СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Пенливи купки

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

LUSH пенливите купки се во цврста форма за да се избегне употребата на конзерваси и непотребни пластични пакувања. Едно парче пенлива купка содржи идеална количина на мириси, меурчиња и моќ кои ќе ви овозможат одличен третман со многу пена во стилот на холивудските филмски ѕвезди.

  • A French Kiss накратко

    A French Kiss

    пенлива купка

    Убава како француски бакнеж... Обвијте ја кожата во цветни бакнежи од свеж рузмарин и лаванда. Издробете под млаз вода за рајска бања полна со мирисите на Јужна Франција. Опуштете се како што полека Вашите грижи заминуваат, а екстра девственото кокосово масло се грижи за омекнување на Вашата кожа. 

    Достапен

    395мкд / 100g

  • Blue Skies & Fluffy White Clouds накратко

    Blue Skies & Fluffy White Clouds

    пенлива купка

    Медитативна култна купка од темјан и пачули. Blue Skies and Fluffy White Clouds е екстра голема пенлива купка со соодветно екстра големо име. Ја правиме дупло поголема за да можеме да додадеме доволно сина и бела смеса и да ја направиме во облик на ролат. Blue Skies има опоен, медитативен мирис на пачули, темјан и цимет кои ви пружаат алтернативен поглед на животот.

    потрошено

    450мкд / 200g

  • Brightside накратко

    Brightside

    пенлива купка

    Пенлива купка со тројна доза на цитрусни масла за малку сласт во вашиот живот. Кога наидувате на малку потемни денови во животот, не се грижете толку многу, па и потсвирнете! Скокнете во бањата со една од овие купки кои веднаш го подобруваат расположението. Маслата од мандарини од Сицилија, бергамот и тангерина се од огромна помош за да погледнете на светлата страна на животот! Интензивно светлите и игриви бои ќе создадат фантастична портокалова бања, а сончевиот мирис на цитруси ќе Ве освежи и расположи.

    Достапен

    450мкд / 200g

  • Bubble Spinner накратко

    Bubble Spinner

    пенлива купка-повеќе употреби

    Оттргнете ги грижите... Допуштете си да уживате во многу меурчиња со цитрусен мирис кои ќе Ве опуштат. Кога сте готови со правењето пена, тргнете го на страна за убаво да се исуши и да биде подготвен за да се расположите кога повторно ќе се чувствувате вознемирено.

    Достапен

    395мкд / 100g

  • Bunch of Carrots накратко

    Bunch of Carrots

    пенлива купка- повеќе употреби

    Замавни кон победа. Направи го времето поминато со купка во бањата како една од петте најважни работи што мора да се направат во денот. Што и да е причината за твоите грижи, отстрани ги со меурчиња и цитрусни прегратки. Држи ги овие неколку морковчиња под силен млаз вода за бања полна масла од сицилиски лимон, бергамот и бучу масла и кога ќе процениш дека имаш доволно пена - тргни ја на страна да се исуши до следниот пат. 

    Достапен

    395мкд / 150g

  • Citrus Are Doing It For Themselves накратко

    Citrus Are Doing It For Themselves

    пенлива купка

    Го размрдува расположението. За бања за која другите само ќе ти завидуваат, едноставно искрши ја оваа пенлива купка полна масла од грејпфрут и лимон под млаз вода. Густа пена од масла од лимета, лимон и мирта ќе се рашири по површината освежувајќи ја кожата и разведрувајќи го духот. Како што сонцето заоѓа во бањата, мурумуру и шеа путерите ќе ја омекнат кожата.  По оваа бања ќе посакувате уште и уште...

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Cream Egg - жолто накратко

    Cream Egg - жолто

    пенлива купка

    Како избра да го користиш твоето? Ако си во потрага по незаборавна бања, Cream Egg е една од можностите. Како што се крши оваа пенлива купка под млазот вода, ќе се прошири слатка арома од пеперминт и чоколадо. Фер тргуваните какао и шеа путери се топат, претворајќи ја водата во неодолива омекнувачка лагуна. Спеарминтот ја тонира кожата и го освежува расположението, правејќи да се чувствуваш од-лич-но. 

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Cream Egg - розево накратко

    Cream Egg - розево

    пенлива купка

    Како избра да го користиш твоето? Ако си во потрага по незаборавна бања, Cream Egg е една од можностите. Како што се крши оваа пенлива купка под млазот вода, ќе се прошири слатка арома од пеперминт и чоколадо. Фер тргуваните какао и шеа путери се топат, претворајќи ја водата во неодолива омекнувачка лагуна. Спеарминтот ја тонира кожата и го освежува расположението, правејќи да се чувствуваш од-лич-но. 

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Cream Egg - сина накратко

    Cream Egg - сина

    пенлива купка

    Како избра да го користиш твоето? Ако си во потрага по незаборавна бања, Cream Egg е една од можностите. Како што се крши оваа пенлива купка под млазот вода, ќе се прошири слатка арома од пеперминт и чоколадо. Фер тргуваните какао и шеа путери се топат, претворајќи ја водата во неодолива омекнувачка лагуна. Спеарминтот ја тонира кожата и го освежува расположението, правејќи да се чувствуваш од-лич-но. 

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Creamy Candy накратко

    Creamy Candy

    пенлива купка

    За сите кои сакаат мирис на слaтки колачиња со ванила. Ако во секојдневието без проблем посегнувате по слатко колаче за да се расположите, оваа пенлива купка ќе заврши работа за во бањата. Слаткиот мирис на шеќерна волна ја крева енергијата и расположува. Исто така ќе даде екстра хидратација, за разлика од обичната пенлива купка бидејќи содржи мешавина од бадемово масло и парчиња путер кои се растопуваат во водата, давајќи свиленкаста текстура на кожата. 

