СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

КОСА

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Honey I washed my hair

    Marija

    Bozestven; retko veruvam vo reklami no za ovoj tvrd shampon, ni najdobrata reklama ne go dolovuva kvalitetot na ovoj produkt;

  • Caca Brun

    Aleksandra

    Odlicno...kosta e regenerirana sjajna i mirizliva

  • American Cream

    Андриана

    Регенераторот е одличен, не ја масти косата, а сепак и дава сјај и тежина и мириса прекрасно. Многу ми одговара после soak and float да ја маскира миризбата на шампонот. Текстурата е многу полесна од ...

  • Soak And Float

    Андриана

    Подолго време барав производ кој е делотворен против првут и кој го негува скалпот. Навистина сум задоволна од Soak and float,го чувам на суво после користење и шампонот трае многу долго, со редовно к...

  • New

    Ilka

    Шампонот е прекрасен!!! Го користев скоро 1 година само него,и од тогаш мојата коса навистина оживеа и покрај бојадисувањето и фенирањето.Прекрасни сте!!! ...

  • New

    Biljana

    Zdravo! Pred izvesno vreme go kupiv tvrdiot sampon za pobrz rast na kosata, pa bi sakala da se informiram vo vrska so negovoto koristenje. Potocno dali treba da go ostavam nekoe vreme da deluva na ko...

  • American Cream накратко

    American Cream

    регенератор за коса

    American Cream е регенератор за коса со јагода и ванила кои ќе и ја вратат живоста на вашата коса.  Најверојатно мислите дека го препорачуваме за густа коса која не била доволно негувана. Нашиот двоен регенератор е добар како за коса која е во лоша состојба така и за негувана коса на која само повремено и е потеребен третман. Косата ќе мириса на мед и ванила помешани со јагоди.  

    Достапен

  • Big накратко

    Big

    морска сол - шампон за волумен

    50% од Big е морска сол, мириса какао маргарита и дава многу волумен. Секогаш кога ќе го употебувате ќе се фалите самите себеси “Погледнете ја мојата прекрасно мека коса”. Како Биг тоа го постигнува? Содржи омекнувачка инфузија на морски алги како и морска сол и кокосово масло а морската сол ќе се погрижи да добиете плима од волумен. Додека го правевме знаевме дека ќе биде добар но сепак се изненадивме колку излезе фасцинантен.

    Достапен

    995мкд / 330g

  • Big Solid Conditioner накратко

    Big Solid Conditioner

    цврст регенератор

    Тврд регенератор за коса со близу 30% кокосово масло за да ја скроти и навлажни косата. Содржи и канделила восок и масло од јојоба за сјај и подобрување на состојбата на косата, масло од лимон за дополнителен сјај кој ќе го имате во изобилство, инфузија од морски алги за да ја чувствувате косата лесна а воедно да добиете и омекнување, изобилие од растителен глицерин за обложување и навлажнување на влакното и парфем од ванила, масло од ветиверт, апсолут од јасмин и масло од бергамот кој го прави овој регенератор прекрасен и неодолив.  

    Достапен

    395мкд / 50g

  • Blousey накратко

    Blousey

    банана шампон

      Шампон за кршлива, бланширана и често третирана коса. Содржи: банани : за екстремно омекнување и подобрување на состојбата на косата, пименто, цимет и ѕвездест анис за супер смирен и чист скалп. 6% купуаку и какао путер - купуаку путерот е совршена замена за ланолинот а во истовреме го прави производот вегански. Дел од овие путери ќе се задржат на косата со што таа ќе остана исхидрирана. Амониум лаирил сулфатот ќе ја измие косата темелно но нежно и совршено ја балансира целата формула на шампонот. Содржи и 15% растителен глицерин  кој останува на косата и се грижи влажноста од останатите состојки да навлезе во косата. Соја лицетин е  богат протеин кој го зајакнува влакното. Парфемот е направен од црни рибизли, масло од мајчина душица и масло од рузмарин - состојки кои дополнително ќе го изнегуваат скалпот и ќе го подобрат сјајот на косата. Главна носечка состојка се свежите органски банани. Банана дрвото (Myca paradisiaca) e огромно и долговечно. Стеблото се состои од обвивка од листови кои се силно притиснати еден до друг. Неговите цветови растат со пупките свиткани нагоре како прстиња и во еден куп неможе да има повеќе од дваесет. Некои дрва рагаат плодови и повеќе од 100 год.   *не содржи конзерванси

