СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Шумливи купки

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

 

Пред LUSH купките имаше само здодевна сол и коцки да се додадат во кадата полна со вода... Потоа се појавија нашите сверични чуда!!! LUSH купките беа направени да донесат луксуз во здодевната бања, подобрување на расположението со : мириси, ливчиња од цветови, морски алги, навлажнувачки путери... - изненадувања на сите начини за да се направи бањата достојна за трошење на вашиот заработен одмор. Нашите купки содржат етерични масла посебно одбрани за да го направат вашиот ден подобар а не само да ве забавуваат додека се раствoраат...

Опуштањето во када во Lush  се сваќа како многу сериозно а во исто време и забавно. Само вие добро сместетесе и потонете во некој оригинален Lush изум кој ќе експлодира со етерични масла, ливчиња од цветови и многу, многу шумење. Без разлика дали сте одбрале релаксирачка купка која ќе ве опушти и смири или некоја енергетизирачка “бомба“ која ќе ви го поткрене расположението и ќе менува бои додека уживате во када, секогаш крајниот ефект е ново совршено искуство. 

 

  • Avobath накратко

    Avobath

    шумлива купка

    Разбудете го телото и умот. Само помирисајте ја оваа купка со неверојатно освежителен мирис на лимонова трева и вашиот мозок ке се разбуди како утринска птица.Свежо органско авокадо,маслиново масло,масло од бергамот се неверојатната комбинација за екстра потхранувачко и поткревачко дејство.

    Достапен

    295мкд / 180g

  • Big Blue накратко

    Big Blue

    шумлива купка

    Вистински океан со морски алги во вашата када. Постои филм кој се вика " Big Blue" и огромна компјутерска компанија Big Blue. Но најдоброто под тоа име несомнено е Big Blue шумливата топка за капење инспирирана од океанот. Наполнете ја кадата онолку колку што е доволно да можете да си замислувате дека сте во океан и лебдете во неа. Дозволете и на лавандата која опушта и стимулирачкото масло од лимон, секојдневните грижи да ги заменат со длабоки, фундаментални мисли. 

    Достапен

    270мкд / 200g

  • Butterball накратко

    Butterball

    шумлива купка

    Aко имате сува и чувствителна кожа, тогаш ова е шумливата купка на Вашиот живот! Откога ќе се стопат парчињата какао путер, Вашата кожа ќе се обвие со лесна обвивка која мириса неверојатно добро. Маслото од иланг иланг се користи во ароматерапија за смирување на стрес и депресија, како и за релаксирање на централниот нервен систем. Ослободува од гнев, паника и страв.  Исто така оваа шумлива купка е легендарно добра за детската кожа. Омекнува, и е одлична за смирување пред заспивање. 

    Достапен

    195мкд / 95g

  • Dragon's Egg накратко

    Dragon's Egg

    Возбудливо, овошно, светкаво, мирисно!!! Наполнете ги батериите – зарем ви е потребно уште нешто ?

    наскоро

    295мкд / 180g

  • Green Coconut накратко

    Green Coconut

    jelly bomb

    Испловете на тропскиот остров на соништата. Легнете на топлиот песок додека топлото море ги освежува Вашите стапала, а освежувачкото ветре носи мириси на тропски овошја.  Влезете во када полна топла вода и во неа пуштете го да плови овој крал на кокосот. Желето опуштено се шири низ водата, омекнувајќи се’ пред себе. Негувајте ја кожата со крем од кокос и уживајте во топлината која ја пружа листот од цимет. Опуштете се и освежете се во Вашето мало парче рај.

    Достапен

    395мкд / 120g

  • Guardian of the forest накратко

    Guardian of the forest

    шумлива купка

    Достапен

    320мкд / 170g

  • Intergalactic накратко

    Intergalactic

    шумлива купка

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледало капење во длабока вселена? Поканете го космосот во вашата бања со оваа секси меѓуѕвездена бомба и станете заштитник на својата галаксија. Додека мoќниот мирис од освежителен пеперминт и развеселувачки масла од грејпфрут,ветиверт и масло од кедрово дрво ќе ве приземјат после интергалактичкото патување. INTERGALACTIC е  светкава убавица - ќе ве освои со првото користење и ќе сакате да ја пробате повторно! Ако сакате ултра - шаренa  бања ова е вистинската шумлива топка за вас.

