СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Цврсти шампони

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Honey I washed my hair

    Marija

    Bozestven; retko veruvam vo reklami no za ovoj tvrd shampon, ni najdobrata reklama ne go dolovuva kvalitetot na ovoj produkt;

  • Soak And Float

    Андриана

    Подолго време барав производ кој е делотворен против првут и кој го негува скалпот. Навистина сум задоволна од Soak and float,го чувам на суво после користење и шампонот трае многу долго, со редовно к...

  • New

    Ilka

    Шампонот е прекрасен!!! Го користев скоро 1 година само него,и од тогаш мојата коса навистина оживеа и покрај бојадисувањето и фенирањето.Прекрасни сте!!! ...

  • New

    Biljana

    Zdravo! Pred izvesno vreme go kupiv tvrdiot sampon za pobrz rast na kosata, pa bi sakala da se informiram vo vrska so negovoto koristenje. Potocno dali treba da go ostavam nekoe vreme da deluva na ko...

Уште од првите денови на LUSH се прават цврсти шампони, пред се зошто се без конзерванси а во исто време се заштедува на непотребното пластично пакување кое би предизвикало и повисока цена. Ова се едни од најефикасните чистачи и негувачи кои некогаш сте ги ставиле на коса. Пронаоѓачи на овие шампони се Хелен Амбросен, Мо и Марк Константин. Тие многу внимателно работеа на оваа формула се со цел шампоните да одговораат на вашите потреби а притоа да ги решат вашите проблеми. Цврстите шампони не содржат конзерванси, немаат пакување и се лесни за транспорт секаде каде што ќе ви биде потребно. Тие се победник на " THE BEST GREEN PACKAGING AWARD 2008". Нема по “зелено“ пакување од тоа да се биде без пакување !

  • Avocado Co-Wash накратко

    Avocado Co-Wash

    цврст шампон и регенератор

    Дајте шанса на најдобрата измислена мешавина! Заборави на сите грижи и обиди за хидратација и скротување на твојата дива, жедна и виткана коса! Овој регенератор со шампон за миење коса полн свежо авокадо, маслиново масло и јаболков оцет е вистинскиот избор. Нежно ја чисти косата без да ги отстрани природните заштитни масла. Ако се чувствуваш подготвено да пробаш, влези под туш и протриј парче од овој шампон низ косата (или прво истриј помеѓу дланки за свилена пена, па нанеси на коса). Измасирај за убаво да се нанесе по цела површина и потоа исплакни за свиленкаста и исхидрирана коса.  Ако уште не те убедивме, веднаш ќе те маѓепса мирисот на цитруси со слаткото масло од бергамот кој ќе го чувствуваш во текот на целиот ден.

    потрошено

    495мкд / 100g

  • Brazilliant накратко

    Brazilliant

    цврст шампон за виткана коса

    Вистински карневал за виткана коса! Овој шампон потсетува на бразилското сонце. Цели свежи органски портокали се дел од составот, полни со хранливи состојки кои ќе дадат многу сјај на косата. Маслото од андироба дава богата хидратација, а особено добра кога се користи на виткана или афро-виткана коса. Додадовме масло од иланг иланг и масло од сладок портокал за цел ден да мирисаш на тропски мириси. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Godiva накратко

    Godiva

    цврст шампон и регенератор

    Божица за косата. Нема потреба од скромност при признавање дека имаш неверојатно добра коса... Која ќе ја забележиш веднаш по миењето со овој шампон. Godiva ја чисти и регенерира косата со масла и путери од јаткасти плодови, а потоа ја остава косата полна мириси на јасмин. Ставивме многу путери и масла за покрај регуларното миење да ја регенерираме и омекнеме косата: какао путер, купуаку путер, шеа путер, масло од камелија, масло од макадемски орев и екстра девствено кокосово масло. Сметаме дека веќе нема потреба да се криеш дома... Слободно можеш да ги парадираш улиците со својата прекрасна и сјајна коса. 

    Достапен

    595мкд / 55g

  • Honey I washed my hair накратко

    Honey I washed my hair

    цврст шампон за коса

    Медени коси? За коса по која се вртат глави каде и да поминете. Со неодолив мирис на карамела, овој шампон ветува прекрасно намирисана коса. Полн со мед, омекнува и дава незаборавен сјај додека маслата од сладок див портокал и бергамот создаваат мирис кој ќе ги оттргне грижите од твојот ум. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Jason and the argan oil накратко

    Jason and the argan oil

    цврст шампон за светли тонови

    Добрата коса повеќе не е мит! Дали си во потрага по поцврста, посјајна и помека коса? Пробај го овој шампон полн арганово масло кој го дели мирисот со семејството мириси на Rose Jam. Аргановото масло во комбинација со глицерин ја омекнува косата, а сјајот што ќе го добиеш нема да го замениш со ништо. Од оваа цврста основа, абсолутот и маслото од рози го балансираат скалпот, правејќи ја оваа плочка совршена за осветлување и цврстина на косата. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Jumping Juniper накратко

    Jumping Juniper

    цврст шампон за масен скалп

    Добро утро, разбуди се! Совршен цврст шампон за миење на коса која има потреба од длабинско чистење и балансирање. Смреката го регулира производството на себум - природното масло на косата, притоа го чисти скалпот. Искористивме смирувачки масла од лаванда и антибактериско масло од рузмарин кои го смируваат скалпот. Маслата од лимон и лимета даваат сјај бидејќи им помагаат на кутикулите на косата да лежат рамно, овозможувајќи им да рефлектираат повеќе светлина. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Karma Komba накратко