    Достапен

    1 495мкд / 240g

  • Brazilliant накратко

    Brazilliant

    цврст шампон за виткана коса

    Вистински карневал за виткана коса! Овој шампон потсетува на бразилското сонце. Цели свежи органски портокали се дел од составот, полни со хранливи состојки кои ќе дадат многу сјај на косата. Маслото од андироба дава богата хидратација, а особено добра кога се користи на виткана или афро-виткана коса. Додадовме масло од иланг иланг и масло од сладок портокал за цел ден да мирисаш на тропски мириси. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Caca Brun накратко

    Caca Brun

    кна за коса

    Суптилна кафе боја. Caca Brun е направена од црна и црвена кна, плус мелено кафе за темно кафеава сенка. Неколку дена косата ќе ви мираса на свежо еспресо. Маслото од цимет, коприва во прав и алги се за екстра сјај и мекост. Одлична е за луѓе со не одредена боја на коса. Нека вашата коса блесне во полн сјај.

    Достапен

    995мкд / 325g

  • Caca Marron накратко

    Caca Marron

    кна за коса

    Темно црвено-кафеавкаста и сјајна како нова паричка. Caca Marron дава темно црвена и богата кафеава боја, боја која предизвикува луѓето да коментираат. Навистина! Кафето дава јака, длабока кафеава боја а црвената кна дава сјај и темно црвена боја која привлекува внимание. Содржи диви тревки, билки, кафе и цимет за прекрасен сјај и неодолив природен мирис.

    Достапен

    995мкд / 325g

  • Caca Noir накратко

    Caca Noir

    кна за коса

    Чиста персијска кна помешана со индијско индиго  Тоа е древна индијска традиција да се меша црвена кна со ферментиран, исушен корен од индиго, за коста да добие јак темен сјај. Да бидеме искрени индигото е скапо, па затоа насекаде можат да се најдат кни со синтетичко индиго, но ние се држиме понастрана од таквите. Caca Noir на Lush содржи црна кна, како путер, црвена кна со пудра од индиго, мелено кафе, масло од каранфилче за мирис и ирска мов и алги за омекнување.

    Достапен

    995мкд / 325g

  • Caca Rouge накратко

    Caca Rouge

    кна за коса

    За црвена коса како зајдисонце. Ова е одлична црвена персијска кна со какао путер кој ќе ја исхидрира косата и ќе ја засили бојата, сокот од лимот и рузмаринот ќе и дадат дополнителен сјај а маслото од цимет мириса убаво и го негува скалпот. Само ова ви е потребно доколку сакате навистина црвена коса.

    Достапен

    995мкд / 325g

  • Curly Wurly накратко

    Curly Wurly

    кокосов шампон-сува и виткана

    Апсолутно прекрасно, без конзерванси, кокосов и ванилин шампон што ќе ги смири и скроти локните и заплетканите прамени.  Curly Wurly е преполн со природен хранлив кокос и купишта природни путери кои ќе ја изнегуваат и смират сувата и разлетана коса а истовремено ќе го спречат заплеткувањето.

    Достапен

    995мкд / 220g

  • Cynthia Sylvia Stout накратко

    Cynthia Sylvia Stout

    пивски шампон-сува и виткана

    Cynthia Sylvia Stout е направен од Ирско црно пиво. Црното пиво содржи белковини и на косата и дава тежина, мекост и хидратација – се она што и е потребно на виткана коса. Мириса необично , но сепак прекрасно како коктел од бренди, слатко пиво и лимон ја прави кадравата коса беспрекорно сјајна.

