СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Jelly Bombs

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Are you ready for this Jelly?

Овие Jelly Bombs се создадени по внимателно избрана формула со една и единствена цел: дополнително да Ви донесат забава во бањата, а притоа се збогатени со екстракт од карагенен - морски алги кој ќе ја омекне и исхидрира кожата ко никоја шумлива купка досега. 

Уживајте во необичните и уникатни вртлози на бои додека навлегувате во мирисната арома-терапија и набљудувајте како со топењето површината на водата добива нова густина... 

  • Green Coconut накратко

    Green Coconut

    jelly bomb

    Испловете на тропскиот остров на соништата. Легнете на топлиот песок додека топлото море ги освежува Вашите стапала, а освежувачкото ветре носи мириси на тропски овошја.  Влезете во када полна топла вода и во неа пуштете го да плови овој крал на кокосот. Желето опуштено се шири низ водата, омекнувајќи се’ пред себе. Негувајте ја кожата со крем од кокос и уживајте во топлината која ја пружа листот од цимет. Опуштете се и освежете се во Вашето мало парче рај.

    Достапен

    395мкд / 120g

  • Marmelade накратко

    Marmelade

    jelly bomb

    Ве молиме да обрнете внимание на оваа желе купка... Бидејќи апсолутот од цвет од портокал се грижи да останете со добро расположение!  Влезете во када со топла вода и пуштете ја оваа разведрувачка мешавина на масло од бразилски портокал и масло од грејпфрут, па опуштете се додека желето не ја прекрие површината на водата омекнувајќи ја кожата и ширејќи радост. Без никакво сомневање, лошото расположение ќе исчезне!

    Достапен

    395мкд / 120g

  • Ready, Jelly, Go! накратко

    Ready, Jelly, Go!

    подарок

    JELLO FROM THE OTHER SIDE! Отпакувај го овој подарок за да откриеш нови начини за шарена бања. Четири Jelly купки кои ќе ја задоволат секоја желба за пријатно расположение.  Можеби се чувствуваш како да сакаш да побегнеш на тропски остров, потребно ти е цитрусно освежување за појадок, треба да се смириш за добар и лесен сон или пак да експериментираш со темната страна -  подготви си маѓепсувачка бања со овие шумечки задоволства. Во основата содржат Sodium Alginate што овозможува површината на водата да се прекрие со ќебе од желе кое одлично ја омекнува кожата.  Спакувани се во уникатна Knot Wrap марама направена од 100% органски памук.  Содржи: Green Coconut Jelly Bomb, The Big Sleep Jelly Bomb, The Secret Arts Jelly Bomb и Marmalade Jelly Bomb. 

    Достапен

    1 995мкд / 798g

  • Secret Arts накратко

    Secret Arts

    jelly bomb

    Кога се чувствувате дека со драго срце би дошле на темната страна... Дружете се со темната уметност и нурнете во када полна со топла вода и пуштете ја оваа желе шумлива купка. Додека се топи, вртоглава црна боја настапува и полека открива розева боја како љубовен напиток, додека маслото од цимет загрева и стимулира. Желето се шири по површината на водата, омекнувајќи ја кожата. Разведрувачко масло од бразилски портокал го подобрува расположението, а маслото од сладок бадем ја негува кожата. Опуштете се и издигнете се од пепелта како нов човек.

    Достапен

    395мкд / 120g

  • The Big Sleep накратко

    The Big Sleep

    jelly bomb

    Нурнете се во нешто поудобно... На пример Вашата када? Кога ви е потребно сериозно опуштање, зграпчете ја оваа топка за успивање од лаванда и тонка.  Опуштете се во топлата вода, фрлете ја купката во кадата и уживајте под омекнувачката покривка од желе. Камилицата ја смирува кожата и умот, додека нероли помага да се чувствувате ведро. Добра ноќ!

    Достапен

    395мкд / 120g