувајтемусе на овој сочен сапун полн со свежи јагоди, гераниум и јасмин поради тоа што ќе ве обвитка со мирисот на пролетта. 

    Достапен

    495MKD / 100g

  • Sultana of Soap накратко

    Sultana of Soap

    сапун за тело

    Најмекиот допир! Ако си ја чувствувате кожата посува од било која пустина, тогаш Sultana of Soap е оазата на Вашиот живот.  Полна сушени овошја: кајсии, брусници и рибизли кои се потопени во масло од олибанум ќе ја омекнат и смират кожата оставајќи кремава удобност и смиреност во расположението. Маслото од бергамот ќе даде сончево освежување на овој веќе богат сапун. 

    Достапен

    320MKD / 100g