    Достапен

  • Daddy-O накратко

    Daddy-O

    шампон за плава/седа коса

    Ниеден шампон нема така раскошен мирис на темјанушки како Dady - O. Овој шампон е неодолив за сива и руса коса. Марк Константин е врвен трихолог кој прави производи за коса од природни состојки од моментот кога почна да му расте коса. Сега има сива коса па се реши на сите да им го подари овој негов одличен рецепт. Daddy – O на сите типови на коса им дава прекрасен сјај, така што и бринетите може да го употребуваат. Можете да го го користите и како гел за туширање за да целото тело ви мириса на темјанушки, рози и бергамот.

    Достапен

  • Damaged Hot Oil накратко

    Damaged Hot Oil

    третман со топло масло

    Можеби сакате да ја зацврстите косата, избегате од бланшот, да си поиграте со бои или само да се опуштите... Дозволете си себеси да имате еден слободен ден каде ќе се погрижите за Вашата коса со овој третман со топли масла. Како голем плус на екстра девственото маслиново масло за зајакнување на косата го имаме бадемовото масло и маслото од авокадо за екстремна хидратација. Вашата коса ќе биде подготвена на се’ што имате да понудите... Гуар гумата ќе го намали статичкиот електрицитет, додека апсолутот од ванила нежно ќе остави парфемски мирис и ќе ја направи неодолива Вашата коса.

    Достапен

    395мкд / 20g

  • Fairly Traded Honey накратко

    Fairly Traded Honey

    медов навлажнувачки шампон

    Омекнува и чисти, прави совршен баланс со што е погоден за места со тврда вода, го подобрува сјајот и е добар навлажнувачки шампон за секого. Овој шампон е направен со основа од 50% фер тргуван мед кој што навлажнува и дава сјај и 20% ленено семе. Покрај тоа содржи и здравец, пчелин восок, ружи, лимон и бергамот. *не содржи конзерванси.

    Достапен

  • Godiva накратко

    Godiva

    цврст шампон и регенератор

    Божица за косата. Нема потреба од скромност при признавање дека имаш неверојатно добра коса... Која ќе ја забележиш веднаш по миењето со овој шампон. Godiva ја чисти и регенерира косата со масла и путери од јаткасти плодови, а потоа ја остава косата полна мириси на јасмин. Ставивме многу путери и масла за покрај регуларното миење да ја регенерираме и омекнеме косата: какао путер, купуаку путер, шеа путер, масло од камелија, масло од макадемски орев и екстра девствено кокосово масло. Сметаме дека веќе нема потреба да се криеш дома... Слободно можеш да ги парадираш улиците со својата прекрасна и сјајна коса. 

    Достапен

    595мкд / 55g

  • H'Suan Wen Hua накратко

    H'Suan Wen Hua

    маска/третман за коса

    На сите понекогаш ни е потребна помош од богот на косата H’suan Wen Hua. Маска која ќе ја подобри состојбата на косата, сјајот и нејзиното тело. Во ова кутивче спакувавме се што е потребно да ја подобри состојбата на косата и да и го врати сјајот. Инфузија од ловор и поточарка, балсамичен оцет и масло од рузмарин за сјај. Свежи јајца и соја лецитин за протеини да се преструктуира косата. Ланолин, од овча волна за навлажнување слично како и природниот себум. Маслиново масло за подобрување на цврстината и еластичноста на косата. Масло од лист од цимет поради антисептичките својства. Свежи органски банани и авокадо поради нивното богато навлажнувачко, хидрирачко и омекнувачко својство. Овој производ се препорачува да се нанесе на коса и да се остави 20 минути, најдобро додека се опуштате во када за да заштедите на време. За навистина многу оштетена коса  го препорачуваме овој третман еднаш неделно во период од шест недели. Ние имаме производи за третман за “пред миење“ на коса, и тие имаат историја уште од времето кога Марк започнуваше со својата кариера и работеше како трихолог во моден салон за коса во Лондон. Марк често пати имал клиенти како модели од модните писти кои ги подготвувал за шоу или невести кои се подготвувале за нивниот голем ден, односно ситуации каде што многу бргу треба да се постигнат видливи резултати на подобрување на квалитетот на косата која што треба да биде стилизирана да изгледна најдобро, сјајно со еден збор совршено.  Тој го внесе целото тоа искуство во нашите третмани за коса, така што ќе можете многу брзо да постигнете видливи резултати.