    Достапен

    250мкд / 100g

  • Fun for All the Family накратко

    Fun for All the Family

    пенлива купка-повеќе употреби

    Свежа лимонада за целото семејство! Заслади ги моментите во бањата со масла од лимета и сладок портокал и уживај во забавата што ти ја нуди оваа пенлива купка за повеќе употреби. 

    Достапен

    395мкд / 100g

  • Karma Bubble накратко

    Karma Bubble

    пенлива купка

    Инстант подобрување на расположението со нашиот препознатлив мирис. Маслото од сладок портокал освежува и го подигнува расположението заедно со маслото од лимонова трева. Лавандинот е во блиску сродство со лавандата и има слични својства на опуштање. Маслото од бор додава свежа, зелена нота на парфемот, додека пак маслото од елеми кое традиционално се додава за горење со темјан, додава комплексност и свежина. 

    Достапен

    370мкд / 150g

  • Milky Bath накратко

    Milky Bath

    пенлива купка

    Не плачете на истурено млеко - избањајте се во него! Шумливата купка која скромно ќе Ве смири... Во форма на мало шише за млеко, полна е со масло од портокал и млеко од соја за многу среќна кожа. Капачето од какао путер е тука за дополнително омекнување и хидратација.  Едноставно издробете ја под млаз вода за бања со мега меурчиња.

    потрошено

    275мкд / 100g

  • Mother of Pearl накратко

    Mother of Pearl

    пенлива купка

    Мириса како... Слобода. Кога ти здосадува да се маскираш во функционално човечко суштество, издроби ја оваа пенлива купка полна јасмин и цвет од портокал под млаз вода, легни во топла бања и криј се некое време од надворешниот свет.  Ќе се почувствуваш како да леташ на небо без ниеден облак како што свиленкастите мурумуру и шеа путери се топат во водата, омекнувајќи ја кожата. Разведрено расположение е на видик благодарение на абсолутот од мимоза кој доаѓа со цветно ветре. 

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Mum in a Spin накратко

    Mum in a Spin

    пенлива купка-повеќе употреби

    Немој да застанеш на нејзиниот пат. Ти се врти? Немој да се плашиш. Како голема и топла прегратка, меурчињата од тонка и лаванда ги релаксираат и најработливите луѓе. Само држи ја купката под млаз вода и отстрани ја кога ќе имаш доволно меурчиња. Како што ќе легнеш да се опуштиш во кадата, лавандата и иланг иланг се од голема помош за смирувачки здив и пат кон смиреноста и опуштеноста. 

    Достапен

    395мкд / 100g

  • Purple Drain накратко

    Purple Drain

    пенлива купка

    Кралска бања на повидок. Purple Drain, Purple Drain, I only wanted to see you bathing in the Purple Drain. Ако ти здосади да се чувствуваш тажно и сакаш да додадеш боја во секојдневието, искористи ја оваа купка за бања полна стимулирачки масла од црн бибер и каранфилче. Свиленкастите мурумуру и шеа путери се топат во водата омекнувајќи ја кожата, свежото масло од пеперминт освежува, оставајќи те да се движиш низ светот без тежина, лесно како воздух. 

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Rose Jam Bubbleroon накратко

    Rose Jam Bubbleroon

    пенлива купка

    Повеќе популарна и од турските серии е оваа купка полна со рози! Инспирирани од слаткиот мирис на турските рози, ја создадовме оваа пенлива купка кoја (се разбира) е преполна со турски рози. Покрај маслото и апсолут од рози, мирисот го обогатуваат и масло од гераниум и масло од сицилијански лимон. Нејзиниот изглед е инспириран од француските "macarons" , и тоа ја прави да биде исто толку неодоливо слатка на изглед како што е и на мирис, додека нејзиното конзумирање е вистинско задоволство за кожата и за умот.

    Достапен

    350мкд / 200g

  • Sunnyside накратко

    Sunnyside

    пенлива купка

    Преминете кон сончевата страна на животот капејќи се во злато. Пенлива купка која со магичен допир прави водата да стане златна со сјајни бранови, а притоа го исполнува воздухот со свежа арома полна ново расположение. Ќе се чувствувате сончево и расположено веднаш чим излезете од бањата... Мешавината од масла од сладок див портокал, лимон и тангерина ќе го збогатат денот и ќе внесат сончева светлина и на најтемните места. 

    Достапен

    395мкд / 100g

  • The Comforter накратко

    The Comforter

    пенлива купка

    Покријте се со мека кремаста овошна и недоливо латка постелнина од меурчиња. Понекогаш само Ви е потребно да се изолирате од надворешниот свет под прекривка полна овошна пена која ќе Ве освежи за повторно да излезете надвор. Оваа купка е со мега-големина, па така ќе треба само половина за да се направат доволно меурчиња за дооолго смирувачко време во бањата. Апсолутот од црна рибизла слатко освежува и успокојува, а маслото од бергамот е одлично за освежување на расположението. 

    Достапен

    450мкд / 200g

  • The Modfather накратко

    The Modfather

    пенлива купка

    Заборави го просечното! Оваа купка со освежувачки бразилски портокали е новото освежување.  Ослободи се од оделото кое го носиш на работа, тргни се од сите бројки и искрши ја купкава под силен млаз вода. Бранови цитрусни балончиња кои се внимателно создадени да ти ги ревитализираат сетилата.  Конечно можност да го преземеш тркалото на животот во свои раце. 

    Достапен

    295мкд / 100g