    Достапен

    350мкд / 200g

  • Metamorphosis накратко

    Metamorphosis

    шумлива купка

    Симфонија од мрак и светлина. Ќе ослободи смирувачка смола од црн бибер и мирха за да се исчисти и смири душата. Пуштете ја во када полна топла вода, и како што темнината од ноќта се шири, топло изгрејсонце од цимет со портокалова, розова, жолта и зелена се шири и живнува. Oслободете се од старите навики и стапнете во нов свеж ден.

    Достапен

    320мкд / 200g

  • Over And Over накратко

    Over And Over

    шумлива купка

    Лансирајте ја оваа шумлива топка во вашата бања и подгответе се за нејзините живи, вртоглави движења!   Оваа енергична бомба со какао путер ќе се тркала во кадата полна со вода оставајќи зад  себе траги од живописни розови, портокалови и златно обоени струи. Маслото од лајм и анасон ќе ги разбудат вашите сетила што ќе ја направи оваа топка совршен почеток за една бурна и возбудлива вечер надвор (или внатре)!

    Достапен

    320мкд / 200g

  • Rocket Science накратко

    Rocket Science

    шумлива купка

    Лансирајте се во орбита полна мешавина од масла од бергамот и лимон. Вивнете се во прекрасната отсликана купка, прошарана со жолти и сини бои. Слетајте на површината на водата, опуштете се и уживајте во набљудувањето на оваа купка која со топењето нежно се движи. Ќе ја обожувате до месечината и назад!

    Достапен

    260мкд / 200g

  • Sakura накратко

    Sakura

    шумлива купка

    Прослава на пролетта... Експлозија од цветни мириси инспирирани од цутењето на јапонските цреши. Оваа шумлива купка е дизајнирана за да го разбуди оптимизмот кој доаѓа со првите знаци на пролетта. Смирувачките масла од мимоза и јасмин се придружени од маслото од лимон и цвет од портокал за да Ви се доближи мирисот на ова шаренолико годишно време.

    Достапен

    320мкд / 200g

  • Secret Arts накратко

    Secret Arts

    jelly bomb

    Кога се чувствувате дека со драго срце би дошле на темната страна... Дружете се со темната уметност и нурнете во када полна со топла вода и пуштете ја оваа желе шумлива купка. Додека се топи, вртоглава црна боја настапува и полека открива розева боја како љубовен напиток, додека маслото од цимет загрева и стимулира. Желето се шири по површината на водата, омекнувајќи ја кожата. Разведрувачко масло од бразилски портокал го подобрува расположението, а маслото од сладок бадем ја негува кожата. Опуштете се и издигнете се од пепелта како нов човек.

    наскоро

    395мкд / 120g

  • Sex Bomb накратко

    Sex Bomb

    шумлива купка

    Кога го имате тоа чувство дека сте уморни, под стрес и анксиозни... Тогаш Ви е потребно сензуално опуштање. Интензивната мешавина од јасмин, иланг иланг и жалфија наскоро ќе Ве опуштат и ќе го подобрат расположението... Јасминот е познат како афродизијак уште од антички времиња, се користел како сензуален парфем во Индија со векови и во ароматерапијата за опуштање од стрес и анксиозност. Жалфијата го прочистува умот, а иланг иланг е познат по тоа што Ве ослободува од Вашите грижи. 