    Достапен

    695мкд / 225g

  • Hair Custard накратко

    Hair Custard

    дресинг за стилизирање коса

    Се бори против статичкиот електрицитет, ја влажни костата и и дава доготраен сјај и форма. Луксузна избалансирана мешавина на протеини, масла и путери кои ја негуваат косата без да ја направат тешка и масна. Густата структура е добиена благодарение на новата состојка - восок од кора од портокал.

    Достапен

    895мкд / 100g

  • Hair Doctor Hot Oil накратко

    Hair Doctor Hot Oil

    третман со топло масло

    Обезбедете си неверојатно чувство на чистота со овој оживувачки третман за коса со топло масло. Полн е со длабоко прочистувачка фулерова земја, стимулирачко масло од пеперминт и рузмарин со своето антибактериско дејство. Маслото од камилица го смирува изиритираниот скалп, црвената к’на и ланолинот ја зајакнуваат косата и и’ даваат сјај. Маслото од јојоба и бадем, како и екстрадевственото масло од кокос даваат сјај и мекост.  Баш тоа што препиша докторот!

    Достапен

    395мкд / 20g

  • Happy Happy Joy Joy накратко

    Happy Happy Joy Joy

    регенеративен парфем за коса

    Регенерирајте ја вашата коса со бадемово млеко, масло од јојоба и вода од цветови од ружи и портокали. Вегански регенератор за доведување во ред и за навлажнување на сувата и разлетана коса. Содржи ружина вода и вода од цвет од портокали за разубавување на косата, бадемово млеко за зајакнување и навлажнување, масло од јојоба за дополнително хидрирање и сјај, масло од грејпфрут и лајм за освежување и сјај, парфем од апсолут од цвет од портокал, масло од ружино дрво, масло од ружи и масло од грејфрут за неодолив мирис и комплена нега.

    Достапен

  • Honey I washed my hair накратко

    Honey I washed my hair

    цврст шампон за коса

    Медени коси? За коса по која се вртат глави каде и да поминете. Со неодолив мирис на карамела, овој шампон ветува прекрасно намирисана коса. Полн со мед, омекнува и дава незаборавен сјај додека маслата од сладок див портокал и бергамот создаваат мирис кој ќе ги оттргне грижите од твојот ум. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • I Love Juicy накратко

    I Love Juicy

    шампон за масна коса

    При миењето на косата успешно ги отстранува маснотиите, лаковите и геловите за коса. Го отстранува дури и средството за дезинфекција кое се става во базените , а и разните препарати против перут.а со тоа косата не губи од сјајот и еластичноста.Тајната на силата е во контролата. Тајната на овој шампон се свежите овошни сокови од : ананас, папаја, киви и манго. Овошните ензими совршено ја мијат косата а морската трева ги храни влакната на косата. Има една многу важна разлика меѓу нашите шампони за масна коса и останатите, нашиот живее а останатите само егзистираат.