    Karma Komba

    цврст шампон-нормална, расплет

    Совршено намирисани прамени. Нежно чистење на косата, а луксузната мешавина од есенцијални масла од: лимонова трева, сладок портокал, лавандин, бор и пачули даваат совршен парфем. Маслото од елеми го балансира скалпот оставајќи го чист и свеж. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Lullaby накратко

    Lullaby

    цврст шампон за деца

    Будете се, спанковци! Смирувачката комбинација од камилица, мелени бадеми и овесно млеко го смируваат скалпот. Разведрете го расположението со масло од нероли од Тунис кое е докажано дека помага на лачењето на серотонин (хормонот на среќата)! Маслото и абсолутот од лаванда релаксираат и балансираат, идеално за деца од две години... Протријте на скалпот или протријте меѓу дланките за свилена пена и измасирајте. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Montalbano накратко

    Montalbano

    шампон за еластичност и сјај

    За неизмерно сјајна коса. Зелените маслинки и рузмаринот ќе ја подобрат цврстината и еластичноста на влакното а маслото од сицилијански лимон и сокот од сицилијански лимон ќе и дадат одличен сјај на косата од коренот па се до врвовите.

    Достапен

    550мкд / 55g

  • New накратко

    New

    против опаѓање, за растење

    Го стимулира скалпот и го намалува опаѓањето на косата. New не е чудотворен шампон од кој магично ќе Ви порасне косата. Тоа што го нуди е стимулирачко миење на скалпот и косата со цимет, каранфилче, коприва и нане кои ќе го успорат паѓањето на косата, а ќе стимулира раст. За најдобар ефект Ви препорачуваме да го искомбинирате со третманот за коса и скалп Roots и третманот со топло масло New за уште поинтензивен ефект.

    Достапен

    595мкд / 55g

  • No Drought накратко

    No Drought

    сув шампон

    Сув шампон за брзо освежување на косата - без вода. Доколку сте на планина или на фестивал не размислувајте само препуштете му се на едно суво миење  на косата.  Иако сме компанија позната по прекрасните третмани за коса и не го одобруваме брзото мрзливо капење сепак не секогаш имаме време за тоа. Па затоа го измисливме сувиот шампон за брза уптреба помеѓу две ВООБИЧАЕНИ  миења! Содржи убав и лесен мирис на лимон, грејпфрут и зелен лимон кој ќе ве освежи и развесели. Фината пудра ќе ја апсорбира вишокот на маснотија од косата а со четка лесно ќе можете да се исчешлате. И покрај многуте барања за сув шампон долго време не сакавме да го направиме. Пред неколку години кога организиравме “Ден на нови пронајдоци”  сите менаџери на Lush продавниците  дојдоа во нашата фабрика и направија сув шампон кој го нарекоа No Drought-но не го пуштивме во употреба. На крај кога двајца наши муштерии ја посетија лабораторијата на Lush моравме да се предадеме. Една од нив сакаше да направиме сув шампон со лесен мирис кој ќе може да го носи со себе на фестивали во природа. Па голема благодарност до Лиза и до нашите менаџери.   Начин на употреба: Се нанесува дирекно на коса или прво на раце па во коса, убаво се растресува низ сите прамени. По две користења на сувиот шампон се препорачува косата да се измие со шампон и вода.        

    Достапен

    850мкд / 115g

  • Seanik накратко

    Seanik

    цврст шампон за волумен

    Иако убавината понекогаш доаѓа во необични облици, секако нема да очекувате да ја пронајдете во цврст шампон со морско-плава боја, но ако ја побарате, ќе ја најдете. Seanik содржи состојки од морето: витамински богата ирска морска трева, јапонска морска трева Нори богата со протеини и омекнувачка морска сол. Лимонот и цветот од портокал темелно ќе ви ја исчисти косата, а мимозата и јасминот ќе и дадат сјај и неодолив мирис. Ете колку многу се грижиме за убавината и здравјето на вашата коса!

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Soak And Float накратко

    Soak And Float

    против перут /чусвителен скалп

    Ова е шампон за луѓе кои имаат перут! Ако веќе долго време Ве мачи сува кожа и перут, како и здодевно чешање... Овој шампон во себе содржи масло од рози и ливчиња од невен кои делуваат смирувачки на скалпот, додека маслото од смрека делува балансирачки. Апсолут од тонка омекнува, додека апсолутот од бор ќе смири дополнително. 

    Достапен

    550мкд / 55g

  • Trichomania накратко

    Trichomania

    шампон за сува или виткана

    Кокосов шампон кој и ја враќа влажноста на сувата коса и ги скротува разлетаните локни.

    Достапен

    295мкд / 100g

  • Wash Behing Your Ears накратко

    Wash Behing Your Ears

    цврст шампон - limited edition

    Чувствувај се неодоливо! Без разлика дали имаш кратка или долга коса, права или виткана, препушти се на нејзиното миење со овој цврст шампон. Маслата од морков и лимон прават детоксификација, оставајќи ја косата да свети најсјајно досега. Јаболковиот оцет го чисти и балансира скалпот, а маслото од лимонова мирта ќе те испрати на долг среќен пат. 

    Достапен

    495мкд / 55g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите.  Ова кутивче е одлично за чување на цврстите шампони.

    Достапен