    Достапен

    320мкд / 200g

  • The Big Sleep накратко

    The Big Sleep

    jelly bomb

    Нурнете се во нешто поудобно... На пример Вашата када? Кога ви е потребно сериозно опуштање, зграпчете ја оваа топка за успивање од лаванда и тонка.  Опуштете се во топлата вода, фрлете ја купката во кадата и уживајте под омекнувачката покривка од желе. Камилицата ја смирува кожата и умот, додека нероли помага да се чувствувате ведро. Добра ноќ!

    Достапен

    395мкд / 120g

  • The Experimenter накратко

    The Experimenter

    шумлива купка

    Имаме нешто да признаеме... Оваа купка е билетот до сопствен филм во бањата. Ви го покажавме нашето The Experimenter видео, сега Ви даваме шанса да настапите на сцена во живо, и да снимите филм полн боја. Ако сте во потрага по авантура - ќе ја најдете во оваа шумлива купка која е полна со живи бои, слатки кои пуцкаат и сладок абсолут од ванила. Романса полна енигма која содржи длабоки и комплексни ноти на ветиверт кои ги носат сетилата по тајна патека пред кремастите ванила и тонка да Ве ослободат со слаткиот противотров. Ќе најдете се’ што отсекогаш сте сакале да направите, па така во екот на плетка од пет сјајни бои, нема никогаш да посакате да ја замените.  Највозбудливата купка која некогаш настапила на сцена.  Неверојатна, сензационална... Ви ја претставуваме The Experimenter ! 

    Достапен

    350мкд / 200g

  • Think Pink накратко

    Think Pink

    шумлива купка

    Забранете го црното, изгорете го синото и закопајте го бежовото! Замислете бранови од фантастична фузија, извори од розево обоено масло, машнички полни вода богата со тонка, помислете на Vogue и размислувајте розево! Преслечете се во нешто подобро од било кога: јадро со слатка циклама боја која се разбранува како фин материјал и станува најдоброто искуство во бањата. Омекнувачко пченкарно брашно и луксузната ванила се спојуваат во облаци од миризлива пена - сензуална и омекнувачка прегратка. Дозволете нотите на карамела да Ве носат на облаци од софистицираност. Легнете, опуштете се и сонувајте за Холивуд. 

    Достапен

    320мкд / 90g

  • Turtle накратко

    Turtle

    jelly bomb

    Многу e тажен фактот дека морските желки секоја година умираат поради пластичниот отпад во океаните. Tие ги јадат пластичните ќеси мислејќи дека се медузи и многу ситната пластика која е заплеткана во морските алги.  Ако мислите дека пластичните пакувања се тотално без врска земете ја оваа Turtle jelly bomb без пакување и потопетеја во веќе наполнета када со топла вода. Ќе бидете многу помирни зошто ќе знаете дека нема да му наштетите на морскиот свет.  Влезете во кадата и покријте се со светло зелената прекривка додека желето кое што одлично ја омекнува кожата се распространува низ површината на водата. Маслата од чемпрес и сандалово дрво ќе ве скротат а маслото од бор ќе ве обвитка со свежина.

    Достапен

    350мкд / 120g

  • Twilight накратко

    Twilight

    шумлива купка

    Ако се почувствувате дека Ви бега сонот.. Оваа комбинација од есенцијални масла ќе Ви помогне да се подготвите за добар одмор. Како што Twilight плови по површината, бојата се затемнува како зајдисонцето и станува потемно, претварајќи ја водата во светкаво темно виолетова.  Мирисот е скроен само за да Ви помогне со заспивање: лавандата смирува, го прочистува умот која се користи во ароматерапијата за смирување на инсомнија и да поттикне мирен сон. Смолата бензоин и тонка Ве повикуваат на пијалок од млечна карамела помешана со добро бренди за дополнително опуштање.. 

    Достапен

    295мкд / 180g

  • Yellow Submarine накратко

    Yellow Submarine

    шумлива купка

    Отпловете со оваа подморница на тропски остров каде... Мирисот на кокос, портокал и лимонова трева нежно ѕиркаат низ стеблата и гранките додека сонцето полека заоѓа на хоризонтот.

    Достапен

    295мкд / 200g