    Достапен

  • Jasmine & Henna Fluff-Eaze накратко

    Jasmine & Henna Fluff-Eaze

    маска/третман за коса

    Јасмин и инфузија од кна – за здрава, скротена и сјајна коса. Третман за пред миење, да се скроти разлетаната, виткана и сува коса а да се подобри сјајот. Во оваа маска спакувавме куп масла сите за зацврстување на влакното и лесно расчешлување: маслиново, од пченични никулци, бадеми, Бразилски орев, јасмин, соја, рицинус. Додадовме и масло од јојоба за убаво да го изнегува скалпот. Не го заборавивме ниту сјајот на косата па затоа додадовме инфузија од кна затоа што ништо не дава сјај колку кната. Куп дарежливи состојки кои се нанесуваат на сува коса и се оставаат 20 минути за косата да ги апсорбира а тие да си ја завршат својата работа. Најдобро е да ја нанесете додека уживате во када, кутикулите на косата да се отворат и да потонат внатре сите корисни состојки. Потоа измијте ја  косата со шампон. Многу полесно ќе расчешлата и ке и дадете тело на вашата коса. Со редовен третман ке ја скротите и нај дивата коса а витканата коса ќе ја заштитите од сушење. Оваа маска одговара на сите типови на коса, но посебно ја препорачуваме за третирана, виткана и коса со темна боја. 

    Достапен

    995мкд / 220g

  • Jason and the argan oil накратко

    Jason and the argan oil

    цврст шампон за светли тонови

    Добрата коса повеќе не е мит! Дали си во потрага по поцврста, посјајна и помека коса? Пробај го овој шампон полн арганово масло кој го дели мирисот со семејството мириси на Rose Jam. Аргановото масло во комбинација со глицерин ја омекнува косата, а сјајот што ќе го добиеш нема да го замениш со ништо. Од оваа цврста основа, абсолутот и маслото од рози го балансираат скалпот, правејќи ја оваа плочка совршена за осветлување и цврстина на косата. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Jumping Juniper накратко

    Jumping Juniper

    цврст шампон за масен скалп

    Добро утро, разбуди се! Совршен цврст шампон за миење на коса која има потреба од длабинско чистење и балансирање. Смреката го регулира производството на себум - природното масло на косата, притоа го чисти скалпот. Искористивме смирувачки масла од лаванда и антибактериско масло од рузмарин кои го смируваат скалпот. Маслата од лимон и лимета даваат сјај бидејќи им помагаат на кутикулите на косата да лежат рамно, овозможувајќи им да рефлектираат повеќе светлина. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Jungle накратко

    Jungle

    цврст регенератор за коса

    Тврд регенератор за сува,виткана и разлетана коса. Хелен Амборсон откри дека какао путерот ке се излизга по вашата коса за да ја направи помека а кога ќе го измиете да ја остави сјајна и мазна. Jungle ќе го чувствувате поинаку од течните регенератори. Се додека не го измиете нема ни да приметите дека сте го нанеле. А откога ќе се исплакне вашата коса од коренот до врвот ќе биде нахранета, мазна, сјајна а доколку е виткана ќе има прекрасно обликувани локни.

    Достапен

    395мкд / 50g

  • Karma Komba накратко

    Karma Komba

    цврст шампон-нормална, расплет

    Совршено намирисани прамени. Нежно чистење на косата, а луксузната мешавина од есенцијални масла од: лимонова трева, сладок портокал, лавандин, бор и пачули даваат совршен парфем. Маслото од елеми го балансира скалпот оставајќи го чист и свеж. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Lullaby накратко

    Lullaby

    цврст шампон за деца

    Будете се, спанковци! Смирувачката комбинација од камилица, мелени бадеми и овесно млеко го смируваат скалпот. Разведрете го расположението со масло од нероли од Тунис кое е докажано дека помага на лачењето на серотонин (хормонот на среќата)! Маслото и абсолутот од лаванда релаксираат и балансираат, идеално за деца од две години... Протријте на скалпот или протријте меѓу дланките за свилена пена и измасирајте. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Marilyn накратко

    Marilyn

    маска/третман за коса

    Било да сте природна или фарбана русокоса, Маrilyn ќе ви ја осветли, омекне а истовремено ќе и даде сјај на косата. Камилицата е тоа магично масло од кое се состои маската. Не прави чуда преку ноќ, но ако бидете упорни ви гарантираме дека косата ќе ви осветли. И додадовме и омекнувачко ленено семе, шафран и лимон, како и маслиново масло за еластичност. Дваесет минути под ова пакување, сламената коса ќе ја претвори во свила.

    Достапен

    795мкд / 225g

  • Marilyn Hot Oil накратко

    Marilyn Hot Oil

    третман со топло масло

    Marilyn е од голема помош за русите коси (природни и тие кои го постигнуваат тоа на друг начин) Помага да се зачува нијансата на бојата и го враќа сјајот на косата. Камилицата е од голема помош за природно осветлување на косата, додека органскиот сок од лимон ги поттикнува кутикулите да се наместат така што ќе рефлектираат повеќе светлина, што создава неверојатен сјај. Допирот од шафран ја интензивира бојата. Вашиот момент под рефлекторите ќе биде незаборавцен, благодарение на камилицата и лимонот кои природно осветлуваат.

    Достапен

    395мкд / 20g

  • Montalbano накратко

    Montalbano

    шампон за еластичност и сјај

    За неизмерно сјајна коса. Зелените маслинки и рузмаринот ќе ја подобрат цврстината и еластичноста на влакното а маслото од сицилијански лимон и сокот од сицилијански лимон ќе и дадат одличен сјај на косата од коренот па се до врвовите.

    Достапен

    550мкд / 55g

  • New накратко

    New

    против опаѓање, за растење

    Го стимулира скалпот и го намалува опаѓањето на косата. New не е чудотворен шампон од кој магично ќе Ви порасне косата. Тоа што го нуди е стимулирачко миење на скалпот и косата со цимет, каранфилче, коприва и нане кои ќе го успорат паѓањето на косата, а ќе стимулира раст. За најдобар ефект Ви препорачуваме да го искомбинирате со третманот за коса и скалп Roots и третманот со топло масло New за уште поинтензивен ефект.

    Достапен

    595мкд / 55g

  • New Hot Oil накратко

    New Hot Oil

    третман со топло масло

    Oвој третман со топло масло е посветен на коренот на Вашите желби. Маслото од јојоба и маслинки ја хидрираат косата, додавајќи сјај и зацврстувајќи го влакното. Освежувачкиот апсолут од рузмарин и коприва балансираат, а пак, маслото од ловор, од лист од цимет и каранфилче ги загреваат и стимулираат фоликулите, поттикнувајќи циркулација и поттикнувајќи раст на коса. Кога ќе му додадете вода, пеперминтот и коприва во прав создаваат инфузија која ги стимулира фоликулите и го намалува интензитетот на нивното опаѓање. Ве очекува нов свет на силна и здрава коса!

    Достапен

    395мкд / 20g

  • No Drought накратко

    No Drought

    сув шампон

    Сув шампон за брзо освежување на косата - без вода. Доколку сте на планина или на фестивал не размислувајте само препуштете му се на едно суво миење  на косата.  Иако сме компанија позната по прекрасните третмани за коса и не го одобруваме брзото мрзливо капење сепак не секогаш имаме време за тоа. Па затоа го измисливме сувиот шампон за брза уптреба помеѓу две ВООБИЧАЕНИ  миења! Содржи убав и лесен мирис на лимон, грејпфрут и зелен лимон кој ќе ве освежи и развесели. Фината пудра ќе ја апсорбира вишокот на маснотија од косата а со четка лесно ќе можете да се исчешлате. И покрај многуте барања за сув шампон долго време не сакавме да го направиме. Пред неколку години кога организиравме “Ден на нови пронајдоци”  сите менаџери на Lush продавниците  дојдоа во нашата фабрика и направија сув шампон кој го нарекоа No Drought-но не го пуштивме во употреба. На крај кога двајца наши муштерии ја посетија лабораторијата на Lush моравме да се предадеме. Една од нив сакаше да направиме сув шампон со лесен мирис кој ќе може да го носи со себе на фестивали во природа. Па голема благодарност до Лиза и до нашите менаџери.   Начин на употреба: Се нанесува дирекно на коса или прво на раце па во коса, убаво се растресува низ сите прамени. По две користења на сувиот шампон се препорачува косата да се измие со шампон и вода.        

    Достапен

    850мкд / 115g

  • R&B накратко

    R&B

    навлажнувач за брада и коса

    Скротете ја џунглата со R&B Тропските путери и канделила восокот ќе помогнат за хидратација и средување на разлетаната коса или на збеснатата брада.  Овој производ е одличен за многу виткана и многу сува коса, ќе ја изнегува и ќе и даде тело. Ние веруваме дека здравa коса е потребен и здрав скалп R&B ќе помогне и за многу сув скалп и проблематичните суви врвови. Вратете и го сјајот и телото на вашата коса! За здрава, мека, скротена и изнегувана брада третирајте ја со R&B, направен со екстремно богата мешавина на масла и путери кои ќе и дадат природна убавина. 

    наскоро

    995мкд / 100g

  • Rehab накратко

    Rehab

    шампон за фарбана и третирана

    Rehab е шампон за фарбана третирана, оштетена коса, коса која што била запоставувана и бара малку одмор и релаксација. Нема да му треба многу време на овој наш хранлив (мешавина на овошни ензими) и регенерирачки ( бадемово и маслиново масло) шампон да ја доведе вашата коса во витална и здрава состојба. Еднаш кога косата ќе ја почувствува нежноста ,мекоста и моќноста на Rehab нема да посака ништо друго, а вие ќе мора да ја послушате.

    Достапен

  • Retread накратко

    Retread

    тројно јак регенератор

    Retread е тројно јак регенератор кој и подарува нов живот на тажната, неуредна и исушена коса. Направен од свежи дињи, авокадо, млеко од соја и јогурт со намера на вашата коса да и ги обезбеди природните витамини и протеини наместо сомнителните синтетички замени. Во случај кога се работа за коса во навистина очајна состојба Retread навистина ќе и го врати здравјето и среќата. Најдобар е во комбинација со Rehab шампонот за коса.

    Достапен

    995мкд / 245g

  • Roots накратко

    Roots

    маска/третман за коса

    Наменета е за сите оние на кои им е поптребно будење на скалпот и ревитализација на влакното до самиот врв. Ги размрдува корењата, го зајакнува влакното и дава неверојатен сјај. На потенка коса ќе и даде волумен.  Содржи: свежа инфузија од минт која ќе ги стимулира фоликулите и ќе ја заштити косата од опаѓање, апсолут од коприва го стимулира и го негува скалпот, мед за да ја омекне косата и да и даде тежина, ладно цедено маслиново масло за хидратација, зајакнување и сјај, парфем од масло од сладок портокал, масло од нероли и апсолут од коприва - ке го измазни скалпот и ке го подобри сјајот на косата. Се нанесува на сува коса. Убаво се масира скалпот и се остава да делува 20 минути.

    Достапен

    995мкд / 225g

  • Sea spray - hair mist накратко

    Sea spray - hair mist

    спреј за коса

    За здрав природен и влажен секси изглед на вашата коса Спреј за коса со морска вода и морска сол за волумен, растителен глицерин за омекнување и влажност, апсолут од цвет од потокал, грејпфрут, нероли и ружи.

    потрошено

    795мкд / 100g

  • Seanik накратко

    Seanik

    цврст шампон за волумен

    Иако убавината понекогаш доаѓа во необични облици, секако нема да очекувате да ја пронајдете во цврст шампон со морско-плава боја, но ако ја побарате, ќе ја најдете. Seanik содржи состојки од морето: витамински богата ирска морска трева, јапонска морска трева Нори богата со протеини и омекнувачка морска сол. Лимонот и цветот од портокал темелно ќе ви ја исчисти косата, а мимозата и јасминот ќе и дадат сјај и неодолив мирис. Ете колку многу се грижиме за убавината и здравјето на вашата коса!

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Soak And Float накратко

    Soak And Float

    против перут /чусвителен скалп

    Ова е шампон за луѓе кои имаат перут! Ако веќе долго време Ве мачи сува кожа и перут, како и здодевно чешање... Овој шампон во себе содржи масло од рози и ливчиња од невен кои делуваат смирувачки на скалпот, додека маслото од смрека делува балансирачки. Апсолут од тонка омекнува, додека апсолутот од бор ќе смири дополнително. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Sugar Daddy - O накратко

    Sugar Daddy - O

    регенератор за плава/седа коса

    Регенератор кој што е добар за коси со светли тонови. Комбинацијата од маслиново масло, мароканско арганово масло и масло од јојоба ја негуваат косата и и ја даваат потребната влажност на сувата и фарбана коса. Лененото семе се додава да ја омекне косата да не изгледа како слама што често се случува кај премногу бојадисаната коса. Овој регенератор оди во комбинација со најпродаваниот течен шампон Daddy-O кој русокосата и седата коса ја осветлува и освежува. 

    наскоро

    395мкд / 45g

  • Sunny day накратко

    Sunny day

    спреј за лесно расчешлување

    Антистаички спреј за лесно расчешлување (отплеткување) на косата. Покрај убавото тело на косата овој спреј ќе и подари и прекрасен мирис на темјанушки.  За полесно справување со проблематичната коса прекрасна, ефективна мешавина на мед, свеж сок од лимон и иланг илан.

    Достапен

    795мкд / 100g

  • Superbalm накратко

    Superbalm

    третман за скалп

    Имате проблеми со перутање на кожата на главата?. Тогаш вистинско време е за Superbalm, третман за скалпот. Superbalm помага за сите проблеми на скалпот. Се што треба да направите е да го втриете препаратот меѓу дланките , да го нанесете на скалпот за да отстои најмалку 20 мин. Ви препорачуваме после овој третман косата да ја измиете со Soak and Float шампонот. Лавандата, чајното дрво и пеперминтот од кои е направен производот ослободуваат од бактериите кои предизвикуваат перут и дополнително го негуваат скалпот.

    Достапен

    895мкд / 45g

  • The Plumps накратко

    The Plumps

    цврст регенератор

    Посакувате коса која блеска со сјај и волумен? Тоа и ке го добиете со овој регенератор преполн со кедрово масло ,мед и морска сол.

    наскоро

    350мкд / 50g

  • Veganese накратко

    Veganese

    регенератор нормална-масна

    Регенератор од нормална до мрсна коса. Поминавме многу години пробувајки различни комбинации на свежи состојки за да на крај го добиеме тоа што го сакавме. Veganese е резултат на долгогодишниот труд на Хелен да направи посебен регенератор кој ќе биде наменет за веганите а кој ќе делува како било кој друг. Со рузмаринот, лавандата и агарот, вашата коса ќе биде мека и сјајна и без вообичаеното додавање на ланолин.

    Достапен

  • Yuge Hot Oil накратко

    Yuge Hot Oil

    третман со топло масло

    Сакате вистински факти за овој третман со топло масло? Морската сол дава волумен - факт. Маслото од јојоба дава сјај - факт. Гуар гумата обновува - факт. Се’ на се’, пружаат нега и дополнителен волумен - факт. Ќе мора да платите за тоа искуство - факт.

    Достапен

    395мкд / 20g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите.  Ова кутивче е одлично за чување на цврстите шампони.

    Достапен